Ne e poentata za da ti smeni nesto licno na tebe ili bilo koj, gluposti... Zenski muabet/tema e ova Sto ima loso vo toa da si spodelime nie devojkite?
И машко кое нема девојка. И женско кое нема девојка. И машко кое нема дечко. и така навака, и така натака
Интересна тема... Не осудувам никого, само ме интересира вие со двоцифрени бројки, сите ве привлекувале за да можете да се соблечете пред 20 мажи? Некако не знам, чудно ми е ... Немате некакви емоции после секс (да се поврзете со личноста и сл.) Јас 2 и тоа имам веќе 30ка Поздрав до сите, да не ме сфатите погрешно, не осудувам никој само не знам како ви доаѓа да им се соблечете на толкава бројка..
Јас така, цел си ставив. 365, секој ден да се соблечам После ми текна дека годината е престапна, па после на 29 февруари шубе ми беше ама сепак се соблеков. Еве, 139 до сега, само годинава. Вечер пак ќе се соблечам. Поздрав до тебе, да не ме сфатиш погрешно, не те осудувам, само не знам како може да не се соблечеш пред спиење. Јас секоја вечер се соблекувам. Еднаш се поднапив на една прослава и со фустанот заспав, и еднаш еден хотел на екскусрзија кога бевме многу гаден ми беше па не си ни легнав. Имам по некој таков пропуст, инаку редовно се соблекувам секоја вечер. Нема шанса со истите алишта со кои сум била преку денот во кревет да си легнам.
Некој може да одвои емоции од секс, а за задоволување на нагон лесно е соблекувањето. Башка, не мора ни цела да се соблечеш.
Искрено не ја судам бројката на никој... Познавам и такви со по 1 или 2 Познавам и со по 5-6 и со по 15 и тави со по 50 и 100 и преку сто, а и такви кои се асексуални Вистина не им пишува на луѓето на чело со колку биле ама овие преку 20 (обично првична цифра за тие што имаат околу 50 пошто пред секој и не им е згодно да ја кажат цифрата) се на некој начин со малку пореметена емоција според мене. Едноставно не им судам но мене така ми делуваат.(несакам да навредам туку си го кажувам тоа што на некој начин го имам сфатено) Исто и со тие кои имале еден или ниеден сексуален партнер незгодно им е и нив. Се срамат некогаш да го искажат тоа во смисол да не бидат нападнати со тоа дека не се изживеани. Како и да е секој си има право на сопствен избор во животот и како ќе живее со добрите или лошите последици после се. Нема идеална бројка... идеалната бројка си ја одредуваш само ти според начинот на твоето размислување и твоето животно искуство. Само ти можеш да одлучиш кому ќе дозволиш да те допре и зошто си одлучил. Некој сексот го доживува како полесно спојување на две тела во едно.(сака да го прави тоа со емоции) Некој едноставно од физиолошка потреба. На некој му е забавно и ужива. Некој можеби поради некаква причина е принуден. А на некој можеби му е и хоби... итн итн...
Машала, машала Јас вакви со 100 и преку 100 искрено не познавам п.с. Не прочитавме никаде ти со колку сексулани партнери си била п.п.с. Не судам нит јас, секој има право да прави што си сака, само да се надоврзам на муабетов