Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Вработените во банка, колкава плата земаат? :?:
     
  2. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Koj знае од што живеаат овие ако не одат на работа :(
     
  3. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Ме интересира колку се платени стоматолози во Македонија отприлика? :)
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Која е платата на професионалните војници во АРМ?
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мислам дека скоро сите земаат плата од над 20 000 денари. Не верувам да зема некој под таа сума. Тие што се со високи позиции земаат и по 50 000 денари, ова е сигурно и проверено. Имам близок во АРМ и зема плата од 30 000 денари.

    Така што зависи од моменталната позиција што ја имаат, од чинот кој го поседуваат, искуството, годините итн. :)
     
  6. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Почетник наставник во образование зема околу 21000 што мислам дека е малце
     
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не е малку. Со текот на времето и стекнатото искуство таа плата станува 30 000. Е сега со овие апаратчиња за влез и излез им ги намалуваат платите и за да не се случи тоа мора да бараат подршка кај некој друг наставник да ги замени за тој час. И сега, тие самите се виновни. Доаѓаат кога сакаат, си одат кога сакаат, наместо да си седат 8 работни часа секој ден. Ако се научени, не значи дека не треба да работат, а да земаат толкава плата.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    13.544
    Пол:
    Женски
    Еден период на стоматолошката клиника им ги истакнуваа платите на вработените на влезот. 23 000 им беше на специјалисти по протетика. Смешно дури.

    Почетник стоматолог, тазе завршен, има плата 14 000 во приватна ординација (ова е еден пример што го знам, дали е општ стандард не знам).

    Бидејќи и јас набрзо ќе почнам да барам работа како стоматолог, моментално сум стажант, би сакала да слушнам уште информации на темава ако некој знае повеќе. :)
     
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    денес матичните лекари земаат и до 2000 евра плата никој нека не се жали ова можам да го потврдам засто во моето место има доктор кој е матичен и работи до 12 ч а сабота и недела го нема само зема пари од фондот и се збогати си купи стан од 60ооо евра џип од 16ооо евра прави зграда од 1 00000 евра и многу др работи мали коли добар луксуз е тоа е само општ лекарза информација
    Собираат пари и живеат луксуз а кога ќе појдеш на лекар упатот и те праќа на специјалист ете само за еден упат земаат толку пари а плус секоја инекција ја наплаќа по 50 до 100 ден. За едно боцкање тоа ли е малку да не збореме за повик дома посета на болен и т.н.
    Е јадни ние ..

    Земаат матичните најмногу во зависност од бројот на пациенти + услугите си ги наплаќаат по нивна вондредна цена
    Пример над 1600 пациенти х 50 ден + услуги за кај мене зборам посети на болни и т.н
     
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Мојот матичен работи во приватна (туѓа) ординација и зема 25000. Не се сите со исти или високи примања.
     
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Е па нека си отвори сам ординација и неека се обиде да профитира тоа е тоа
     
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека општо сите плати во Мк се мали и дека треба да се зголемат, па така ќе ни рипне и стандардот. Според мене плата од 20 000 па може и нагоре (пониска никако) би требале да земаат работниците со ниско образование, а со високо над 40 000. Така одма посреќни и весели ќе си бидиме сите :mm:
     
    На whiteButterfly, ADOKI и Macedonian.Horse им се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Убаво би било барем до 30000 денари плата за почеток не ќе е лошо со можност за качување
     
    На lightning123 и Elissa им се допаѓа ова.
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    30 000? Девојче, толку зима само директорот. Во основно образование е 20 000, за приправник 18 000, професор во средно 21 или 22 000. Платата расте за 2000 само со стаж (минимумот е 5 години), а до 30 000 не стига никако! А што се однесува до работното време, зошто би седеле по 8 саата, кога всушност нив работата после одржаните часови ги чека дома. Спремање на утрешните часови, прегледување домашни/тестови, ажурирање на е-дневникот, пишување дневни подготовки...Им измислија еден куп непотребна работа, па сепак не се доволно ценети како што биле ценети на времето!
     
    На LaBella, viviette, Madonna7 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Пиленце се гледа дека не знаеш навистина можда си чула нешто али не до крај.Почетник наставник доколку има свое одделение за што се плаќа плус 1400 ден значи он има некаде околу 21500 ден
    доколку нема одделение има помалку за 1400 ден , А наставник кој има 40 год стаж зема некаде околу 26000 денари значи он само од стажот има плус пари а замисли 40 години работи дури и без памет останува ..Луѓе едно дете дома неможеме да си го истрпиме а замисли цела паралелка ...?
     
    На viviette и lightning123 им се допаѓа ова.
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391

    Точно дека не знам, но тој соседот што е наставник во основно колку што знам, зема 30 000 плата. Така има кажувано ќерка му, а можно е и да лаже. Нема везе тоа, туку тој предава два предмета и плус е класен раководител, па мислев дека навистина зема толку. А, и ги имам слушнато наставничките дека поради апаратчињата им се намалила "многу" платата, т.е. сега им била 18. 000, а таа нема голем стаж. Млада е уште, па затоа...
     
  17. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Нема врска тоа со апаратчиња кој кажувал тоа е едноставно евиденција а ако некој има потреба да оди некаде има право за тоа .За плата нема шанси во основно да зема 30000 , а мислам и во гимназија нема такви шанси освен директорот кој зема плус ..така да комшиката што се фалела дека татко и земал 30000 само сакала да се дига ... Освен ако татко и има плус часови кои се доплаќаат
    А ако има помалку од 24 часа неделно нема шанси да зема 30000 ден кажав ја дирекно сум во образование и знам ...како е со плата
     
  18. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Епа не знам колку часови има, нема ваљда да му ги бројам. Тој предава Техничко и ФЗО (на две генерации), и плус е класен раководител. Физичко: 2 генерации * (4класа*3часа неделно)=24. Техничко: не знам.Одделенски 1час неделно. Значи има повеќе од 24часа неделно. Ете, ги израчунав, сега можно ли е? :)
     
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    колку се зема во Kарефур?
     
  20. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    што си барале си заслужиле кога ќе ми текне дека само гледаа во дневникот што ти работат родителите и од кое дете што можат само да искористат или ќарат па дуеа оценки или тресеа од ракав.....убаво се направија промените(сега не сите)ама нема ко порано и поради тоа што правеа порано повеќето од нив затоа сега трпат сите ама ако за да се ценети треба да се реални а не само да си играат со децата и нервите не родителите од инат пишуваа пониска оценка за да им одиш да прашаш што треба да доучи детето па да ти бапне мобилен од нивни колега што предава во друго школо да му го носиш детето на спремање т.е. да купуваш оценка :puke: срамота затоа сега им е вака да научат дека за да те ценат треба да заслужиш,а 30 000во основно нема шански :lol:
     
    На Unikatno Ime и mims-89 им се допаѓа ова.