1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се исплатеше образованието?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 7 јануари 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    12.312
    Колку се исплатеше образованието? Дали парите кои ги дадовте за образование ви се вратија? Многу луѓе се жалат на оваа тема дека потрошиле премногу, а седат без работа. Јас лично имав среќа да се вработам веднаш, а со оглед на тоа дека земав стипендија и трошев минимално, не ги трошев многу родителите и може да се каже дека си ја повратив инвестицијата. Кое е вашето искуство?
     
  2. Френки Далавера

    Френки Далавера Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    323
    Сега за сега ич. За понатаму се надевам на подобро. И така полошо не може да биде.
     
    На okcenzi и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Еден од моите најголеми стравови е одговорот на прашањево, НО се надевам дека ќе дојде подобро време кога на сите не само мене ќе ни се исплати вложениот труд, ќе не послужи среќата и работата по струка ќе ни овозможи и понатамошен развој на својата кариера. :)
     
    На темјанушка, crazylady, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    ич , воопшто , не се вработив воопшто , се надевам дека за брзо ке ми се насмевне среката и ке заминам странство!
     
  5. Annah87

    Annah87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    719
    Пол:
    Женски
    За среќа, моето се исплатеше.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.681
    Пол:
    Женски
    Морам да искоментирам за насловот. Џабе сите тие инвестиции во образование кога правиме грешки ко исплатеше.
    Самиот наслов дава одговор на прашањето.
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На Cka, Mishela, bella96 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.154
    Допаѓања:
    161.863
    Пол:
    Женски
    Колку станувам посвесна за реалниот одговор на ова прашање, толку повеќе губам мотивација за учење.
     
    На Nigredo Odor, темјанушка, Lotus-14 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    12.312
    Ништо во животот не е џабе.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Образованието кај нас не вреди. Тука секој партиски вработува, било кој да дојде на власт. Во поголемиот случај така е. Ќе се вработиш ако имаш врски на јака позиција во администрација и после ќе им бидеш партиско пиунче.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Е баш поради ова прашање се мислам дали уопште да вожувам толку пари и труд во образованието кога како и да вртеш, од кој агол и да гледаш, нема да се исплати.
    Ќе се исплати образованието ако студираш во друга држава, тука е џабе, факултетите не се толку признаени во нашата држава, дипломи земаат сите.
     
    На Tanjamm и PogbaPol им се допаѓа ова.
  12. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Да се разбереме, партијата и пријателите ако ги немаш џабе ти е дипломата. Едино за во вц ќе служи.
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На angelche16 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    На факултет во денешно време секакви се запишуваат,кој само да се рече дека е академски граѓанин,а книга не фаќа,кој туку така си поминува,сите знаеме каква е работата...
    За вработување исто така се знае дека е тешко, ама факултетот поради работа и пари не го бирав,ако беше за така ќе ги послушав кога ми викаа да се запишам на ФИНКИ,ФЕИТ или нешто слично велејќи дека со нив најмногу пари се заработувале,па вака,па онака. Џабе ќе ми се парите и вработувањето откако ќе завршам ако без мерак го работам тоа.
    Си знам дека откако ќе дипломирам работа уште истиот ден нема да имам,така нештата не одат.
    Факултетот би можело да се рече дека ти е џабе и не се исплатил ако излезеш оттаму полуписмен(поради врски/потплатување добиваат оценки на готово и сл.,да не набројувам,има многу вакви случаи) и дипломата не си ја заслужил. Се' ќе се исплати кога се трудиш и на крај имаш позитивни резултати,го учиш еднаш-го знаеш цел живот.
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На Kitty23, sleepingbeauty, bella96 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Колку се исплатеше твоето образование?

    Ова е често прашање со години, да не речам, децении наназад. Дали тоа што си го завршил ти донело добро работно место и плата и дали си ја повратил инвестицијата во своето образование?

    Јас уште би додала, дали се исплатеше од духовен аспект тоа што сте го завршиле, знаејќи го фактот дека факулетиве во теорија и во пракса се нешто сосема различно. Сите сонуваме да станеме доктори, адвокати, менаџери, инженери, професори и што ја знам веќе, ама дали тоа што го учиме на факултет е она што сме го очекувале или само 10% од она што сме го замислувале и сакале во суштина?

    Од општесвен аспект, ако можам така да се изразам, до сега не ми се исплатеше факултетот. Не сум вработена во струка, а и да ми се укаже шанса, во овие експлоататорски услови, не знам дали би го работела тоа. Имам голем број колеги од генерација кои работат нешто неповрзано со струката или се невработени.

    Од финансиски аспект, повторно условно кажано, не знам дали ми се врати инвестицијата. Сум работела до сега работи вон струка, ама мислам дека не било доволно за да ми се исплати.

    Од духовен аспект, преведено како „дали ме исполнувало тоа што сум го студирала“ или „дали се чувствувам дека сум со доволно знаење и искуство“, повторно одговорот е негативен. Премногу внимание се обрнува на работи кои се непотребни, или застарени или пак светлосни години понапред од ситуацијата тука.

    Не се каам за тоа што го завршив, во секој случај. Да, имаше некој процент од студиите кои ми беа многу интересни. Во тој процент влегуваат вежбите и предавањата кои ги имавме на други факултети. Но дека ми се исплатело образованието - далеку од тоа.

    Жалосно е што е така. Искрено се надевам дека нешто ќе се смени, ама некако промениве само во негативен правец се движат.
     
    На WildMk, Nausicaa, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    И грешки кo џaбе... :D
     
    На angelche16, Tanjamm, Anabelle206 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.681
    Пол:
    Женски
    Не е граматичка грешка. :P
     
    На Bender Rodriguez и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Гледано од финансиски аспект, дали ќе ги вратам вложените пари заработувајќи по струка - стварно не знам. Кога ќе се собере сè на купче, испаѓа дека не се малку. До душа, јас бев меѓу оние што поминаа со најмали трошоци за студии. Барем што се однесува на додипломските, за мастерот немаше разлика.

    Сепак, знаењето никогаш не може да биде џабе. Дури би рекла дека и студирањето е една животна лекција сама по себе. Што би рекол еден дедо: Секој студент полага уште еден испит плус додека е на факултет - испит за истрајност. Мене лично факултетот ме направи поиздржлива, поупорна, поснаодлива. Па и потрпелива. Исчеличив нерви што се вели :) Освен тоа, остварив многу контакти кои потоа ми отвориле врати за нови искуства. Сето тоа порано или подоцна ми се нашло во животот.
    Не знам каде би била сега ако одберев друга професија. Можеби ќе ми беше подобро, а можеби и не. Тоа можам само да нагаѓам. Ама во никој случај не се каам за студирањето, без разлика на тоа што ќе ми донесе животот.
     
    На Annora, WildMk, Waka-waka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ако зборуваме за тоа колку ни се исплатело образованието, не може и не треба да се гледа само финансискиот аспект.

    Односно, ако веќе зборуваме за финансиската исплатливост на образованието, тогаш не треба само да кажеме дали сме ги повратиле парите вложени во него или не (што фајде ако сме ги повратиле, ама по 10 години работење?), туку треба и да кажеме дали со платата што ја земаме имаме доволно за пристоен живот или не (ако парите не ни стигаат од месец за месец, тешко дека може да се рече дека образованието финансиски ни се исплатело).

    Но, не сметам дека финансискиот аспект е клучен при избор на образованието. Да беше така, сите ќе се запишуваа само во дефицитарни струки или во оние кои се најдобро платени, а добро знаеме дека реалноста е поинаква. Во изборот на образованието улога играат различни фактори – дали факултетот те привлекува и дали имаш афинитети и предиспозиции за истиот, дали можеби ти претставувал желба или имаш љубов кон одредена професија и сл. Економската исплатливост е само еден од многуте фактори кои имаат некаква важност.

    Не сакам повеќе да се задржувам на финансискиот аспект на образованието, бидејќи реалноста во нашава држава, работните услови и платите ни се добро познати на сите, прашањево е разглобено до бескрај и назад, и мислам дека секоја дискусија на темава е исцрпена и од аспект на муабетов е излишна.

    Во однос на исплатливоста на образованието, прашањето може да се постави и поинаку: Дали вложениот труд за време на студирањето ви се исплател подоцна, по вработувањето, односно колкав дел од сето она што сте го учеле на факултет навистина ви бил потребен за вашето работно место (под услов да работите во струка, се разбира)?

    Мислам дека на ова прашање сечиј одговор ќе биде дека образованието воопшто не се исплатело, барем не од овој аспект. Кај нас, теоријата која се учи на факултетите и праксата, со која се соочуваме секојдневно во работата, се толку различни и без допирни точки, како паралелни универзуми. И мислам дека и тука лежи голем дел од незадоволството кое се јавува кај младите.

    На факултет се учи едно, а во праска испаѓа нешто сосема друго. Најчесто, знаењето кое сме го стекнале на факултет не го користиме ни 1% во работата која ја работиме, дури и ако таа е во струката. И што е најтрагично, како што моево искуство барем ми покажало, за најголем дел од вработувањата „во струка“, факултетското образование е сосема излишно. Работните места во нашава земја се такви што се сосема доволен и неколумесечен курс или обука за оспособување за дадено работно место. Остатокот, нормално, си го прави искуството.

    Наспроти овој факт, кај нас упорно се форсира високото образование, а додека порано магистратурите и докторатите беа права реткост и со нив се здобиваа само поединци со многу специфични работни места, академски работници и по некој за лечење на комплекси и задоволување на сопствената суета, во денешно време практично секој е магистар (пардон, „мастер“, што е сепак различно), а богами и доктори на науки има со лопата да ги ринеш. А реално, нема никаква потреба од ова на пазарот на трудот. Со ова само непотребно се зголемуваат трошоците за студирање, а се девалвира образованието и практично се поместува образовното „скалило“ за едно погоре – она што на времето беа луѓето кои имаа само основно, денес се оние со средно; она што некогаш беа среднистите, денес се факултетлиите.

    И сево ова дополнително допринесува за тоа образованието помалку да ни се „исплати“ на сите нас.

    На крај, вреди и да се спомене оној емоционален аспект за кој зборуваше и @Lady Phoenix – дали образованието се исплатело, од аспект на нашите очекувања за истото? Повторно, мислам дека и тука многумина ќе дадат негативен одговор. Се полошата состојба во која запаѓа образовниот систем, неусогласеноста на наставните програми со светските текови и остверените напредоци, како и неусогласеноста со нашиов пазар на трудот се причините за тоа. Исто така, т.н. false advertising, кој додуша почесто го применуваат приватните универзитети, иако и државните не заостануваат многу, има големо влијание. Факултетот и образованието што го нуди се рекламира и „продава“ како нешто што не е, па студентите ги чека шок и разочарување кога ќе се соочат со факултетската реалност и она што навистина ќе го учат. Додуша, правиот шок следува тек покасно, кога ќе почнат да бараат работа.

    Ќе се сложам и со @AnaKarenina во однос на тоа дека студиите и образовниот процес, како и се друго во животот, претставуваат едно искуство, од кое може многу да се научи. Секако, може и ништо да не се научи. Колку и како ќе го искористиме, зависи од самите нас. Ако максимално го искористиме и се стекнеме со знаења, искуства, познанства и пријателства, образованието не може, а да не се исплати. Односно, може – ако гледаме исклучиво од финансискиот аспект. Ама, како што заклучивме, во образованието, а и во животот, има и нешто повеќе од простото равенство вложени пари >, = или < заработени пари.
     
    На WildMk, bonnita, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    35.595
    Пол:
    Женски
    Не го ни довршив факултетот затоа што знам дека нема да ми се исплати. Во оваа држава вработување само со партиска книшка. :@
     
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    За лична сатисфакција вреди и формалното и неформалното образование. Додека кога е во поглед вработувањето во ова наше опкружување односно општество не вреди односно нема никаква улога. Поради тоа и голем број од младите луѓе си заминуваат од тука во потрага по својата среќа.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, Annora и 4 други им се допаѓа ова.