Зависи, многу тежок факултет Електро а да е толку платен ама ете, дури и тоа е релативно каде како.Инаку, секретарка во Основен суд Скопје 2 зема 18 илјади со филолошки факултет
За професорите во средно платата им зависи од стажот.Ни кажуваше проф. по социологија дека новите зимаат отприлика 18-20 000. а понатака зависи од стажот. она со стаж од 20-30 год зима до 26000( од прилика толку...)
Не бев повикана јас да одговорам ама можам да ти објаснам Толкување уствари е преведување, ама не на пишани документи и книги туку усно преведување во текот на конференции, различни состаноци и слично. Има симултано и консекутивно толкување. Во првото си сместен во кабина и преведуваш на микрофонче во исто време додека во позадина зборува тој што го толкуваш, а консекутивно некој кажува 4-5 реченици, па ти преведуваш, па тој продолжува итн. Хонорарите се високи, ама како што кажа Ариел и многу е мал бројот на тие што се реално компетентни и добри во работата.
Уф, јас планирам да одам на Превод и Толкување. Знам дека акредитирани толкувачи има многу малку во Македонија, искрено и смерот ПИТ го сметаат како еден од полесните... Не знам зошто, не е баш лесно да зборуваш тата мата два јазика. Плус и збунувачки е кога еден зборува, а ти истовремено мораш по него да толкуваш, јас дома со сестра ми се вежбам - таа зборува а јас преведувам на англиски. Дај Боже се со арно да биде, да завршам и да бидам успешна во тоа што го работам, затоа што стварно ги сакам јазиците. На крај краева, со два јазика кои добро ги познаваш имаш отворени повеќе врати. Ќе го правиме муабетов за 5-6 години, ако бидам така платена како што кажа Ариел...
Добро (да не кажам предобро) платена работа е во казината (поголемите). Осигурени се на 12 000 но типсот многу им вреди кој изнесува не ретко и колку самата плата. Се на се им се збираат по 20 000 во просек месечно за работни места како келнер, домакинство, итн. Шанкерите се со нешто повисока плата. Дилерите или чиперите зиммат по 500 евра плата без типс, типсот им е плус. А за менаџерите да не зборуваме, испод 1500 евра не се. Но, затоа пак работата е повеке од напорна, се оди во 3 смени, слободен ден може ке имаш а може и не оваа недела, на работа нема празни муабети, или не дај боже да те фатат да зборуваш на мобилен, да си овиснат на шанкот, или гостинот да не е задоволен од нешто. Или ти кратат од платата или отказ. Ретко кој издржува вакво темпо на работа. Ако некој ја потценува работата како келнер или шанкер да му појаснам дека е во голема заблуда. Не се тие еден куп глупи луге кои немаат образование. Половина од нив имаат завршен факултет но знаат каде лежат парите. А и не ги примаат на работа туку така. Мора да знаат минимум 2 странски јазици, да изгледат добро надворешно и да имаат трошка основна култура (да знаат како да се однесуваат со гостите итн).
^малку вон тема, но од неколкуте пати кога сум била во нашите казина, сите од вработените и на мобилен си збореле и меѓу себе празни муабети Или не е до толку строго или овие се погодиле такви
Зависи во кои казина си била. Затоа погоре напишав Поголемите хотел-казина. Прашај некои Гевгеличанки овде на форумов каква е ситуацијата во казино-хотел Фламинго, и новиот Принцес.
Точно е за во новиот во Гевгелија Имам познати таму работат. Платите им се огромни, ама нема мрдање, не само во казиното, во целиот хотел.
Епа ако е за во Фламинго сигурно бил некој менаџер или одржувач (не хигинеичар) кој има службен број со кој може да зборува на телефон. Го знам ова бидејки имам познаник таму кој работи и зборуваше за ситуацијата.
Црешичка, не сум до толку па да не знам дали девојките беа менаџерки."Како беше вчера" мислам дека не е службен муабет.Кажувам тоа што го видов со мои очи, а какви им се правилата не знам, а и не ме интересира. Да не бидам ептен надвор од темата, микробиолог во Државна зема 40 000, помлад асистент на еден државен факултет 35 000, вработен во Тутунска на не многу висока позиција 30 000 и плус чести бонуси.
ЗА ФАРМАЦЕВТИ СИ ГРЕШКА, ИМАМ СЕСТРА ФАРМАЦЕВТ И ЗИМА МНОГУ ПОВЕКЕ ОД ТОА 15 000 може зимааат без лиценца 3 дена после дипломирање, обично толку се без работа 2 до 3 дена јас имам плата малку поголема од просечната македонска ама не сум задоволна несто екстра во нлб тутунска имам комшивка 800 евра
Платите се многу големи.Обичен келнер месечно одприлика зема по 50 000 денари (плата,типс..) за останатите да не зборувам.Сите сакаат таква плата но секој не може да го издржи тоа темпо на работа особено не жени со семејство(навечер работиш турбо ,преку ден спиеш и се така)Инаку сакаат само млади деца и се прават договори на 3 месеци така што живото не ти е загарантиран Инаку сакам да прашам по колку земаат вработените во полиција?
Девојки дали знаете како се движат платите на професорите по странски јавици во приватните училишта во Скопје?
Kолку се платени воспитивачките,учителките,наставничките,педагог и психолог во школо, козметичари и шминкери и слично што се работи во козметички салон???
За козметичарки немам поима да ти кажам искрено , најверојатно зависи во кој салон работиш, ама сепак мислам дека воопшто не земаат солидна плата.Што се однесува за воспитувачки и слично тие земаат околу 20.000 денари , зборувам за почетна плата без стаж.
- козметичарките, шминкерите, фризерките кои се самите газди (дури и на мали салони) се турени со пари (пр. кај мојата козметичарка депилирање нозе е 400 ден, ме прави за 35 мин., а некому тоа му е цела дневница!!!). вработените во салони земаат околу 9000-10 000, или повеќе зависно од салонот. - наставниците во основните школи земаат околу 20 000 и повеќе. жално е што секогаш се жалаат за поголеми плати, а преку викенди се слободни, имаат летен и зимски голем одмор, после секои 45мин.час имаат по 5 мин пауза, па имаат голем одмор, а ако им е мака ќе им зададат некоја задача на учениците да помини времето. Платени им се екскурзиите и храната на екскурзиите. Башка земаат хранарина и патарина. А, наставниците по некои забаталени села, предаваат по 4 часа дневно, и оп си земаат 23 000ден. в џеб. Познавам неколку такви. - Во текстилните погони некои земаат дури по 4000-5000ден месечно, што е навистина жално, а работаат како робови. Не познавам ниту еден газда на текстилен погон кој е нормален, сочувствителен човек!
43 000, програмерка. Инаку, сакам да ги нагласам следните факти и да продискутирам за нив: - ова ми е прва работа, значи почетник сум, и до сега сум 4 месеци на работа. - фирмата е странска. - имам луда среќа Првото и третото некако одат заедно, бидејќи во Македонија многу ретко почетници земаат толкава плата, знам многу мои колеги што работат како почетници за 18 000 - 20 000, па и помалку.Така што навистина имам луда среќа што се вработив овде каде што сум. Сигурно поради тоа што фирмата е странска земам толкава плата. Реално, програмерите во странство се платени и повеќе, особено ако имаат искуство. Сакам да нагласам дека македонските фирми за софтвер максимално го експлоатираат трудот на програмерите, што е навистина жално Толку имам да кажам за сега, поздрав
Другарка ми е Дипломиран Инженер Архитект со лиценца и работи во фирма за 15000 денари. Девојката не е од Скопје, ја начекал “газдата“ дека мора да плаќа кирија, сметки, да се прехрани и ја малтретира за ситна пара. Повеке од година дена бара друга работа ама верувале или не, не се наоѓа.... Трагедија. Девојката што ме депилира во козметички салон зема плата 14000 денари а нема завршено ни средно образование, сега ке полагала вонредно....