Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Дали знаете колку отприлика им е платата на инструкторите во автошколите?
     
  2. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    во тутунска 30 000 ден, мора факултет без факултет ни чистачки веќе нема да примат, а не во банка |(
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^ Во банка работи девојче, моја генерација, која е на средина на трета година економски, сега ја примија и 4та ќе ја учи вонредно. Имај врски, па ни основно нема да ти треба 8)
     
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Потполно точно.Другарка моја работи во Тутунска со средно, и тоа не е обичен шалтерски работник туку во дирекција.
     
  5. strawberry111

    strawberry111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    А колку плата земаат преведувачите? На пример англиски или било кој друг јазик? :)
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    За во банка мораш да имаш факултет. Значи, мораш!
    Ама ете и јас познавам едно девојче со средно (и тоа не средно економски!!!) влезе во Банка, и тоа директно во дирекција. (се знае дека по врски, а плата и` било околу 35000-40000ден.)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Не е точно дека за во банка мора да имаш факултет.
    Од кај излезе сега ова?
    :^)

    Лично познавам две кои се со средно, работат на шалтер и земаат од 18 000-23 000 ден, зависи во која банка.
    Има позиции и во банките и во администрација и во болница, за кои не е потребна поголема квалификација од ССС.
    Дури сметам дека така повеќе им одговара, зошто би вработувале некого со факултет, па да бидат обврзани да го плаќаат повеќе, кога според Правилникот, за таа и таа позиција се бара некој само со средно.
     
    На glosipgirl, JuLleE, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Да, ама тие сигурно имаат партиски книшки. :D
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    ^ Не мора да значи другачке. :D

    Кај нас се малку извртени работите. Братучед ми, кога заврши средно (живее во странство, една од Скандинавските земји) се мислеше дали да продолжи на факултет или не. Единствената причина поради која би одел, е личната желба за знаење и желбата за диплома. Арно ама, си најде убава работичка и сега му е супер.

    Кога му кажав јас дека за овде да ја работи таа работа (работи како осигурителен агент) ќе му треба МИНИМУМ магистратура, зошто повеќето апликанти ќе имаат факултет и ќе мора да отскокнува со нешто... Знаете што ми одговори? ,,Ама зошто, јас не гледам причина, како ќе ми помогне факултетот за да знам да пополнам пријава за осигурување и да му продадам пакет?,, :^)

    И е неверојатно многу во право.

    Јас ако можев да си најдам работа за солидни пари немаше да си го мачам газов на факултет. Пу бе, колкав материјалист сум станала, ама тоа е. :D
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Е што толку струка и способност треба за работа на шалтер во Македонска банка, па со факултет да бараат? :^)
    Во странство од пат ги собираат што се вика. Знам, оти и јас аплицирав едно време за работа на шалтер, интервју отидев ама решив дека не сакам да работам саботи. Што бараа. Математика А-level со А, B или C(тројче), што е еквивалентно на завршено средно, админ искуство, соработка со јавност, способност да работиш како дел од тим или сама, концентрација во детали, добри манири, професионален изглед бла бла, критериуми како и за секоја ваква работа, што е претежно админ а најмногу соработка со јавност. Тренинг на самото работно место, прочитај дебел фолдер за money lаundering и терај.

    Факултет мораш да имаш ако си консултант сметководител или финансиски советник да речеме на пример во таа банка, ама тие луѓе банката не е будала да ги троши на секојдневно каширање чекови, уплатници, трансфери, замена на девизи, исплаќање пензии, или што да му текне на човек моментално... тоа ако го дадеш на човек со економски факултет тука е греота, па и ќе му се смеат другарите бе :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Пак ќе го завршеше за да не отскокнуваш од сите оние кои денес завршуваат, а тоа се скоро сите, се разликува секако вложениот труд и времетраењето на студиите од СТУДЕНТ до студент, ама тоа :!: најчесто не е мерило при вработување :) . Себеси не ќе си ја простеше компарацијата во однос на нивото на образование, за другите помалку важно, иако не сосема неважно. И во право сум да знаеш :!: , а знаеш многу добро :D ...
     
    На BoaVista и nela.oh им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Зависи од која автошкола и до инструкторот.
    Мојата инструкторка, глава неможеше да крене од кандидати, па имаше окулу 25 000.
    А најдобро платени се од АМСМ и инскукторите од АСУЦ, над 30 000 замале, што е и те како солида плата.
    Скоро дознав дека возачите на ЈСП земале 36 000 плата.
    А асистентите на факултет УКИМ одвај 20 000 земаат.
    На кој како ќе му се погоди.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    И тоа не е точно, за банките пак најмалку.
    Едната која ја познавам, ја вработија на местото на мајка и'.
    Жената реши да се пензионира порано, така нешто и ќерка и' ја вработија.
    Поголемиот дел од банките и големите компании функционираат на тој принцип - најпрвин се викаат на интервјуа луѓе по препорака на веќе вработени лица.
    Значи има некој интерен оглас, што е сосем ок.
    Тоа се всушност врски на некој начин, но партиска книшка во банка според мене и нема некоја голема функција како што би имала во други сектори.

    Нејсе, не сфаќам за шалтерски работник што квалификации се потребни.
    Работата е шаблонизирана и малтене секој може да ја научи.
    Си имаш програма, која после секоја твоја грешка - ти eвидентира дека СИ НАПРАВИЛА ГРЕШКА.
    Мака ми е што во Македонија работите се толку испревртени, што за некои no brainer работички се бара уште и факултет.
    Ама тоа е друга тема, сите факултетлии сме, па затоа...
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    :D

    Пак ќе речам, ова би се случило во едно совршено општество, малку поарно од нашево. Налет, веќе се фанав на орото и нема назад, само напред. :D
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Конкретно ме интересираше за авто школа Селика,ако случајно знаеш? :)
    Благодарам однапред
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Трендафилка не се сложувам со тебе. Веројатно не си во тек околу банките. Умре времето кога порано во Стопанска Банка се вработуваа среднисти.
    Во сите Банки вработуваат исклучиво со универзитетска диплома (или документ дека си апсолвент за пониски степени на работа), освен за чистачките. Само чистачките се без диплома.
    Иако на еден оглас бараа чистачка со минимум средна школа. Овие со основно не знаат крпа како се држи? :^)

    Без разлика дали си во дирекција, на шалтер, или најобичен референт, инфо-кол центар (дава информации на заинтересирани клиенти по телефон), мора да си со диплома!!!

    Навистина работата е шематски, лесно се учи, и може некој со основно училиште да ја научи, ама ете таков им е принципот на работење.

    Примерот кој го наведуваш, дека девојчето не влегло по партиски врски, туку на местото на мајката, па тоа не е очигледна врска?
    Досега во 3 Банки сум била на пракса, а увид имам и во другите, среднисти влегле само по јаки врски. Попрво врски со повисоките членови на Банката, отколку партиски врски.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Врски се де, како не се? Си кажав и претходно, тоа е исто како татко ми да се токми да речеме за во пензија, а мене да ме стават на негово место.
    Но, не е по партиска основа, тоа ми беше поентата.
    Не знам како е во банките токму во овој момент, овие две со средно се во Комерцијална инаку.
    За во ПроКредит знам дека СИТЕ ги бараат со факултет, уште малку и клиентите ќе почнат да ги бираат според дипломите што се вика. |(
    Што е повторно ќе кажам - резил, ама за тоа други фактори се виновни.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Партиска книшка за во банка и те како помага и треба и тоа посебно за Комерцијална, Тутунска, Стопанска, Уни банка...а највеќе помага мито и тоа 4 000 евра позиција.
    За на шалтер не ти треба факултет иако работат со факултет. Во банка ти ја ценат школата па не е иста платата со тој што има или нема факултет. Секаде се почнува од шалтер или од мавање на клиенти по терен за нудење на кредити и ако најдеш некоја си врскичка да те стават во канцеларија после 3-5год., ќе биде голем успех за тебе.
    Да, на шалтер е лесна работата навидум ама психички не! Од тебе бараат брзина во процесирање на налози и да се насмееш и објасниш на некој кој не сваќа и по 101 пат објаснување.
    Тие што работат со незавршено средно образование ги примаат како практиканти за да ги обучат и искалат додека да завршат ама и за тоа ти треба врска. Денес со Закон не може да се прими и осигура лице со основно образв. во банка. (си стои во Статут на банка).
    Примаат такви деца чии родители работат таму. Знам лично чија мајка си помина и го запослија синот со средно образ. а оние што одат пред време во пензија за да запослат свои деца, нека проверат прво што потпишуваат (претпоставувам нема технолошки, отпремнина, регрес.....) али ај као некој вид на компезација ќе му дојде затоа што ти го запослува детето. И тоа е мизерно и за тоа треба добро да стоиш со Директорот за да одобри, а на лепе очи тешко.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Ја погоди, од таму земав часови!
    Па ти реков зависи од тоа колку деца имаат, т.е колку кандидати.
    Никој не кажува епла платата ми е толку и толку, но над 20 000 им е на сите!
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Зависи дали работиш за авторска агенција или како фрилансер. Вторава варијанта е далеку поисплатлива ако си стварно квалитетен од причина што агенцииве во последно време знаат да земат и до 50% од профитот. Во секој случај, цената се' повеќе ја симнува нелојалната конкуренција. Кој од кај и да поднаучил англиски или кој било друг јазик се нафаќа да преведува, а има и такви што си го користат гугл транслејт па после си ги потсредуваат речениците.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.