Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Зависи каде, нели... има промет, нема промет и сл. Од она јас што знам (а не мора да биде правило)
    7-8000 ден. Ви Сити Мол во некои продавници продавачките имаат 10-12 000 плата.
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    колку се платени професорите кои предаваат до средно образование? |(
     
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    6.544
    Пол:
    Женски
    мислам дека околу 15000- 18000 а ако е класен раководител зема повеќе
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.828
    Зависи колку години стаж имаат, дали имаат награди од типот „истакнат педагошки работник“ и слично. Почетна е 18000, во случај да им е прва година на работа и немаат положено стручен испит. Кога ќе го положат добиваат +20%. Со стажот им се качува до кај 24000, а со звања може да се стигне и до кај 27-28000.
     
  5. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Нововработен зема 20 000 денари плата (со полн фонд на часови)
    Со стаж и со класно раководство, има што земаат 24 000, можеби и малку повеќе
     
  6. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    296
    Колку земаат вработени во туристички агенции? Вработените по хотелите кај нас? и Професор по некој странски јазик (приватна школа) со полн фонд на часови?
     
  7. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    За вработен во хотел, има голема разлика се зависи дали хотелот има и казино.
    Ако има казино, секако платите се повисоки.

    Инаку, колку отприлика земаат волонтерите на факултетите?
     
  8. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.973
    Воопшто за наставници и професори.
    1.Пред се многу зависи дали е во средно или во основно. Професорите во средно, во просек зимаат околу 1000 денари повисока плата од наставниците во основно (причина- времетраењето на средношколскиот час е 45 мин, а на основците е 40).
    2. Битно е дали професорот е со полн фонд на часови и половина фонд на часови. Ако е со полн фонд тогаш платата е околу 20 000 денари, а и доколку е класен раководител + 800-1000 денари повече.
    3. Првата година на работа и полагањето на стручен испит, односно државниот испит , не е услов за покачување на платата, туку гарант за добивање решение на неопределено време.
    3. Со стаж, долги години поминати во образование да платата може да достигне до 24.000 денари.
    4. Доколку работат во места прилично одалечени од местото на живеење, како некои планински села и сл. добиваат дополнителен надоместок за отежнати услови, како и за комбинирни паралелки ( прво и трето , второ и четврто заедно), со што со полн фонд, стаж и комбинирани паралеки и отежнати услови, може да достигне плата од околу 26-28.000 денари.
    5. А за награда истакнат педагошки работник- во парична смисла- не сум слушнала до сега


    Бар вака знам јас.
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Kолку земаат вработените во хотел?Kувар, пекар , келнер,собарка,садомијачи, хигиеничар....ве молам за одговор хитно ми треба.хотелот е со летна бавча, спа центар...
    Kаде може на нет да се најдат податоци за примања на различни професии во Mакедонија?
     
  10. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    ^Зависи..
    Хигиеничарки земаат околу 12-15000 илјади осигурани,а доколку одат само повремено,односно во викенди околу 800-1000 дневница.
    Куварите се сигурно нешто повеќе платени.
    Собарките земаат и тие околу 12-13000.
    Сепак платите најмногу зависат од ресторанот/хотело,дали е со помал или поголем капацитет,дали и колку е реномиран/луксузен и посетен.
    Хотелите особено со спа центри сигурно даваат убави плати.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bezzimena

    Bezzimena Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    39
    Дали знаете колку се платени вработените во СП маркетите? И во продавниците на Санда?
    Зошто гледам има на нивните веб страни можност за аплицирање,да знам дали воопшто да аплицирам,какви се условите за работа?
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Знае некој одприлика колку е платен менаџер на човечки ресурси, на пример во Комерцијална, Стопанска банка ??
     
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Дали знаете колку отприлика земаат асистентите на приватни а колку на државни факултети? Мене конкретно ме интересира за Јустинијан I, но и за било кој информација е добродојдена. :)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Зависи од звање и стаж. М-р зема околку 25-26 000ден со мал стаж, доцент околу 30-35 000ден, итн. на државен а на приватен знам дека малку повеќе земаат од државно. У суштина како напредуваш по звања така и се зголемува платата а и секоја год. имаш зголемување на плата од стаж.
     
  15. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    103
    Во Сити Мол за 4 саати работно време платата е 11 200, сите вие пишувате информации што не се точни. За сите што не сте сигурни не одговарајте, може на некој ќе му ги расипете очекувањата. П.С. Зборам за поголемите бутици :)
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Па сега, 11200 за 4 часа може и да има, ама навистина не сум слушнала, а знам некои кои работат токму во Сити Мол. Она што јас го знам е на пример шеф на продавница има 16 000 плата, со завршен факултет е и брка стотици работи одеднаш, не само продавање. А продавачките се до 12 000 за ЦЕЛО работно време и саботи и недели и се вклучено во тоа.
     
  17. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    103
    Во ред сигурно во секоја продавница различно се платени вработените. Еве јас работам во Сити на 4 часа сум пријавена и тоа е платата. Како што се зголемуваат часовите и платата расте но за почеток секогаш почнуваш со 20 саати неделно.
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Е сега, едно е на колку си пријавена, а друго е колку реално работиш. Ти може да си пријавена на 4 часа, ама да работиш 8 односно цела смена да си тераш...
     
  19. converse.brown

    converse.brown Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    103
    Aма толку работам 4 часа :D. Сакав да кажам дека веднаш ме пријавија, и имам 2 слободни дена во неделата,но никогаш не сум слободна за викенд бидејќи тогаш има најмногу гужва :)
     
  20. dorina31

    dorina31 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки сакам да прашам дали некоја знае колку се платени презентерите на кирби правосмукалките и како се почнува (во смисла ако сакам да работам каде и што треба да направам) ..ако некоја знае ве молам за одговор ..