Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Зависи каде, има разлика во приватна ординација и на клиника на пример. И тоа не е мала (колку јас што знам).
     
  2. Polina1

    Polina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4


    Фармацевтите зависно од тоа каде работат. Дипломиран фармацевт во аптека од 15.000-25.000, странски претставништва 30.000 па нагоре :)

    Специјалистите земаат горе долу околу 30000 ден.
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    ^ Мене спец.невролог ми има кажано дека зема 40.ооо(и пак им било малку),така да земаат над 30 100посто
     
  4. Polina1

    Polina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Zavisi od iskustvo i mesto kade raboti..internist vo poliklinika i internist na klinika zemaat razlicno..godini na staz isto imaat vlijanie..
     
  5. Mekejla

    Mekejla Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    84
    Здраво девојки, ми треба брза информација од вас. Конкретно ме интересира гробарите, оние што закопуваат, колку плата имаат во просек?
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    а колку земаат полицајците ?
     
  7. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Не знам дали прашањево е конкретно за овде, ако не е може слободно да се премести.

    Дали некој знае колку се наплаќа толкување на брачна церемонија? Како оди целата таа процедура или нешто поконкретно?

    Фала. :)
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    10.906
    Верувај дека 40000 е малку за времето поминато во учење и специјализација 6 факс+5 специјализација
     
    На lepadama, miss.ella и tessie им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    ^ Не само времето, туку и парите. И специјализацијата не е бесплатна. Башка колку време само треба да стажираат, читај-да работат за без пари...помножи-подели, тоа е. Навистина е малку. Особено за специјалистите правам муабет.

    Да додадеме дека и не е некоја канцелариска работа во која најнечистото нешто со кое ќе бидеш во контакт е прашинката од бирото или истуреното мастило. Нечиј живот е во твои раце, тоа е и ризик и одговорност.

    E сега од друга страна, пак, ги имаме забушантите наспроти оние кои навистина си ја вршат работата. Не знам како е имплементирано плаќањето по учинок, но со добро и праведно спроведување на истото, многу работи би се решиле од овој аспект.

    A некогаш знае да биде и неблагодарна. Италијаните викаат: „Кога ќе го спасат болниот, блиските се заблагодаруваат на Бога, а кога нема да се спаси - го колнат докторот.“ :D
     
    На Hipica, Annath, lepadama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Да мила секако,ама да ги додадеме екстра парите кои ги земаат,што од фармацевтски фирми што од пациенти,ова за специјализации,така да не се за жалење.
    Сите сме вложувале пари и труд ,ретко кому му е платено РЕАЛНО,според вложеното и според струка.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    10.906
    Да,ама докторот цел живот учи.
    И не е исто некој факултет од 4 години со овој факултет од 6 години плус 5 години специјализација,тоа се вкупно 11 години или еднакво на 3 факултети.
     
    На Anie93, Divinebutterfly, bubuce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Bejbi star,извини ама сите доктори не се исти.Мал дел ја заслужуваат титулата,така да дека цел живот учат ќе се изнасмеам само.Голем дел остануваат на она што го научиле од факс и друго не ги интересира до кај е медицината.Работев со доктори и верувај не лупам само.Не знаат упат да ти напишат ,тоа е специјалист?
    Не е исто спец со факултет,многу нормално,ама многу работи се неправедни во државата така да тоа е.
    Инаку јас не им се секирам за нивните 40.000 кажав и претходно од секое можно дупче влечат парички ;) И ова од сигурно :)
    Конкретно на клиника,раб време од 8,почнуваат со прегледи од 9,паузи имаат 2,3 зависи како сакаат и пак 40.000 во џеб.(не ги сместувам сите во ист ќош,ама ретки се исклучоците).
    И да додадам дека ова плаќање по учинок им е најдобриот избор,ај да ги видам сега.
     
    На tessie, Hipster, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Можеби тоа обемно учење и долго студирање ги прави арогантни м? :^) Супериорни над сите професии.
    Пред еден месец бев на контрола на очно па меѓу ред си се пикна една жена со мажот и ќерката. Кога почнаа да се бунат луѓево си се јави дека е докторка и самата таа, па идеа иронични изјави од типот- Ха ха, може требаше мантилот да си го облечам |( Спиј и со него бре жено, тоа нема да те направи поголем човек.
    Знам дека сум офф тема, ама ми стоеше :wasntme:

    Патем, колку плата земаат новинарите? Оние на терен што работат :^)
     
    На tessie, boomsleng и Hipster им се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    10.906
    Верувај мила дека арогантни суштества не се само докторите туку и еден куп администратори,правници и све остало.
    Ние тука зборуваме дека со оглед на тежината и должината на факултетот,кој впрочем е најголем таа плата не е доволна.
    А зарем само докторите работат неповолно,зарем нема еден куп други места со арогантни лица,кои се полуписмени па е факт дека земаат големи плати.
    Но со оглед дека докторската работа има голема одговорност,а тоа е човечкиот живот,а не со хартии и документи тогаш и малку се платени.

    Факт е дека секаде има забушанти,не само во докторската фела.
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.836
    Сега сите учат цел живот. Умре тоа време кога завршувањето на факултетот значеше крај на професионалното усовршување.
    Речиси нема ден јас да не прочитам нешто што ми треба за на работа, барем еден час дневно ми оди на тоа, а најчесто и повеќе.

    Никој не вели дека докторите треба да се добро плетени, ако се однесуваат хумано. И 40,000 денари не се малку пари, тоа е два пати повеќе од просечната плата во земјава. Кој смета дека може да заработи повеќе, нека се пријави на приватните, барем сега има многу опции.
     
    На tessie, imelda, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    10.906
    Ама има драстична разлика од читкање до специјализација,супспецијализација и примариус.Тоа е цел живот,а знаеме дека медицината оди напред,нови техники и нови апаратури,башка е многу специфична и сложена професија која бара голема ангажираност и пожртвуваност,за разлика ќе го земам пример администрација или право тие се надградуваат со магистратура да,но не се работи за спасување на човечки живот.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Да беа само 40 000 ќе беше добро.
    Остајте го тоа што се жалат, не се баш за жалење.
    Не за тоа, зашто од секога фармацевска куќа земаат месечно сума од 50евра па нагоре се до 500 евра некои. Од пациенти поклони што добиваат( до 100евра не се смета за мито, или до 200 незнам како е толно во закон уредно тоа) Месечно 5 да имаат што ќе им поклонат незнам виски, малку ли е тоа?
    Па после ги продаваат во продавничките кај клиника за пола од сумата која вреди а овие ги препродаваат.
    Да се согласувам дека цел живот учат, се доградуваат, и дека е најблагородната работа на светот, спасуваат животи, ама не треба тоа низ нос да ти го извадат после!
    Сепак сами се одлучиле на тоа и биле свесни од што се состои нивната професија.
    Нe сакам погрешно да бидам сватена, сум да имаат убави плати и по 1000евра нека се, ама искрено се соменевам дека со тоа ќе се искорени корупцијата и дека ќе се намали зачително.
    И многу професии се надградуваат цел живот, што да кажеме за оние на електро и информатичките технологии??
    И економистите и правниците посебно адвокатите и судиите се надградуваат постојано, па не гледам дека некој ги жали, па ни дека нешто се натегнаа да им се зголемат платите.
    Сите сакаат да се директори, манаџери, велепоседници, и се бунат за плаите, а никој никогаш не рекол дека премалку се платени оние во рудник што работат, али тоа мање битно нели.
    Јас сум да имаат попристојни плати ниските слоеви и професии, зашто на овие големиве, или како се викаат-белите јаки-мантили, нив им се доволно големи и добро, од поголеми и поголеми само збеснуваат, и се повеќе сакаат уште и уште.
     
    На tessie, NoellePage, drugarka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    4.253
    Колкава плата земаат амбасадорите а колкава конзулите од македонското МНР испратени во странство?
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Различно, зависи од стандардот на државата во која одат.
    На балканските најмалку, а во они кризни подрачја(незнам дали имаме во Авганистан пример, кај што има војна) земаат повеќе пари заради тоа што е ризично подрачје.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.286
    Затоа се струдира медицина,од љубов, а не за пари како мотив.
    Медицина не е бизнис, не е економија и не е било која друга професија. Никој не вели дека треба да живеат докторите од љубов, ама мотивот треба да им е љубов.
    Ако не си спремен да го изодиш тој пат со се одговорноста и љубовта кон луѓето и професијата, воопшто не пробувај.
    А и рака на срце какви идни доктори познавам...за глава се фаќам. Не знаат да разликуваат психологија од психијатрија и едвај полагаат патологија... Во превод... си правам список да не залутам не дај боже еден ден кај некој ваков фејл. Овие не ги спасуваат ни специјализации, ни супспецијализации, ни инка да им пикаш во мозок, едноставно не се за тоа,ама ете...
     
    На Annath, zarah, imelda и 4 други им се допаѓа ова.