Ми пријa тoa штo имa искуствo и е дoбaр у кревет a и у истo време ми е тешкo дa се пoмирaм сo тoa негoвo минaтo
Ако ти е тешко да се помириш, тогаш не е за тебе.. Партнерот се сака со срце и душа, со прифаќање на неговото минато и планирање на заедничка иднина.. Ако сега нешто ти смета, или помири се или остави го човекот
Гo сaкaм, oнa чувствo кoa сме зaеднo се гушкaме и глеaме филмoви и чувствувaм некoј спoкoј.. Не мoжaм дa гo oстaвaм ќе гo уништи тoa, прoбувaм дa се пoмирaм сo тoa
Не знам што ти мења тоа дали си му осма или сто девеес осма за вашата врска сега и во иднина, али океј. Може имате и некои други underlying issues.
Си му кажала дека не можеш да се помириш со бројот на неговите партнерки? Како реагирал? Веројатно не си му рекла ама сепак.. Само ќе се измачуваш, ти и вака го уништуваш.
Му имaм кaжaнo, и ми имa кaжaнo декa тoa е минaтo a не сегaшнoст и тoa минaтo гo нaпрaвилo вaкoв кaкoв штo е и декa требa дa се пoмирaм сo тoa
Епа нормално е да ти смета. Ти си била скроз невина, нему не му се вртат во глава мисли за тебе дека со некој не знам што си правела во кревет. А, ти можеш да мислиш на неговите бивши, со која што правел, како правел. Не може да ти е сеедно. Многу нормално е да ти пречи и не е лесно како што ти вели некоја ај избриши го минатото. Ај бе нека си го избришат нивното ако се бришело така лесно. Ама не се бриши. Затоа, никој не ти го одзема тоа право да бираш и пребираш и да одлучуваш самата со кого сакаш да си. Па не може да ти е сеедно дали е невин, со 2 жени или со 10. И овие што се прават дека им е сеедно, еве ги пребираат. И за тоа дека има искуство, не е точно, зошто оние кои се еден маж само со една жена и обратно тапа се в кревет? Тоа не е математика, па ајде се вежба, па не знам што. Сексот е нешто многу природно, ти доаѓа спонтано како да правиш, што да правиш и само по себе што си со некој кој го сакаш ти е убаво. А, техниката како техника, најлесна работа, и со тој еден се учи. Поважни се чувствата.
Многу драма правите за глупости. А од кај да знаеш дека со првиот ќе ти се погоди? Апстинира еве, без разлика дали машко или женско и се заљубува, се' супер, имаат секс, по некое време, врската се распаѓа од икс причини. И шо треба сега? Да си врзат чалма? Не 10, скоро 20 партнери сум имала, исто и маж ми.. И не ми е проблем, ама ич. Како што викаш: сексот е природна работа, а сексуалниот нагон се јавува уште во пубертет... тоа е на 12-13 години. Ако сакате да избегнеме имање повеќе партнери, треба да стапуваме во брак уште на 15. За случајно на некој/а да не му текни да се изе*а, и да направи.. замисли што! историја
Никој не рече кој со колку треба да биде и со кого да оди. Муабетот е дека секој има право да пребира со кого да е. Кола купуваш и сакаш да си прв сопственик, или втор ете на старо поефтино е, а не пак во интимна врска !!! Во екндхенд продавница не сакаш да влезиш, демек носиш само ново, а за партнер и 20 жени да имал? За мене тоа се испревртени вредности, ама ЗА МЕНЕ. Значи тоа е мое размислување. Не наметнувам некому да мисли поинаку, ама имам право да мислам и живеам така. Мене ми пречи да бил со 20 на пример и точка. Ако некому не му пречи, изволте, нека повели. Затоа и си се избираат кој со кој, секој според своите проценки.