слушај сега вагината може да се рашири толку да излезе од нејзе бебе од 4 кг и после тоа да се стесне толку за да ставиш тампон и да не паѓа едукација ви се молам партал била
Ејјј па ја партал сум значи ако е така, пошто дечкоми понадарен е малце а и почесто имаме секс. Срамотилаци бе кај ми е паметот. А вас не ви станува потенок бе од триење? Како што кажа членката, која е разликата 1000 пати да се сексаш со еден и да имаш со 10 различни души? Разликата е што во едниот случај може да се претвориш во вреќа за болести, тоест поголем е процентот да се заразиш а партал нема да биде вагината во никој случај.
Имам 27год и имам еден партнер. И не, не се правам светица. Жално шо во ова "модерно време" се помали стапуваат во односи и мислат дека со тоа нешто постигнале, стварно е жално.Мене ми е исто и за машки и за женски, на ист ранг со многу партнери. ЈАс не можам да го сфатам често менување на партнери и одење за една вечер. Треба и малку телото да си го цениш, а не со секој ајде. САмо секој различно си сфатил, аха 21век сме па ајде да навалиме.
Може не можеш да разбереш затоа. П.с. имам такви познати што си го ценат телото. Ене ги по 50 години немажени останаа.
Не, ти не можиш да разбериш изгледа ти е чудно да има човек еден партнер, и тоа според тебе е глума. По која твоја логика бракот се растура ако си имал пред тоа еден пратнер ? Поглупо од ова амин. Ова изгледа некој нова статистика е твоја, треба пола град да го свртиш и машко и женско исто, па бракот ќе цвета после, мм како било
Прво вреѓаш и се воздржувам да не ти вратам во иста мера. Ако ти цениш дека треба да останеш со еден партнер, или ако сметаш дека еден партнер ти е доволен, партнерот ако си му прва ќе си рчне на страна. Очигледно у илузија живееш ти. И ако ти сметаш дека е твоето правилно, баш ми е мило јас што си го пронајдов мојот сопруг кој страшно ми одговара сексуално, психички и карактерно. Ама не ми е прв. И ич не ми е гајле. Битно е да ми е последен и доследен. Имам прашање за тебе. Оти живеев како тебе у заблуда. Имав долгогодишна врска, мислев ќе ме земе за жена ( замисли каква простача сум била) и на крај кај стигнал варал, ми раскина и си останав со илузиите у рака. Ако ти раскине партнерот, нема да легнеш веќе со никој?
Значи мора да се растураш со кого стигнеш за да бидеш во тек со времето, а ако имаш еден партнер тогаш си светица и глумица или нешто ти фали. Кој знае со какви се дружите. Преиспитате ги тие ваши "познаници". П.с. И на машко ако си му прва не значи дека ќе оди после со други. Не се животни мажите. Кој знае вие со кого се гледате, некои со ниска самодоверба што немаат контрола врз емоциите и чувствата.
Како прво јас никаде на навредив туку одговарав на твоето мислење погоре. Друго јас никаде не пишав дека треба требало да ти биди прв со тој шо си во брак. Не преувиличувај тема! Хахха ох господе, јас па најдов со кого да коментира. Ич ти да не се секираш за мене, свашта, таа се најде да кажува за мојот парнтер и шо ќе правел. ДА си се гледаш себе си и гледај си за твојот партнер, дека ти не се затрупена, како збор. И да не ме цитраш повеќе. НАпадот е најдобра одбрана! И од после си допишала, извини јас не сум таа која треба да ти одговорам.
Точно е, ама па еве на братучетка ми првиот и пренесе кандида. :/ Затоа и зборам. А дека треба да имаш осет и усул треба.
Епа процентот е помал како што кажав, ама не се ни исклучува. Сепак постои можност. Дури и први да сте еден на друг ако не се води хигиена може да дојде до бактерии и болести.
Колку и да се воздржував на претходните одговори, морам да кажам дека поголема глупост од болдираното немам прочитано. Ако ти си имала лошо искуство не значи дека сите машки или сите женски кои имаат по еден партнер ќе се "растураат" наоколу. Не си била простача, тој испаднал простак со однесувањето. Не правиме муабет дека ако ти раскине дечкото не смееш да имаш друг или уште пет други, правиме муабет дека тоа не е мерка на затупеност што би рекла ти Нема потреба да се навредуваме, како што очекувате да нема осуди и навреди за некој со повеќе партнери, не треба да има и за со еден. Имајте убав ден
Ама не знам зашто мислите дека ја ќе се навредам ако Вашето мислење е различно од моето ?Знаеш како ти пиша, а членката како почна муабет? Дека не прочитала нешто поглупо (мада и ти пиша, ама надоле постот ти го простува погорното) . Ако нејзе и е глупаво моето, мене ми е глупаво нејзиното. Коа ќе вреѓа,нека се спрема да биде навредена. Ако сака цел живот нека е со еден, ако сака 500 нека помине, може тука само некои да се поискрени , некои да глумат повеќе, а тоа не го мења фактот дека мн се преувеличуваат работи. Ако некој мисли дека некоја што имала 2,3,4 партнери, па и више е за неа ваква или таква ,за некои тие со еден партнер може да значи дека толку можат, конечно најде за неа, или се заглавени у некој заостанат век... Има буквално различни случаи,различни карактери и различни размислувања. Нити судам, нити ми е гајле, ама коа некој ќе ме суди богами и те како знам да му вратам. П.с. и мене ми е глупост може нечие размислување па не го вреѓам чоек док прв не навреди. Сите имаме прсти да пишеме и уста да кажеме. Поготово ние жените.
Јас од старт од првото мислење не се согласувам, затоа што напиша некои работи врз основа на твое искуство/искуство на познаници а сепак се однесуваа на сите. И тоа без некој да ти се обрати лично тебе. Ти кажи си мислење за тебе, можеш и без да ги навредиш тие што прават поинаку од тебе.
Да бидеме реални...мажите повеќе се замараат со тоа со колку легнала партнерката пред нив. #несумчаснасестра