Oва со 10 години искуство можеби е точно. Инаку почетници програмери земаат од 12000 до 18000,во првите 2-3 години а подоцна до кај 30000. Освен тоа не се знае ниту работно време ниту ништо.
Извини ама не си во право. Јас во фирмата во којашто работев почетници прорамери значи, имаше и што немаа уште дипломирано па зимаа околу 20.000 ден. Зависи се од фирмата И точно си знаевме колку ни е работното време од 9 до 17 часот, со мали исклучоци кога имавме незавршен проект и до малку покасно.
Не се за жалење? Сигурна си? Не е специјализиран доктор што работи за мизерни ЕДВАЈ 400 евра, во мизерни услови, за жалење? Човек што учел релативно прелесен факултет во однос на медицинскиот (ќе го земам за пример филолошки и без лични навреди) да зема иста плата со доктор? ВЕ МОЛАМ. И не секој доктор е хирург. Да, точно е дека хирурзите земаат повисока плата во однос на другите доктори со различна специјализација од нивната. А што се однесува до хирурзите ако сакаш да знаеш, работат како црнци некогаш и по 16 саати на ден за да земат денар плус, што би рекла ти да „ЛАПААТ“ пари.
Можеби таква била фирмата.Што не е случај со сите.Голем дел од нив плакаат износи што претходно ги наведов .Ова од лично искуство зошто работев во ИТ.Искуството и од колеги е исто. Освен тоа прашање е и дали се осигурани.Има многу што земаат над 20000 но не се осигурани,или се ама на определено време.Еден другар не знаеше дека е осигуран на определено време се додека не го промени работното место,а имаше потпишано договор дека е осигуран на неопределено. Е и тоа го има.
А што мислите за дипломиран архитект или пак за дипломиран градежен инжењер, колкава би била платата? Зборувам за на државно работно место за архитект а било каде за градежник?
Јас не знам колку е платата на општ лекар, но знам дека платата на еден наш семеен пријател кој е спец.по интерна медицина е 55 000, но со полни дежурства, а едно дежурство е 3 000 ден!!!
Тоа веројатно во приватниве клиники, а таму тешко дека има дежурства. На државно дежурството нередовно се плаќа, а и тешко дека фаќа до 3000 ден. Инаку, сега слушам дека докториве, без оглед на тоа дали се општи, специјалисти или хирурзи, ќе се третираат како државни/јавни службеници, со што ќе им се намали платата на рамниште на државна администрација, и тоа не оние што работат во Скопје, туку оние во другите градови, кои максимум земаат до 25000 плата. Кај го има тоа?!
Јас зборувам за тоа што го видов и што го знам од Министерството кај што работев, и да не го именувам, ама не е големо со толку многу вработени, како Финансии, МВР ... И таму, со сигурност, мојата колешка - технички секретар, со факултет земаше скоро 23.000 денари. Нејзината колешка од друга канцеларија со средно - некаде околу 15.000 ден. Не трескам, ниту зборувам напамет, само си кажувам тоа што го знам . Плата од 10 000-15 000 во државна администрација земаат само: оние со договор на дело, оние од служба за општи и заеднички работи, оние со авторски договор. Остатокот нема никој плата под 250 евра. Да не се лажеме сега...
Барам работа девојки би сакала да знам колку пари земаат професорите по Англиски јазик а колку асистентите по англиски јазик ?
Барам работа Пууф, па професорите накај 50-60 000 денари, а асистентите 20 000 некаде, од некои мои неофицијални извори знам така. Сега се зависи од стажот, од фондот на часови и сл.
Барам работа Не, мислеше веројатно на професорите на факултет, а во средно помалку некаде околу 18, 20 илјади
Уфф тоа е многууууу дискутабилна тема Не ја гледав емисијата, меѓутоа, тоа им се фиксните плати Претседателот за секоја посета зема плус пари За секој проект, за секое диндири миндири Така што, тие плати што стојат на лист хартија, не се и конечните кои ги ставаат во џеб
Девојки, вистина ли е дека најплатена работа во Мк е да си програмер? А знае ли некој што работа е "IT consultant" Случајно читнав нешто околу професијава..знае некој што конкретно се работи, во кои земји е популарна и сл.. читам дека била дебело платена, а како работа не била нешто многу тешка. Spoiler еден одговор од нет околу работава in UK you can earn a minimum of 40,000(GBP) and maximum of 120,000 (GB). If you can get the job earning this great. Sound like easy cash. I think I will apply too.
Што е со преведувачите, толкувачите? Дали некој е запознаен со тоа колку се платени и колку Македонија има потреба од толкувачи (не вбројувајќи ги акредитираните што работат за ЕУ)?
Јас ќе ви кажам малку невообичаена професија потполковник со воена академија завршено + дипломиран електротехнички инженер во министерство зема 35 илјади без други трошоци За дипломиран електротехнички инженер тоа е премалку, само ај. Приватно иако се ретки, земаат стварно високи плати. Кога би работел само како електротехнички инженер повеќе би земал отколку и двете работи каква нелогичност
А јас знам млад електротехнички инженер (со 3-4 години искуство) што до скоро земаше 9000. Па отиде да работи нешто сосема различно за повисока плата. Знам и машински инженери кои земаат 14000-18000 во фабрики, а работат по 12 саати дневно минимум. Кој како се снајде. Толкување е страшно добро платена работа ако си добар - а такви се малку, хонорар е 100-150 евра дневно за симултан во македонија, а надвор - боли глава.