Ти мене не можеш да ми забраниш да споделам искуство од мој личен живот што сум видела. Плус нити тебе те тагирав, ни некоја друга членка. Тоа што си се пронаоѓате бре луѓе е смешно. Јас не се навратив на сите мислења кои се против она ја што го мислам за да се расправам. Не ме гаѓа едноставно. Немој. Некој ќе ти се пронајде одма у хаштагов и очи ќе ти ископа.
Ти не кажа, јас исто знам дека не кажав ама одма замерки се наоѓаат. А моето мислење за ова е дека да, сакаат да се први, ама се' да знаат и да прават. А не се задоволни и не се покаже женатау кревет ја утепуваат од оговарање со друштво. Израснав со машки другари и знам што муабети вртеле. Тоа само се кажуваше . Која каква е, што знае, дали е добра и сл. Мн се преувеличува и кај нив, ама коа сум била на само се кажувале други работи. Мажите се поголеми трачари и од жените. И па ќе кажам ова си е мое искуство, не мора да значи дека сите исто размислуваат и прават.
Ммм значи тие шо си го ценеле телото, биле не мажени, ова значи навалете растур правете. Не значи дека ако тебе некој те повредил и си имала лошо искуство и те изневерувал, дека и тие шо имаат еден партнер ќе ги снајди истото. ЈАс не знам како можите така да осудувате, тие шо имале по еден партнер после наоколу ќе шетале, мислам многу нз како да го наречам какво мислење. Браво
Ае го потековте Ебете се и со 10 ако сакате во исто време и остајте ги и заостанативе да поминат цел живот со еден патлак ако им се погодило така. Знаете што ме чуди? Зашто нели сте МОРАЛЕ да бидете со повеќе од еден, така пишаа некои. Значи без разлика што врската им е убава, чисто од досада морало. У реду ај. Ама ако убаво ви иде со првиов што правите? Раскинувате, пробувате со двајца еве, сфаќате дека првиов е најокеј од сите и одите и му викате Срце извини, ипак најдобар си бил ако уште си сингл да се смириме а? Ги пробувате сите и ги чувате за резерва дур не се изживеете? Сериозно, како иде тоа градење искуство?
Ниту се пронаоѓам ниту ти забранив да споделиш искуство не знам кај прочита такво нешто. Џабе се објаснуваме. Прочитај си ја и последната реченица и што тврдиш кога веќе болдираш од првиот одговор. Сепак осудуваш и навредуваш личности без разлика што се познаници или членки. Убаво напишав сè во мојот прв коментар и не дискутирам повеќе.
Дечки, короната ве мавна по нерв? Ај смирете страсти, не се навредувајте меѓу себе..ниту цели категории луѓе. Имам разбирање за се, ама се во рамките на културното изразување. Фала ви
Ова стварно нема врска со реалноста. Некои стапуваат во сексуални односи и после 30-тата година. Не се сите sex brainwashed, има доста луѓе кои дури после 35 имаат само еден или двајца сексуални партнери. Ништо чудно и изненадувачки. И само да знаете, не се умира без секс.
@Stark не кажвај дека имаш секс имано, ја брукаш државата дека има слаба секс едукација. Он топик: не се глупирајте. Сериозно. Се ова е избор. Ако некој има 1 не мора да значи дека лажи, или дека мора да оди со барем уште еден. Ако некој има 20, пак не значи дека лажи. Другарка ми е во врска 6 години и еден ѝ е и толку се сакаат и си одговараат шо јас не мислам дека та ќе има друг. Јас од друга страна до сега еден ми е, ама ете раскинав после 4.5 години и во иднина ќе имам уште барем еден. Можи поќе. Ни моето не е грешно, ни нејзиното. Избор е. Али ако мислите дека некој со еден лажи, или дека друг со 20 лажи, мислам дека проектирате. Остајте секој да си прај како сака. Впрочем, оти ве интересира кој со колку луѓе се еби? Не се пикајте толку во туѓа интима. Остајте сите нека се исполнуваат сексуално. Секс е. Не виша математика.
Ајде да објаснам, ова е од машка гледна точка, нормално не сите али поголем дел вака мислат: Машките ја сакаат играта на недостижност. Ценат да го освојат нештото а не да е гага за ништо дадено. Мене лично не ми смета колкава е бројката, нормално да не ги шие порно ѕвездите. Од тука следи синдромот : да бе ќе ме озборуваат ако ја фатам за женска, дека повеќе души ја легнале Не заборавајте, сепак на машките им е потешко да стигнат до секс, за разлика од девојките. Познавам многу луѓе каде што машкото има помал број секс партнери за разлика од девојките. Изгледот нема врска во случајот. Машките не се замараат толку дали ќе биде таа девојка неговата последна партнерка за секс, да сакаме секс ама дали нас помал поширок потенок, вашата подлабока, потесна, поширока. Повеќе се базираме на среќа и љубов. Барем лично за себе си зборувам за овој дел. Сум имал и невини и девојки со поголем број на секс партнери, и немало некоја разлика за мене за да ги третирам поинаку. Најбитно е да се осеќа исто како што и ние. И да нема превари нормално. Respect за сите и нивните гледишта, немам против вашите одлуки и желби.
Па добро да има и асексуални луѓе јас зборувам за мене од моја гледна точка што гледам како се одвиваат работите во мојата околина другарки, другари, колешки ...
Не беше постот за асексуални луѓе, туку за луѓе кои доцна стапуваат во сексуални односи. Постои разлика. Патем, само да те информирам дека ако покасно се има секс, (со 25+) не значи дека си асексуален, тоа е стереотип.
Не ми е чудно кога слушам ни со 1 партнер, ни со 30. Не се ниту едните часни сестри, ниту другите курви. Не разбирате дека сексуалноста е различна кај секого и дека не може сите луѓе да се такви какви што сте вие. Нема потреба од психоанализи. Ако на 25 години се омажиш и до крај на животот ветуваш дека ќе си само со тој 1, зошто ви е чудно дека некој цело време има само 1? Ако можеш 50 години во брак да си само со 1, нема што да е чудно. Некои и во брак сакаат со друг да имаат секс. Не им е доволно само со партнерот. Различни луѓе различни желби.
Маж што сака прв да е за мене лично е слабак. Бројот ништо не ми значи. Ни мојот, ни на маж ми, ни на швалерот, ни на било која личност. Сеедно.
Не е можно да се искаже мислење без да се осудува и категоризира На некој му е само за секс на друг романтики итн. Што е битно ако е обострано? Јас сум искрено повише за отворени врски. Не ми се чекало и не му давам некое свето значење на сексот. И на зборот курва. Дали ќе чекам до брак или ќе имам однос кога сакам не ми се оцртува на чело, така? Правете што мислите дека е добро за вас. И нема потреба од придржување до некои социјални правила пошто не се баш некое големо мерило на чесност. Не може да е почесен оној кој ме осудува за да се издигне себеси барем ја така мислам и ќе продолжам да мислам
I? Devojki so kolku ste imale do sega? Ja okolu 15, so ogled na toa sto imam 28god... hahaha ne znam kako kje me sfatite sega