Колку се вреднувате на пазарот на трудот?

Дискусија во 'На работното место' започната од Cka, 1 декември 2018.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    80.618
    Што мислите за себе, колку вредите на пазарот на трудот? Дали сте доволно образовани, доволно искусни, обучени, познати, за да бидете посакувани на некое работно место? Дали мислите дека имате уште за учење или сте научиле се што треба? Каде сте во хиерархијата од вашата струка во земјава или странство? Дали ако денес дадете отказ сте способни уште утре да добиете работа или да започнете свој бизнис ?
     
    На referentka, Jas! и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.290
    Mnogu prasanja, aj ke se obidam edno po edno da gi odgovoram ama iskrajno , toa ocekuvam I od drugite.

    Што мислите за себе, колку вредите на пазарот на трудот?
    Mozam Jas da si fantaziram kolku sakam ama vistinata na pazarot na trudot e odreden od momentalnata globalna ekonomija.
    Vo momentov rabotite stojat bas, bas krizno. Svetska cena na benzinot, gasot i naftata. $ 18 za barel :sweat: ima golem udel ako ne I okrsen.
    Baska mojata profesija ima golemi sezonski oscilacii.

    Дали сте доволно образовани, доволно искусни, обучени, познати, за да бидете посакувани на некое работно место?

    Sekogas ima mesto za doobrazovanie, se nemozam da znam, menjam firmi I sekoja ima novi programi, postojano ucam ama nikogas ne e dovolno, Moze uste I ke moze uste I koga ke bidam 30 god vo taa profesija. Kolku brzo odi naukata so sigurnost nikoj nemoze da ja prati vo cekor.

    посакувани на некое работно место?
    Pa sekoj bez sekogo moze.
    Sekogas ima podobar od mene, tebe,...
    Ova prasanje samo blogeri go postavuvaat, stvarnosta vo industrijata e sosema druga.

    Дали мислите дека имате уште за учење или сте научиле се што треба?
    Ova prasanje go odgovoriv na nekoj nacin.
    Sekogas postoi mesto za IMPRUVMNT

    Каде сте во хиерархијата од вашата струка во земјава или странство?
    Nad 10 god iskustvo vo sekoja profesija vazi za SEnior.
    Senior

    Дали ако денес дадете отказ сте способни уште утре да добиете работа или да започнете свој бизнис ?
    Ne, ne se naoga tek taka lesno rabota, ako veke zborime za "dobra rabota".
    Za da potpolnam dupka, od suplje vo prazno, mozam da najdam, ama ne bas uste utre.
    Ne e samo rabota da se najde I Plata koja vo momentot ke ti e sadisfakcija. Toa e decja radost za pocetnici.
    Koi se Benefitite koj doagaat so taa rabota (privatni penziski planovi, osiguruvanje long term, short term, personal days, sick leave days.....).

    Колку се вреднувате на пазарот на трудот?

    Ova e strasno kompleksno prasanje I nicii odgovor nemoze da pomogne na niko mu, moze samo da mu dade nekoj pravec na razmisluvanje.
     
    На Doozy, fairy88, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Лично за себе да кажам дека сум многу лесно заменлива...моето работно место е цел живот едно те исто..во државна институција немаш можности за надградување, тоа ти е ...така да не вредам ништо посебно.
     
    На Doozy, fairy88, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.342
    Допаѓања:
    6.162
    Брза сум, вредна, лојална. Можеби по отказ уште утре ќе најдам работа, не знам. Но, за бизнис не сум.
     
  5. Forca

    Forca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Машки
    На почетокот барав работа и на сите интервјуа на сите работодавачи им велев дека мојот труд вреди 400 евра месечна нето плата, но тие повеќе од 200 евра не ми даваа, поминав за еден месец околу 100 интервјуа за работа и не ми се веруваше дека сите ми нудеа 200 евра плата, затоа се отерав у п. м. и започнав сам да работам да си бидам сам свој газда и сега си заработувам во просек толку колку што сакав само разлика е во тоа што сега работам за себе, а не здравјето да си го оставам за друг. Мојот совет до вас е верувајте во себе и бидете доволно упорни и ќе успеете! :) ;)
     
    На Doozy, fairy88, GirlLove и 14 други им се допаѓа ова.
  6. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.387
    Што работиш?
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    5.145
    Допаѓања:
    78.398
    Што знам. Се трудам постојано да се надградувам, ама е резултат на стравот дека ако еден ден останам без работа, нема да бидам конкурентна на пазарот на трудот.

    Немам некоја убава струка, којашто би ме “извадила” во случај да останам без работа. Учењето што е можно повеќе работи го гледам како некаква си сигурност, иако не е баш така.

    Страв ми е и да размислувам за ова.
     
    На Doozy и fairy88 им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    295.835
    И јас ќе сепарирам прашања за да се изјаснам што мислам за себе, макар што некој друг за мене треба да каже, фалби несакам многу.

    На пазарот на трудот вредам баш толку колку сум платена.

    Образованието за мене е статика а таа е со ниска цена на пазарот на труд.Покрај ЕКТС кредитите треба и постојано учење и надградување зашто секоја наука е течна материја и неможеш да застанеш таму каде си дипломирал, мора постојано да следиш материја.Искуство имам и тоа поприлично, можам да се снајдам на некои работни места повеќе, на некои помалку, ама кај мене НЕЗНАМ неважи.

    Во себлото на хиерархијата во Мкд сум сосема ОК, на повисоко место сум, а во странтсво не би била на високо место, таму има многу пракса и мобилност и мислам дека работниците од мој калибар се мнооогу сестрани.Овде сум насочена и концентрирана кон едно.

    За нова работа -приватна сум способна.Не се срамам од работа.Важно ми е да сум задоволна од себе и од клиентите.На крајот на денот, мојата среќа се мери на вага ПЛАНИРАНО-РЕАЛИЗИРАНО.
     
    На Queen8, Ariel, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    22.886
    Допаѓања:
    179.948
    Малку

    За некои работни места, да... Ама малку се.

    Секогаш има уште за учење.

    Во тие со минималец :D

    Не работам, и не сум способна да најдам 'уште утре' работа кај нас. Пробвам. Не ме сака никој ;(
    Сама да почнам... можам, ама не сакам да и' плаќам издатоци на државава.
    Со две фирми ми го 'спопика'... доста ми е.
     
    На Ariel, Doozy, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.987
    Допаѓања:
    80.618
    Баш интересно сте ги поделиле прашањава, па и јас да пробам :) А и по ред на нештата морам да одговорам.

    Со знаење од струката, сме околу 50тина во земјава. Има околу 3000 познаваччи, но малку сме луѓе со практично и теоретско знаење. Мислам дека вредам на пазарот.

    Па, имам постдипломски, правосуден, обука од странски школи за конкретната област на која работам, имам над 50 обуки слушано и над 50 одржано за други. Имам и познавање од странски јазик, и 10 години рааботам на истата материја, која само ја надградувам. Мислам дека сум довоолно едуцирана, ама искрено би ми требало уште искуство во некои сегменти. Имам желба уште за 2 постдипломски, ама сега не можам, двете се во странство.Позната, во кругот, да, сум, мама не колку неколку битни фаци.

    Имам за учење ехееееее, послебно од италијанците на оваа тема. И од британците. Ма и од германците.

    Во земјава, некаде погоре од средина. Во странство, па...така така.

    Мој бизнис, да. Малце тешко ,ама да. Да добијам работа? не знам, не сум пробала. Досега само сум барала работа, неколку пати ми понудиле ама кога сум нејќела и не сум размислила доволно.
     
    На Doozy, fairy88, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    59.918
    Многу интересна тема. :)

    Лично мислам дека вредам, не само заради вештините што ги поседувам туку заради и сетот на soft skills што секој работодавец го бара. Кога се работи, зимам и работам, не се бунам. Проактивна сум и капирам брзо. Не знам се', не сум совршена, критика малце држ-не дај, бар у себе така си мрчам :D ... ама знам да се снајдам и да научам и да најдам што треба за да завршам работа. Диплома и сертификати си чувам под кревет, работам од тоа што сама отпосле си го научив. Ако сега треба да се запишувам на факултет, или би се запишала во странство или воопшто никаде не би се запишала, директ онлајн на курсеви.

    Сама си правам, си претурам од празно во шупливо. :D Во хиерархијата овде сум веројатно некаде на горниот дел од оската но не таму каде што би сакала да бидам. Во странство, тоа што го работам е некаде на четврто-петто место по медицина, ИТ, и таквите професии. Кога гледам колку се платени, ми се плаче. :D

    Посакувана, можам каде било да работам во светот но не доволно посакувана/уникатна за некој да се позамара да ми вади виза и да ме извлече одовде затоа што има сериозен дефицит на таков кадар. Реално е така, што значи, не сум медицинско лице, ИТ, инжињер, архитект, итн. :D

    Во Македонија тек допрва ќе доаѓа моето но и сега често го забележувам на огласи, барано и потребно. Би се нафатила да работам овде, ама искрено, најверојатно само во странска фирма и со соодветен надоместок, се' друго во старт одбивам. Не ми се губи време и енергија.

    Постојано се надоградувам и учам нови вештини - дел затоа што морам, а добар дел и затоа што сакам сама. Ми се здосадува една работа. Да почнувам од нула, без размислување, одам нешто со ИТ.

    Ако јас се прашувам, мене ми фали сериозно менторство да се дообучам и доизбрусам така како што треба да бидам и како што сметам дека имам потенцијал. Сега за сега, сум донекаде „заглавена“ на ова. Се' друго што учам сама и што копам сама ми е шлапкање во плитко, што викам јас. :)
     
    На Ariel, fairy88, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    6.923
    Немам големо искуство 3 години ако се одземе породилното и забрана за работа во бременоста и заради тоа велам дека имам уште многу за учење.Баш задвчера бев со претпоставената на разговор каде ми се оценуваа вештините кои поседувам.Флексибилност,комуникација со пациенти и тимска работа беа оцените меѓу 4 и 5, повеќе накај 5.
    Вештини на работното место,самостојност при извршување на работата,брзина и извршување на задачи или решавање на проблеми 3 до 4 повеќе накај 3.
    На крај ми рече дека е добро и ваков разговор ќе имаме секои 2 години каде ќе бидам оценувана.Имам време да се подобрам и да напредувам.

    И да кажам дека сум задоволна,со оглед дека сум во странска земја каде не се зборува мајчин јазик.Таа бариера е тешко да се надмине.Посебно сега кога имам дете.Се викам да потпорасне детето ако имам повеќе време пак ќе се запишам курс да го усовршам јазикот,а сакам и надоградба во мојата област.

    Може и сопствен бизнис да се почне,ама треба да си добро финасиски поткован за почетокот да бидеш конкурентен на пазарот.Ако нудам слаба плата тешко дека ќе најдам персонал и треба да го разбираш јазикот перфектно.Ма ако имаш доволно кеш можеш и фирма да си купиш и да си ја водиш и доразработуваш.Сега не би се нафатила на таков ризик.

    Во Македонија кога учев тоа беше само теорија пракса имав нула.И кога почнав на работа ми беше многу тешко.Ако се вратам во Македонија би барала работа на приватно и можам околу плата да се договарам.Тука ми е исто,немам големо искусто,ама заради недостаток на персонал можам да се договарам за плата.

    Е, за да се најде добро платено работно место од денес за утре како што кажаа погоре е тешко.Иако сегашното работно место од кое сум презадоволна го барав се на се месец дена.Прво јас не сум флексибилна со работното време,заради детето.Ако се усогласени смените на моите потреби и работното време ми одговара,тогаш можам да менам смени, ако треба и доаѓам екстра денови на работа,зависно од потребата.[/QUOTE]
     
    На Lolipop23, toogood, Cka и 3 други им се допаѓа ова.