Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    A од прилика како стојат со плати по лабораторииве на пример Систина... и Алкалоид ? ( значи за дипл.)
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Постојат и тнр. усмени преведувачи кои пак се делат на 2 типа: консекутивни и симултани. Тие се платени подобро. Симултаните се платени уште подобро но зависи и од кој јазик симултано се толкува, колку е стручна темата(на пр. инжинерство, медицина се посложени) колку време и за кого. Ако плаќаат од домашните фирми, нето дневницата е 100-150ЕУР 4-5 часа ефективен превод со паузи(тоа вкупно ќе му дојде 6-7 саати), и доколку се двајца толкувачи во кабина. Но во случај на судски усмен превод обично заработката е доста пониска дури и во западните земји.
    Доколку плаќаат странци (на пр. од ЕУ) тогаш може да оди и до 300-400ЕУР дневно. А во странство, на пр. во ОН (United Nations) може да оди и до 800-900ЕУР.
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Мислам дека почетна плата им е негдека околу 18 000 ,бар така имам слушнато :)
     
  4. svetlana977

    svetlana977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Колку отприлика земаат менаџерите во фирма гигант, со некои 400 вработени, значи не зборам за некоја мала фирма, туку баш голема фирма која функционира успешно 20-25 години.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.264
    Допаѓања:
    140.771
    Днево е 100-160 евра во Македонија, повеќе од тоа во исклучителни случаи многу специфичен и стручен превод, но тоа е многу ретко. Во странство е од 300 евра, често оди до 600, а за над 600 дневно не сум слушнала. Сепак волку платени се само неколку преведувачи кои се исклучително квалитетни. За жал, нема многу такви.

    Писмениот превод, за квалитетен зборувам, е 9 евра страна, со тоа што страна се зема обично 1500 карактери без празни места, или 1800 со празни места.
     
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски

    Малку ми е чудно бидејќи јас наслушнав дека е мн. повеќе од ова што го пиша ти, па затоа и ме интересираше дали ми дале правилна информација... во секој случај, ти благодарам :)
     
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Значи јас кажувам за почетна плата ,понатаму нормално е дека платите се зголемуваат :)
     
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Колку е платата на пратениците во собрание и министерска месечна плата??
    Баш ме интересира, мислам не сретнав за нив..
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.279
    Пред околу 10 години се сеќавам на телевизија имаше дека платите им биле околу 25,000МКД плус бенефиции... во меѓу време имаше кратење на некои бенефиции но и повеќе зголемувања. Тоа е напорна и пред се физичка работа, потребна е голема кондиција за правилно клатење на вратата и седење на седниците а по повеќе мандатско вршење на таква работа се јавува феномен на здебелено газе :D
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.820
    Пред некој ден имаше баш за тоа, нели си ги покачија платите пратениците и министрите, нормално, без собраниска дискусија (за тоа се сложни). Велјановски сега има плата од 88 000, со покачувањето ќе има 92 000. Потпретседателите во собранието сега имаат плата од 74 000 до 77 000. Пратениците имаат плати од 63 до 67 илјади денари.
    Кај нас најмногу се исплати да си политичар, па уште да си пратеник кој ништо не работи, само треба да се појави во собрание... мераци :)
     
  11. Lorderon0404

    Lorderon0404 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Јас сум проект менаџер во ИТ компанија во Скопје. Имам диплома од Елетротехничкиот факултет на смер за информатика, а почнав како програмер.
    Моментално имам плата од нешто над 60.000 ден. месечно не вклучувајќи бонуси.
    Според моите сознанија од други слични ИТ компании во Скопје, платите на програмери и проект менаџери со некое минимално искуство од барем 3 години се движат од 700 до 1200 евра, зависно од компанијата, достапните проекти, искуството итн. Се разбира секогаш има исклучоци. :)
     
    На glosipgirl и daylight им се допаѓа ова.
  12. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    општ лекар амам бе толку ли малку
     
  13. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    460
    Дали знаете колку зимаат археолозите??? :)
     
  14. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124

    :D општ лекар ама нема шанси толку малку да зема смешно е ;) а за фармацевтите да тука некаде се.
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.820
    Николку :D . Не сум слушнала да вработуваат, освен еднаш на некои 10 години. Работат обично по музеи, па преброј колку музеи имаме од тој тип, а колку археолози, и се ќе ти стане јасно.
     
  16. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Најдобро платени професии за жени
    Процентуално, заработувачката на жените заостанува за околу 80 отсто од заработувачката на мажите, но сè повеќе се цели кон работни места што им носат најмногу приходи. Некои од нив можеби ќе ве изненадат. За да се рангираат најдобро платените работни места за жени, Бирото за труд и статистика на Соединетите Американски Држави, земајќи ги предвид просечната неделна заработка на женскиот пол, со полно работно време и заработката на оние што се на привремена работа, утврди дека мажите сè уште заработуваат 20 отсто повеќе од жените, иако жените побрзо го сработуваат заостанатото. Оваа листа е еднакво важна како докажувањето во математиката, пример за вообичаени работни места за жени и обид да се прогнозираат високоплатените работни места на иднината.

    Главен извршен директор

    На прво место на листата се наоѓа главен извршен директор како најдобро платено работно место за жени. Во САД главните извршни директори-жени заработуваат просечно по 1.553 долари неделно или околу 81.000 долари годишно. Сепак, бројот на жените на оваа позиција не е голем и нивната заработка не може да се изедначи со онаа на мажите. Жените сочинуваат само четвртина од сите извршни директори и заработуваат седум проценти помалку од нивните колеги од спротивниот пол.

    Фармацевт

    Логично, на второто место се наоѓаат фармацевтите. Тие во САД неделно заработуваат просечно по 1.475 долари или околу 76.500 долари годишно. Жените на ова поле се изедначени со мажите, опфаќаат половина од овие работни места, а во иднина се очекува нивниот број да се зголемува и до 2018 година да се зголеми дури за 17 проценти. Следни на листата се адвокатите, зад нив следат лекарите, а потоа хирурзите.

    Компјутерски програмер

    Жените опфаќаат само 21 отсто од вкупниот број компјутерски програмери, но изненадувачки, заработуваат еднакво со мажите. Нивната годишна просечна заработувачка изнесува 62.000 долари, а може да достигне и до 111.000 долари. Повеќето програмери работат 40 часа неделно, а работењето од дома станува сè почеста појава.

    Професионални терапевти

    Ова е професија каде што навистина доминираат жените. Тие претставуваат дури 82 отсто од вкупниот број и заработуваат подеднакво со мажите. Најчесто професионалните терапевти имаат високо образование или магистратура. Земено во просек, заработуваат 1.155 долари неделно и 60.000 долари годишно. Интересен е податокот дека побарувачката за овие работни места од година в година се зголемува, а пораст се очекува и во иднина.

    Најниско платените работни места се позиционирани кај услугите - чистачки (362 долари неделно), келнерки (363 долари неделно), бебиситерки (364 долари неделно) и слугинки (371 долари неделно). Не само што овие работни места се најниско платени, туку најголемиот број вработени на ова поле се жени. Постојат повеќе начини за добро заработени пари. Затоа, жени, обидете се во овие области. Наместо да посакувате да бидете учителка, обидете се со програмирање. Веруваме ќе ви донесе повеќе пари.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    174.161
    Пратеничката плата е помеѓу 60 000 ден. и 70 000 ден.

    Сака ли некој на ова работно место? :lol:
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  18. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Колку се платени козметичарките што работат во туѓ салон?
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Зависи во кој град али од 8 000ден па нагоре а некои се на фиксно 6 000 + процент (ова од муабет што имам правено со некои кои работат во туѓи салони)
     
  20. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Дали знаете колку отприлика земаат архитектите?