1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку секс-партнери сте имале досега?

Дискусија во 'Секс' започната од SweetDoll, 13 декември 2009.

?

Колку сексуални партнери сте имале досега?

  1. 1

    792 глас(а)
    32,2%
  2. 2

    315 глас(а)
    12,8%
  3. 3-5

    452 глас(а)
    18,4%
  4. 6-10

    201 глас(а)
    8,2%
  5. Над 10

    261 глас(а)
    10,6%
  6. Сè уште не сум имала односи

    437 глас(а)
    17,8%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Инсистирам да биде барем на 16, а потајно навивам за 18.

    Ама знам дека не зависи од мене и дека ќе го направи тоа, тогаш кога таа ќе сака.
    Знајш дека си во право за то...
    Треба поќе да обрнам внимание на изразувањето.

    Почитувам сечиј избор, се додека нема повредени.
    Деца под 18 сметам дека би имале само штета, а корист не.
    Ама разумот ми кажува дека може да е и на 16 и дека не можам ништо да сменам, ако некој така одлучи... па дури ни за ќерка ми.

    Прагматизмот ми е производ на тоа што сум свесна дека немам контрола врз туѓото однесување...
     
    На Bezimenka90, Annath и Dust им се допаѓа ова.
  2. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    24.757
    А што има врска оваа ситуација со годините? И на 18, и на 30, и на 40 може да се случи истото.
     
    На La profesora, Annath, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jana_♡

    Jana_♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Да да знам, ама на тие години многу полесно се прават такви грешки. Сепак човек не е ист на 16 и на 25+ години. Повеќето. Некои засекогаш остануваат заглавени во тинејџерските години. Некои пак ги мава втор пубертет.
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски
    За некои луѓе едноставно тоа не се грешки...
     
    На Annath, WildMk и Jana_♡ им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Леле колку не е точно ова.

    Се' и сешто сум чула.. од луѓе кои биле директно инволвирани во вакви 'грешки'
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jana_♡

    Jana_♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Може, знам дека може. Ама на 16 многу почесто и полесно прават такви грешки. Немаат искуство, ги понесува моментот, маваат хормоните и тоа е тоа. За исклучоци не збориме бидејќи секаде и во се постојат.
    Јасно, ама тука сме мислење свое да си кажеме. Само дискутираме. Ако нив не им е проблем и им е убаво што на 16 години имале 3 партнери за секс мене па ич не ми е проблем. :sun:
     
    На Traveler91 и Dust им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ете гледаш кога е за свое дете не е баш така. Затоа што јас имав другарки што многу рано почнаа. Нивните ќе се истресеа и клоца у гз после и она ќе биде курвата и се шират муабети,етикети итн. Мали се уште и не сфаќаат колку е сериозно тоа и машките се многу безобразни и недозреани за тие години и не знаат да ценат девојка.Зар би сакала некој така да се зафркава со твое дете? Секако дека не. А веќе над 18 кога е никој не се замара.
     
    На Glowy, Need for Speed, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не само за моето дете.
    За секое дете под 18 го мислам истото.

    ама пак ќе напоменам, дека не зависи од мене.

    *За муабетите и етикетите, искрено, ич не е битно.
    Етикети ќе добиваш додека си жива.
    Не е поврзано со тоа дали и со колку партнери си имала секс, туку со самиот факт дека си жена.

    Не си чула да наречат 'курва' и таква која никогаш немала секс?
    Епа јас сум чула.
     
    На La profesora, hermosa, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Да ми рекле курва а јас и ден денес невина. Ама тие етикети може дете од 16 години многу трагично да ги сфати знаеш дека психата на тие години и над 18 не е иста..
     
    На Traveler91, Need for Speed, quattro и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Искрено и на 18 мислам дека тешко ќе го доживеат некои... јас на пример.
    Многу ми беше криво за муабетите, од кои да напоменам, повеќето не беа воопшто вистина.

    ... како тргнало, ќе речам дека и на 25 е рано да имаш секс :D
     
    На Biljarkata, arabella_ и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Еј сега.. на 25 е касно :rofl:
     
    На WildMk и Jana_♡ им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Сакам да можам да ги заштитам младите од секоја болка која животот е можно да им ја приреди.
    И да ти кажам една тајна... тоа чувство ми стана посебно силно заради ќерка ми.
    Гледам колку се ранливи и наивни...
     
    На Bezimenka90, Annath, Jana_♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ayton

    ayton Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2021
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Машки
    primerna devojka
    posle mazite ne cinele
     
    На Jana_♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.380
    Допаѓања:
    200.808
    Пол:
    Женски
    Немаат врска годините со хормоните. И на 30+, и на 40+ може така лудо да те мавнат, не со еден, со тројца да завршиш во иста вечер. И да, не е полесно на 16 години да направиш таква грешка, полесно е кога си повозрасен, оти не те кочат истите работи што те кочат кога си тинејџер, поточно, ставовите ти се менуваат како зрееш и старееш.

    Ако некоја имала тројца партнери за 6 месеци на 16 години, тоа е нејзина работа и е ок со тоа, сепак проблемот е несигурноста. Па, зборува со другарки за тоа и ѝ кажуваат дека не е во ред. Почнува да се преиспитува дали е во ред, прашува на форум, и тука истото ѝ го кажуваат.... А никој, ама баш никој нема право да го кажува тоа, оти никого не го засега дали е нешто во ред или не сѐ додека никој друг директно не е засегнат или повреден од нејзините одлуки. Ако нејзе ѝ е во ред, и не мисли дека погрешила што го направила тоа, зошто нам би ни било проблем? Мене лично ми е проблем тоа што не е доволно едуцирана, а не што имала секс со тројца за 6 месеци на 16 години.
    А кај возрасни ја нема таа несигурност и не ги боли што мислат другите за тоа што го прават.

    Се додека има двојни аршини и дискриминација, така ќе биде. Што се мажите подобри од жените да го пикаат кај стигнат, оти им се може и мажи се, а жена Боже сачувај очи од земја да подигне и да погледа некого, камоли да легне со него. Одма етикети се лепат ако имала тројца партнери за краток период. Мислам, кој си ти да решаваш кој каков е според бројот на партнери? |(
     
    Последна измена: 16 јули 2021
    На La profesora, Glowy, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Машки
    Јас кога бев мал на 16 години беше срамота да имаш тоа. :$
     
    На wildqueen, Плавуша123 и MarianaBT им се допаѓа ова.
  16. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Машки

    хаха јас на 16 години се уште играв жмурка, и баш ми е гајле ако некоја или некој имале секс на истите години, искрено позабавно детство така имав него да се акам од земја дал ќе биде бебе или не ( а имаше случаеви каде врсници си имаа трудни девојки)
     
    На Luna91, Martka, Плавуша123 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Демек не сакавте да имате секс на 15?
    Не ви се пружала прилика, а за сакање, сакавте...
     
    На La profesora и MarianaBT им се допаѓа ова.
  18. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    А зошто да е на 25 години касно? Сите теми од оваа група ги избегнувам ама некогаш коментарите ви се врв на простотилокот. Зошто оваа на 16 мала била, зошто оваа на 25 диносаурус е?
    Зошто секогаш осудување и исмевање и за 2те страни? Од каде знаете каков им е животот и што им се случувало. Можеби некоја сретнала супер дечко на 16 и одлучила да има односи.
    Друга се одлучила да иде на фах, сака да работи или незнам што па ете на 25 се почувствувала спремна. Ако се лошо третирани и повредени и на 2те возрасти ќе се почувствуваат исто толку лошо. Ако за некој биле само sex toy на билокоја возраст ќе се почувствуваш лошо.
    Да ако е малолетна може полесно да е изманипулирана, ама тоа не значи дека истото не може да и се случи и на повозрасна.

    И веќе престанете со тоа до 18 треба однос да имаш, до 23 да завршено фах и сериозна врска, до 25 бебе да имаш, на толку години ова да имаш, а на толку она, итн. Побогу 21 век на женски форум, а од сите страни осудувања и исмевање од жени.

    Да не се разбереме погрешно не е лично кон тебе мислењето, но ти ги спомена годините па се надоврзав.
     
    На La profesora, littleflower, Glowy и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Lengerda

    Lengerda Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    За жена се секогаш 2 - првиот и последниот.;)
    Освен ако не се истата личност.
     
  20. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    7.966
    Пол:
    Женски
    Нема врска ова
     
    На WildMk и Jana_♡ им се допаѓа ова.