Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. abcde

    abcde Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    13
    Ме интересира феминки дали знаете колку зима вработените во Ендомак? од сестра, технички до заболекари
     
  2. Kikc

    Kikc Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам колку зима плата козметичарките тие што имаат диплома? :)
     
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Ама стандардот не е ист.Стан двособен без струја, интернет 500-550 еу.Јадење рачунај минимум 300 еу по човек, освен ако многу пазеш и на јадењето, здравата исхрана е скапа, брзата храна ефтина.А каде се патот и додатни трошоци?За сам човек ти треба најмалку 1200 еу месечно за да преживееш.
    Толку зема општ доктор нето без дежурства, ама и тоа е мала плата.За некој што учил 6 години и решава за човечки живот...Исто така тука секоја грешка се плаќа-право те тужат, нема кој да те скрие, нема колегијалност.Значи има професии кои не се толку стресни, а се зема еднаква или поголема плата од оваа.Плус тоа тука доктор, не е како доктор во Македонија.Сестрата се ке ти сервира на послужавник, а ти само прегледувај и рецепти давај.Ако работи во болница, нема седење во канцеларија.Сам ќе си ги зема пациентите од пред врата,крв вадење е негова работа, не на сестрата, нешто слично како по приватните болници во Мк.
    Јас сум медицинска сестра по професија, ама заради јазикот, за почеток работам како болничарка.Пред некој месец земав ниво б2 германски и сега може да си ја преведам дипломата.Работата е исто напорна, не одиш речи-кажи трчаш.Ако имаш 6 саати, стварно толку работеш, многу пати ќе си скратеш од паузата за јадење да ја завршеш работата.Сестрата ја прави целата нега, кај неподвижен болен или помош кај болни кои не можат сами да ја извршат.Плата за сестри без дежурства 2400-2500 бруто(нето околу 1800).
    Сето тоа е резултат што имаат голем дефицит на медицински персонал.Почнаа да штрајкуват Клиниките(Шарите-Берлин најголемата операциона Клиника, во моментот оперираат само итни случаеви)поради недостиг на кадар.Бараат да има по плус уште едно лице(персонал) на смена.
    Ако работеш во болница спреми се да :muscle::D.
    Е, сега доброто е што стварно ценат труд,искуство и пред се квалитет.Прекувремето се плаќа или ти даваат слободни денови, имаш 30 дена платено отсуство без празници и викенд.Ако си стварно болен,без разлика колку да си отсутен се ти е платено и не смеат да те испудат од работа.Ако си бремена исто има закони те штитат.
    Ако некој стварно сака да дојде тука, а има диплома од медицински факултет, може одма да најде работа.Единствена пречка јазикот:Доктори ц1, сестри б2.Добиеш ли диплома за јазик не ти треба ни бугарски пасош, ниту па на некој да платеш да ти најде работа.Со вакво ниво на познавање на јазик сам ќе си ја најдеш работата.
     
    Последна измена: 28 јуни 2015
    На Oscar Lady, glosipgirl и Chemical им се допаѓа ова.
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Kolku zimaat plata farmacevski tehnicari vo apteka a kolku onie sto rabotat vo labiratorii?
     
  5. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали е мала или голема аптека платите за техничари се околу 12-14000. Ама има гооооолема разлика во условите за работа. Во поголемите те цицаат за тие пари а во помалите идеш и на дошколување, семинари и предавања. Има разлика
     
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Дали некој знае колку земуваат вработените во Марбет обложувалниците?
     
  7. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    profesiite vo republika makedonija se plateni onolku kolku sto ti se jaki vrskite
     
    На Tinushka и Twins2007 им се допаѓа ова.
  8. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Колкава плата зимаат адвокатите?
     
  9. Kiti2.0

    Kiti2.0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Платата на фармацевските техничари ретко кога е поголема од 1200. Според мене оваа професија не е доволно ценета и воопшто не е платена.
     
  10. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Па што сакаш да е ценета, кога работат како продавачи на лекови, дали Тинекс или аптека исто ти се фаќа.
     
  11. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Во Македонија со чесна работа тешко можеш да заработиш и да напредуваш во кариера а во последно време би рекла дека е тешко со чесност воопшто и да дојдеш до работа. Имаш на располагање 3 опции, или да заминеш надвор, или да имаш партиска книшка и да те мкнат по митинзи или да се претвориш во лесно морална жена и да им се тртиш (со извинение) на сите што се над тебе за да можеш колку толку да напредуваш и да имаш пристојна плата. Која и да ја избереш од трите опции ќе мора да си го ставиш достоинството под нозе и да го гази кој ќе стигне па дури и оној кој не ти е ни до колена.
    Можеби ќе звучам малку феминистички но мислам дека во Македонија е ужасно тешко да си жена а уште потешко да си успешна жена, не џабе останало она да за секоја успешна жена веднаш и се лепи етиќета на не морална жена.
    Јас не глумам некоја светица но според мене по чесно е да бидеш ку*ва и за тоа да бидеш платена, отколку да си го дадеш га*от под ќирија па цел живот да бидеш она првото ама да се преставуваш со професијата која ја вршиш благодарение на тоа што им ги празниш алатите на претпоставените кои еден ден кога ќе наиде некоја позгодна, поубава која ја бива повеќе од тебе ќе те шутнат како ѓубре по улица.
    Ви делувам како да сум малку разочарана? Не, само сум реална.
     
    На Olgica.bu, Gosh, Twins2007 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Ljupka24

    Ljupka24 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае отприлика колку земаат гинеколозите во Скопје или некој друг град
     
  13. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Сакам да прашам некој ако знае колку е отприлика платата за медицинска сестра или акушерка?
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.485
    Допаѓања:
    251.146
    Административен работник во Систина колку зима, имаат огласи, плаќат ли добро?
     
  15. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Знае ли некој колку е почетна плата во државен завод за ревизија?
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Почетна е 22 000ден (толку дава Буџет) е плус ако имаш лиценца, дали си м-р, години стаж....така да стига до 30 000ден ако си почетник со лиценца.
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Докторите во помалите градови земаат и до 25 000, а во поголемите не се ценети, од 12-15 000. Во последно време нема доктори па креваат демек на плата, ама во овие (не) услови кај и да е, сите ќе заминат од овде.
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Дали знае некоја колку плата им даваат на работниците во туристичките агенции?
     
  19. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Колкава плата земаат продавачите во Sportvision?
     
  20. blackbeauty123

    blackbeauty123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам дали некој знае колкави се платите на стоматолозите ? :D