во повеќето случаеви кои лично ги знам вложените средства се залудни и неповратни, секако доколку во пресрет не ти дојдат пријателите на мама и тато ,,,тогаш светот е подобро место да се вратиме во реалноста , суровата реалност сите се запишуваме на факултет по препорака на владата , а повеќето завршуваат како таксисти , козметичарки со курс или продавачки во супер маркет , во најдобар случај отвараат очи и сопствен бизнис кој врска нема со наводната нивна професија Школувањето треба да биде бесплатно , а не да биде извор за полнење на државната каса ! Вистина е ..знаењето е сила , знаењето е моќ ..а сите знаеме дека треба од нешто да се вадат пари , од желба и хартија од книги и скрипти нема да ги нахраните децата !! Јас тука би додала дека и вложениот труд да ги заработат истите треба да им биде поголем , незаслужени пари не треба да се расфрлаат , кој знае можеби повисоката плата ќе им биде мотивација за да си ја вршат својата работа достоинствено и соодветно
јас се согласувам со тоа за докторите но реално има и многу доктори кои не заслужуваат да бидат доктори ... а кај нас е секоја професија скоро платено никако ... буквално за нигде ... висок стандард на се а ниски плати .... не дај боже па да имаш над 30 години работа нема да најдеш нигде освен на претседателот во веце кога ке оди газот да му го бришеш . Факт е и дека владеат врските сегде и дека факултетов е прескап ... со една книга на факултет што ја купувам дома ке живееме една недела . и не сакам ни да замислам коа ке дојде време јас да барам работа ... ке споулавам од нервоза . А и факт е дека кај нас и малдите сакаат одма на директорска столица ... епа не може бе луѓе ... мора малце да се запотат па да бидат нешто ... познавам една од мојава улица .. и ауу ја со виша да земам 8 илјади ... е ајде де што сакаш одма 18 да земаш оди покажи се па ке ти ја накачат. и отидов оффтопик ај доста е . И според мене најплатени се министрите ... не знам зашто ама вака мислам а после нив банкарите итн .
Во Македонија најмногу се платени програмерите, банкарите и министрите се 0 спрема нив во споредба со платата. Ги нема многу затоа што е малку по комплицирана професија За еден програмер од една програма од 3 реда може да земе 1000 евра ... тоа се 5 минути работа, а што да речам за поголемите програми сумата стига и до 5000 евра епа сега колку спечалува месечно?
Мајка ми е фармацевт и она зема отприлика 24-25.000 плата За други професии стварно не сум компетента да зборувам.
Знае ли некој колкава им е платата на -наставниците -професорите -касиерки или вработените во некој маркет -и продавачките во бутици од прилика ако знае некој нешто од прилика нека пиши. Поздрав.
во повеќето случаеви кои лично ги знам вложените средства се залудни и неповратни, секако доколку во пресрет не ти дојдат пријателите на мама и тато ,,,тогаш светот е подобро место се сложувам но не секогаш, моите се никој и ништо па јас добро заработувам и сама се снајдов, треба воллја и сила, ако почнеш така да размилуваш искрено нема никаде да стигнеш, не се споредувај со другите се е ствар на договор запамти! поздрав стронгер ти посакаувам се најдобро и само со позитива и амбициозност напред
- 20.000 -zavisi dali e osnovno ili sredno 20.000-24.000 -8-10.000 -7-8-9.000 pa zavisi kade e butikot ova od prilika [mod-kirilica:idcfwcza][/mod-kirilica:idcfwcza]
За наставниците во основно образование платата им е мислам околу 23000, апрофесорите во стедно земаат плата околу 26000, а за касиерки што да ти казам зажалење се во Веро на пример земаат плата 7000ден.И продавачки во бутик се тука некаде со касиерките!!!!
Не знам дали е ова баш во склоп на темава,ама пред некој ден ја гледав емисијата Код и се изненадив кога видов дека професорите на Економски имаат поголема плата од преседателот на собранието па и од премиерот ако добро памтам. На листа од 50 најплатени универзитетски професори 41 се од економскиот факултет,а на прво место е деканот со околу 2300евра
Колкава им е платата на психолозите онака да одиш на терапија и на училиште колкава им е платата на школските психолози? ако знае некој нека пиши благодарам
Оф мамо, роди ме судијка и фрли ме на буниште. Јас ќе ги изнесам моите сознанија за министерствата. Обична секретарка со ССС зема од 15,000 - 18,000 ден. Секретарка, ама пофенси нАли, со ВСС зема од 18,000-23,000 ден. Потврдено. Сите други значи над неа, (освен обичните службенички со ССС, кафе-куварката, чистачката, шоферите и курирот во архива) сметајте дека земаат над 23,000 ден. месечно плата. Па сега, јасно ли е зошто целата држава очајно посакува да се пикне во држ. администрација?
Акредитиран толкувач за ЕУ (ги има околу 20 во цела Македонија) зема 500 евра дневница за да оди да толкува во Брисел, плус трошоци за тамu платени плус превоз. Има да се помачам сега околу факултетов па што сака нека е
Море ова докториве , посебно овие што се големи специјалисти не се воопшто за жалење. Тарифа си има секој за операции, па паралелно работат и приватно и од државата лапаат пари...
Само да надополнам лани се примија околу 300 млади лица во Секретаријатот за рамковен договор при Владата на РМ. Сите нормално од националностите беа, да не речам албанци. Е сега немаше место за повеќето од нив, кај да сместат нови 300 лица во Влада, а секретаријатот е битен ЕУ задолжително го бараше. Затоа над 200 лица првите 6 месеци седеа дома и им стигаше на сметка 18000 денари, а сега после 6 месеци им се зголеми платата и им е над 20000, не знам точна сума. Седиш дома, спиеш, пиеш кафе на кеј и оп на 1ви зимаш 22/23 илјадарки. И сеуште дома седат и после 9/10 месеци, стаж се си имаат! Мамицата!
Седиш дома, спиеш, пиеш кафе на кеј и оп на 1ви зимаш 22/23 илјадарки. И сеуште дома седат и после 9/10 месеци, стаж се си имаат! Мамицата! [/quote]
Јас иако завршив факултет, општо познато е дека ако не си во партија или ако немаш некој таму, да влезеш во образование нема шанси Па така, за да не седам дома , работам што ќе стигнам, а платата се движи од 8000 до 12,000. Со тие пари , да простите, влошки не можам да си купам Во право беа сите, што погоре кажаа дека само државна администрација му е мајката, клати врата зимај плата
Трендафилка извини ама едноставно не е точно овоа со платите ва државна служба.Јас работам во државна служба па ќе ти кажам дека земам плата од 20.000ден а сум со високо образование.А секретарката кај нас зема плата од 13.000ден.А чистачките воопшто и не се под државна служба туку се ангажирани од надворешна фирма и земаат плата од бедни 7.000ден.Тоа е вистината.Фино што си ни ги зголемила платите за некоја илјадарка ама за жал не е така.
Јас би се надоврзала на муабетот за платите на фармацевтите кај нас. Просечната плата се движи од 15 000 до 60 000ден. , зависно од позицијата и од фирмата во која работи. Фармацевт во аптека зема од 15 000 до 25 000, али повеќето се околу 18 000-20 000. Во фабрика од типот на Алкалоид не се помалку од 25 000, дури и да се новобработени без искуство. Во веледрогерии и претставништва на странски фирми се со минимум 30 000 ден. месечно, а најдобро платениот фармацевт во државава зема 6000 евра месечно ако не се лажам и е директор (т.е. газда) на веледрогерија.