Па не се многу 3ца. На 18 имав прв пат секс, ама до сега сум имала 17 партнери (од кои две жени). И не мислам дека е голема бројка.
Не мора ти да имаш секс на 16, ако ти изгледа рано. Сите ќе одлучиме за себе си. ама ако некому е ок, кои сме ние да им кажиме дека 'не е нормално'?
Тука ќе се согласам со тебе. За жена 25-30+ години океј да има повеќе. Сексот е составен дел од врската, повеќето имаат повеќе врски во животот па така и поголем број на сексуални партнери. Сака да каже дека е малце премногу на тие години така брзо да се менуваат сексуални партнери. Без конфликти само. За вкусови и ставови на вакви теми не се расправа.
Шо знам... гледам причина за грижа, ако си повредена од оние со кои си имала секс. Ако било консензуално, не се чувствуваш 'оштетено' или 'обезретнето', не е никаков проблем.
Си побара мислење дали е во ред или не е. А јас си кажав дека не ми е во ред и не гледам проблем во тоа што го напишав. за мене 16 години е рано поради тоа што тогаш сме и психички и физички недозреани и пубертет не дрма. Ама како се напредни генерацииве машала и на 13 почнуваат. Не знам зашто се брза се наеднаш да се проба во животот кога има време за сесепак секој си одговара за себе.
Престанете со тоа 'на 13 почнуваат'. Истиот муабет го слушам од јас ко бев на 13.... Не. 99% не почнуваат на 13.
Нема сврха да и кажеш на некоја дека многу партнери имала до сега па макар и 16год девојка да е... може само да се депримира па да пишува после како не и се живеело, како не требало тоа да го стори итн итн Многу често читам такви работи за жал..
Не е за моето мислење какво е. Зборувам за факти кои се потврдени. А ако гледаш така, на времето на 14 ги мажеле, на 15 веќе имале детенце. Е тоа е проблем. *Ја замислувам ќерка ми со дете. то ти е дете, со дете Тоа е голем проблем у ствари. Набивање на вина. а кај нас за се' ќе ти набијат вина. Ако си имала секс, оти си имала. Ако си немала секс, оти си немала Цел свет има мислење за тоа како јас/ти треба да правам/иш
Оооо немој да мислиш дека сите со сила ги мажеле. Мајками и тетките со радост кажуваат како на 16-17 години биле невести. Во право сте и двете ама до некаде. Океј е кај одредени ситуации да се има повеќе партнери ама мислам дека сепак треба на тие години да бидеме посталожени. Знам по мене еве. За 1 месец 18 полнам. Ме маваат бубачките на моменти и ми иде да не пропуштам ниту една шанса. Ама кога ќе размислам поубаво сфаќам дека може последици да има многу. Знам еве случка со другарка, има дечко и нормално секс имаат. Излегуваме ние и и се пушта друг, вечерта оди со него, дечкои дознава и на крај без двајцата останува, сама. Од таа причина мислам дека на тие години треба да се контролираме.
Не сакам да ме сфатиш погрешно онака те прашувам затоа што знам дека имаш ќерка. Што и рече во врска со сексот кога да почне? Да сака на 15 би и дозволила?
Тоа што другарка ти не разбира што е почит, нема врска со возраста... Да ти кажам приказни за такви на моја возраст кои се во иста ситуација како другарка ти... ехее...
Ама не е исто "кој како сака" на 16 и 26 години.На 16 години сме сѐ уште збунети и поубаво е некој да ти укаже дека нема потреба од брзање за односи со секој дечко што ќе се појави отколку да ти рече прави како ти одговара.На таа возраст не ни носиме одлуки чисто по наша желба ниту пак сме разумни.Значи да, и јас би ја посоветувала дека секс со 3+ луѓе на 16 год не е баш најокеј.
Праша ..не објаснувам ? Не објаснуваш Пошо често идеш од крајност во крајност, ретко нзс ти наоѓаат па не секој може да те разбере