И покрај реалните тажни факти и безредие што владее во нашата држава (квалитетот на образованието, тоа какви сè луѓе се запишуваат и завршуваат факултет без некаков посебен труд, трошоците за високото образование кои оптеретуваат многу семејства со нашиов стандард), сепак би рекла дека на некој начин несомнено се исплати образовното надоградување. Во секоја академска струка, покрај онаа првична цел - обука за идна професија (за која во државава по завршувањето факултет е дискутабилно колку лесно ќе најдеме работа), има и по нешто корисно за во секојдневниот живот - секаде може да дојдеш до факти и ставови кои прошируваат видици, да збогатиш вокабулар, да научиш нешто со што ќе поткрепиш свое мислење и ќе бидеш порелевантен за нешто. Затоа мислам дека вреди да бидеш академски граѓанин (секако, тука ги подразбирам оние кои со свој труд одат низ таа етапа на образованието - не со врски или постојано препишување, и посебно оние кои по своја желба го учат она што го сакаат) во смисла на интелектуално надоградување, знаење, самодоверба.
Лично да, задоволство повеќе е секогаш да се надоградуваш и да го изучуваш тоа што ти е интерес. Сметам дека дека тоа исполнува, барем мене лично ми е сатисфакција секојдневно нешто ново да научам. А сега, за мене тоа е поважно од исплатливоста на формалното образование кое сум го стекнала. Згора, имам куп пари давано по курсеви, но се што сум учела е затоа што ме интересирало и мислам дека тоа и да не ми се врати финансиски, не ми е важно.
Хах, фино прашање А одговорот би бил, со оглед на тоа дека сеуште студирам, не би можела да кажам дали од финансиски аспект ќе се исплати. Дека вложените суми ќе се вратат - тоа е сигурно, но за кој временски период ќе се вратат тоа не би можела да кажам. За мене лично уште “поинтересно“ прашање, односно позначајно прашање е дали се исплати вложувањето во студии во нашата земја конкретно од аспект на психолошкото и физичкото здравје? Дали вреди студирањето во ваков несреден образовен систем, кога по таа цена си губиш здравје? Си размислувам дали утре некој ќе ми честита за дипломата која сум ја добила додека се влечкам по болници за средување на последиците од сиот психолошки товар од одговарањето, полагањата и контактите со дотични личности кои поради функцијата која ја добиле се сметаат за богови? Дали утре тие Зевс-ови и Посејдон-и навистина ќе поседуваат поголема интелегенција од новозавршените студенти, или сепак за да се сметаш како интелегентна личност пред се треба да имаш и некакви емоции и човечност?
Многу често сум рамислувала на оваа тема. И навистина незнам колку долг период би ми требало за да ја "вратам" сумата која моите родители ја вложиле во мене и моето образование. Често образованието и животот надвор од родното место коштаат повеќе, од она што можеме да го заработиме во рок од неколку години, работејќи на својата струка. Меѓутоа за мене се исплатеше. Работа по струка најдов не долго по дипломирањето и од финансиски аспект можам да речам дека сум задоволна. Но кога би биле работите поинакви пак би рекла дека образованието се исплати. За мене студентскиот живот е многу битен период од животот. Самиот процес на студирање, како што спомнаа и погоре. Запознавањето на нови луѓе, соочувањето со многу предизвици, тешки и лесни, учењето да се биде трпелив, упорен, снаодлив итн... Јас лично чувствувам дека многу се променив, станав многу посигурна, посамоуверена, посамостојна. Мислам дека минувањето низ целиот тој процес е многу битно во градењето на карактерот на личноста. И секако, пријателствата се незаменливи. Запознавањето на многу луѓе, со кои ден денес сме во контакт и соработувамe, а се надевам ќе соработуваме и во иднина. И пред се друго, за мене образованието е и лична сатисфакција. Така да, несомнено повторно би се запишала на факултет, без разлика дали би бил исходот ваков каков што е.
Pa uste i u oblasta na medicina kade covecki zivoti se vo prasanje dlaboko vo sebe se nadevam deka trolas no ne bi me iznenadilo ni sprotivnoto vekje
Дури сега можам да кажам дека ми се исплати трудот, ќе се исплати секому само трпение, вложување и никако откажување
Сеуште не сум ги повратила парите, со оглед на тоа дека прескапо(за наш стандард) ме чинеше факултетот и постдипломските, но работам тоа што сум завшила и сум задоволна на тоа поле. Дали во иднина ќе ги вратам скроз парите не знам, но искрено се надевам дека ќе се случи и тоа.
Образованието секогаш се исплатува. Не работам по струка. Ова можев и без таа диплома да го работам, но не сметам дека е залудно што сум се запишала и завршила факултет. За по струка, ќе ми треба партија и врски. А реално, тоа што го студирав и не ми беше некоја љубов и толкав интерес. Повеќе ме влечеа други струки и науки ама ете бидна. А бидејќи во воведов се нагласува финансискиот аспект, дали сум ги повратила парите што сум ги вложила, сум. Образованието беше искуство, стекнување навики, дисциплина, учење и други работи покрај тие во книгите, растење, градење на личноста. Никогаш не би рекла дека сето тоа било џабе.
Јас не бев на факултет. Имав желба ама не бев. И фала бого шо не бев, кога гледам какви неписмени исто без факултет се испопикаа на добри работни позиции и тоа се само со врски и партиски книшки. Да бев во Мк, и јас ќе веев знамиња за да ме пикнат во клати врата зимај плата.