Вакви регресивни размислувања немало ни во селата пред ренесансно доба. Eдна зборува како проститутка претставува жена која често менува партнери, друга ја демантира со зборовите ,,Па, океј е да имаш колку сакаш, се додека не ги менуваш брзо'', додека трета се надоврзува на сето тоа и вели како всушност, проститутки не треба да бидат нарекувани меракликите, туку исклучиво оние жени кои се "пикаат" во туѓа постела. Епа, ајде одлучете се сега, кој од наведениве "радњи" е најприкладна за овој малограѓански ептитет, зошто парадоксално и субјективно пристапувате кон "проблемов". Всушност, ваквите дискусии мене воопшто не ме изненадуваат, напротив, ми претставуваат потсетник за тоа каков менталитет владее(л) во времето на социјализмот и сега. Ме тера да го вкусам шмекот на овој кутар малоформиран режим исполнет правила кои се сѐ само не морални, а се така квалитетно впиени во умствениот склоп кај луѓето, за ниту еден систем да не може да ги побие или уништи. Најглупаво од сѐ е што истите доаѓаат од искомплексирани жени кои во обид да ги затскријат своите психички недостатоци и "обелат" својот образ "лејбрираат" други. И после момците биле виновни, а не е така. Вистината е дека повеќето момци само го следат женскиот "flow" во однос на овие морални дилеми, што заради билдање на егото, што заради погрешно научените општествени лекции, но не и поради фактот што нив бројот на партнери кај жената, или ширината на нејзините полови органи ќе им направи некаква битна разлика во животот. Уште потажно е што сексот наместо да биде перципиран како чин на уживање, па макар бил и во неограничени хедонистички размери, бива тема на расправа и осудување, и тоа кај секој трет млад поединец во државава. Акцентот го ставам на ова (млад) од причина што рајата која доживува старост, може до некаде да разберам зошто ги има овие дилеми, стравови и размислувања во однос на сексот. Ама за млад човек кој не растел долго време под Титовата закрила, ваквите ставови се веќе симптоматични. Покрај толку контрацептивни средства, и воопшто средства за елиминација на СПБ и несакана бременост, сеуште да се пребројуваат сексуални партнери, да се бараат црни секс листи, и изнаоѓаат мал милион причини за сексот да се оценува како девијантно однесување е знак на неедуцираност и ограниченост, дури во крајни граници и механизам за контрола, или репресија која obviously сосем солидно функционира на макро ниво. После бараме еманципација и сексуална слобода. Со кого, каде, во Македонија, Босна, Србија со рандом тетка Драгица чиј пост "долу еманципација" доби преку илјада одобрувања, наспроти 10 критики? Yeah, sure.
Бабо радо изгледа е овој http://tocka.com.mk/vesti/258693/krivicna-prijava-protiv-88-godisen-starec-za-obid-za-siluvanje Само сега ништо
Што би рекол големиот Кики Голубовиќ, џентлмен не се фали. Епа веројатно сте чуле за еден од најдобрите кошаркарски центри на сите времиња, Вилт Чембрлен. Плус минус, тој сум.
Три, со првите две не беше ништо посебно, мислам дека беше повеќе грижа за валидација зависно од перформирање, фактички имаше фактор егото со првите две партнерки, и ловот беше поважен од исходот и фокус со цел, третата партнерка беше многу подобро поради искрена комуникација и напуштање на егото, без фокусирање на оргазам, подобро е кога е во моментот и се реагира подеднакво од двете страни, тогаш исходот е позитивен и задоволството е взаемно.