Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    A sho demek 500 evra za nashi standardi e losha plata? Groto luge za po 15 do 18 rabotat..nazalost!
    I Izvini minimalec u koja drzava e 1300 eur i shto podrazbira rabotnoto mesto?
    Ako me citase.pogore jas zboram za od fakultet iskoceni studenti tabula rasa.. da bideme iskreni posle fakultet nikoj realno ne znae nisto da raboti, samo od teorija ni ostanuva.. faks e edno rabota e drugo.
    Isto ako me citase pogore da ne se citiram, se proiskazav deka ne se soglasuvam so niskite minimalni plati no i deka da se ocekuva prvicna plata 500 eur kade sto prosecna plata e 23 iljadi denari e smesno.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Па никој од нас не кажа дека очекува плата од 500е од почеток, што не разбра ти од напишаното?
    Ама да тврдите како 100 и 200е се нормални плати „некое време а потоа отом потом“ е смешно и личи на изживување искрено.

    Неработници биле, такви биле, онакви биле. Кај се најдоа пак сите газди срцки, еве не знам.
    Секој има право да си го смени работното место ако не се пронајде во него, не си должен да се полниш со нервоза ако околината на работа те фрустрира. Па голема работа, не издржувале ни 3 месеци. Ете ти издржи со 10-12.000 плата на долг период, ако ти е убаво така.
    Не се согласувам дека никој од факултет не знае да работи, особено не солиден студент кој бил посветен и кој редовно одел на пракса и не се шлепал само за потписи во некоја фирма каква и да е.
    Тоа што факултетот стана лесно достапен за сите го спушти додатно критериумот, па искрено во денешно време високото образование и не е така релевантно како што било некогаш и има многу неквалитетен кадар.
    Многу, не сите како што тврдиш ти.
     
    На cresa-jagoda, sparklie, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  3. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Зборам за во Германија каде што минималец е 9 евра од саат. Работев во бургер кинг, каде што едвај треба да знаеш 2+2 колку е, а не па факултет да имаш.
    Да не зборам таму кога ќе завршат со факс колку им е плата, тоа за нас е нешто недостижно :D
    За наш стандарт е ок 500 евра ако веќе имаш стан од мама и тато па да плаќаш сметки само и храна да си купуваш. Цените во Германија во маркетите е отприлика како нашите, не е скапо како што се мисли освен ако забегуваш и купуваш био храна.
    Така да истите цени а тродупла плата..и кирија плаќав и пазарев, а да не зборам за шетање и шопинзи. И ете пак ми остануваа пари.
    Така да со нашиве набиени цени и нашиве плати, 500 евра е ок за млади како мене, а ако имаш деца или ако треба стан да купиш, отиде јабана со кредити до гуша.
     
    На mKdevojce, marta993, sparklie и 14 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @kim.k па во Германија двајца со минималец комотно може да си гледаат семејство. Може нема да има за да се расфрлаат - ама за пристоен живот и се што им треба дефинитивно ќе имаат.
    Во Македонија двајца со минималец може само да се сликаат. Тоа е разлика што мора прво работодавците да ја сфатат. Многу им било 200 евра да е минималната, а на грбот на тој работник тие заработиле 2000 тој месец |( абе ајде...
    Работничката класа да ти гладува... жално е... пожално нешто немам видено.
    За тие што просат не ми е жал колку за некој што знам дека работи, а нема.
    200 евра пари ли се :doh:
     
    На Someonespecial, YoungandBeautiful, Bender Rodriguez и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Vidi moze do utre da polemizirame, na kraj kraeva sekoj si ima svoe mislenje. Jas ne sum rabotodavach, pa da ti dadam objasnuvanje zosto nekoj dava tolkava ili volkava plata.
    Jas samo ja kazav i drugata strana, bidejki koga ke mi donesat asistent koj treba da mi pomaga vo rabotata a ocekuva da mu objasnuvam.kako na prvache pribidejki ne znae nisto, mene mi e tesko koga si odat i odponovo ucham novi luge. Sum rabotela i so luge koi imale prosek 9.7 i slicno pa vrska nemale.
    Isto taka i jas imam raboteno za 0 denari 1 godina, znaci postojat firmi kade sto ne se ni plaka praksa cisto da si znaete, pa znam kako e ne e deka ne znam.
    Isto taka, zavisi i sto profesija si neli? Site znaeme deka se razlicni cenite na trudot vo razlicni profesii. I toa otom potom ne e za milion godini tuka e za godina dve i platata voobicaeno se zgolemuva duplo..za plus uste 2 godini troduplo i slicno. Zboram za.mojata profesija, ne za drugi profesii.
    Vo poveketo drugi rabotni mesta nema ni zgolemuvanje..so godini..
     
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Со 100 евра можеш да покриеш пат и јадење, ако си пушач ке мора да бараш од дома.

    Знаете, проблемот лежи тоа што газдите се полнат со пари а даваат некоја минимална сума, колку да се каже.

    Очекуваат солидни студенти да работат, ама онака квалитетно работење, со покажување способности и учење нови вештини, со посветеност итд итд а даваат трошки кои не можат да покријат основни потреби.
     
    На cresa-jagoda, sparklie, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Abe Germanija, ne me zezaj :) 2 po rang vo Evropa po ekonomija.
    Mozebi ti sakas da rabotis u burger king ama ete jas ne sakam. Fakultet za toa li sme.uchele? Za da rabotime vo Burger kong ili kako housekeeping ama bitno da se maame u gradi deka ziame 1300 eur i deka ni e top a nashava drzava e katastrofa.

    Top se Germanija, Svajcarija, Holandija, Belgija i sl. Ajde odi raboti vo Srbija, Bugarija, Albanija, moldavija, Latvija i slicno. Kolku e tamu minimalec? Zosto nikoj ne gi spomnuva tie zemji?

    Jas koga pred 10 godini bev da rabotam u USA koga se vrativ bev vo.depresija...svetlosni godini sme nanazad.od niv..i sea so da praam? Aj da placam ako ne..posto tamu na moja pozicija zimaat 30 iljadi dolari mesecno..
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Епа јас не сум учела за да му работам некому за џабе, за 0 денари па и цела година. Апсурд. Тоа си е твое. За мене, тоа е еднакво на губење време.
    Пракса е едно, работно место е друго. Праксата е задолжителна за студентите, а дали работодавецот ќе ги плати тоа е негово. Но кога се стапува во работен однос, „практикантска плата“ од 100е е жива глупост.

    И јас не би седела со години во фрустрирачка работна околина во која гледам дека надредениот баш и не се замара со моето вложување во работата.
    А за просекот на факултет да не зборам - нема ама баш никаква врска, кажав веќе дека високото образование не ми е мерило за нечија интелигенција или способност.
    Солиден студент се однесуваше на друго, ама нема врска зашто и онака нема да се разбереме, па доволно беше од моја страна.
     
    На cresa-jagoda, sparklie, Someonespecial и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Lavica2016 тој период на учење на "првачиња" колку време трае? Месец, два, три? Сигурна сум дека не повеќе од тоа.

    Не не зезај, дискутираш со луѓе кои одат на факултет, знаеме како се учи и како се добиваат оценки. На факултет се стекнуваш со одредено знаење, ти требаат месец-два за да влезеш у штос, ама и студенти со помал просек можат да совладаат одредени вештини. Освен ако не работиш у фирма која произведува роботи или се занимаваш со нуклеарна физика, муабетите ти се излишни.

    Ја ти гарантирам дека оние што завршиле "на среќа" не одат у фирми да учат и да работат за мизерна плата, си имаат работа уште пред да запишат факултет. ;)
     
    На JuLleE, Someonespecial, YoungandBeautiful и 8 други им се допаѓа ова.
  10. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Како прво не се мавам во гради со тоа колку плата сум зимала, самата кажав сега колку зимам а тоа не е за фалење туку е жално.
    А факултет тука се учи за да зимаш 200 евра плата ама битно факс имаш?
    Ако бирам дали да работам на почеток во бургер кинг некое време па да продожам на нешто повеќе или да имам факс завршено и тука да работам за бедна плата, за мене ќе да е првото.
    Баш ми е небитно во државава дали имам фалултет и ради тоа парче хартија да се радувам кога пари ќе немам.
    Едино најдобро некој признаен факс од тука и работа по струката во некоја развиена земја.
    На пример ете место да паѓаш во депресија си можела да побараш работа во Америка и да зимаш 30.000 долари, а не 30.000 денари.
    Ама сфаќам не сака секој, јас сфатив дека колку и да е жално побитни ми се парите него ли професијата, колку и да сакам нешто ако не ми носи пари за утре тоа џабе ми е. :)
    Ако ти е тебе ок терај си, ама неможе секој да чека 2 години за да му накачат на 200 евра плата.
     
    На cresa-jagoda, marta993, sparklie и 15 други им се допаѓа ова.
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    ^Ако треба да бирам помеѓу работа по струка со факултетско образование во Мк за 400 евра и Работа во бургер надвор за 1 400 евра, без размислување бургерот би го избрала,макар и два факултета да сум завршила.
    Газдите знаат на кое место сме по невработеност и затоа не се ни трудат да зголемат,уште кога ќе слушнам ако не сакаш ти за 12 друг ќе работи за 10 000 ми иде да се отрујам.
     
    На cresa-jagoda, sparklie, Someonespecial и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    А да, ке заборавев. Сте се фатиле за тие 200 евра. Еве да речеме првите три месеци додека сум на т.н. обука би прифатила да работам за минималец. Ама и тие три месеци ке поминат, што после тоа?

    Ке ми понудат покачување од 50 или 100 евра макс, и што после тоа? Јас ке нудам знаење во кое сум вложила години студирање и не така мала сума на пари и ке имам вештини да работам самостојно за платичка од 300 евра? Што можам ја да направам со таа сума на пари?

    Е уште еден проблем има, ке ме прашаат дали имам деца и дали планирам да раѓам. Ако конкуренцијата ми е маж, тој ке ја добие работата.
     
    На Someonespecial, YoungandBeautiful, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    50/100 евра покачување:o знаеш ли колку пари се тоа:o
    Во една ординација работев година дена за 12 000 и после тоа го добив ветеното покачување...13 000:Dне е смешно трагично е ама ај...
     
    На marta993, Someonespecial, YoungandBeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Vo kompanijata kade sto rabotam od 50 vraboteni 8 se maski/mazi ostatokot se zenski/zeni:)

    Na nitu edno intervju ne e postaveno takvo seksisticko prasanje. Ne deka nema i takvi intervjua po drugi kompanii, ama cisto da kazam da ne generalizirame.

    Isto na primer eve ne se 300 evra tuku se 450..na 25/26 godini ne se dovolni?

    Zaboravate deka ima luge koi rabotat i nikogas ne dobivaat pokacuvanje, ama i dokolku spagate u grupa na sreknici 50 ili 100 eur vi se malku pokacuvanje...
     
  15. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Tocno e deka sekoj Si bira sto saka vo zivotot, na nekoj mu se bitni poveke pari i saka da raboti vo stranstvo. Drugite sto ostanuvaat se neli bog da cuva ako "trpat" plata.
    Jas mislam da im otideme na doktorive i da im kazeme ich da ne specijaliziraat i da frlaat pari za specijalizacija. Neka odat da si rabotat u Germanija, nas ne ni trebaat doktori specijalizanti i sl.
     
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Твојата фирма е една од ретките. Но не е тоа тема на муабет.

    Не се доволни. Прво, не се доволни за трошоците, едноставно за цените во маркетите и сметките потребни се многу, ама многу повисоки плати. Да не правиме муабет за уживање во животот. Второ, фирмите имаат толкав обрт на пари, што е безобразно да нудат толкацки плати.

    Не сум заборавила и жал ми е за тие луѓе. Јас знам за мене дека можам и сакам подобро.
     
    На Dust, CaraMia и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Ama vidi i temava e Kolku se platrni razlicnite profesii vo Makedonija, pa nie fativme off topik temi za rabota vo stranstvo i slicno.

    Plus nanazad koga citav niz temava platite sto gi procitav za rabotnite mesta se mnogu niski, vo sporedba so tie 450 evra se premija.

    Sekoj znae i saka podobro.
     
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    @Lavica2016 12 000? Па кој сака да дава максимум од себе за 12000? Никој. Не се ни чуди што бегале за неколку месеци, никој нема да чека 2, 3 години на покачување, секој сака и може подобро. Од друг град ако доаѓаш у старт 3000 ти идат на месечна, па ако треба и градски превоз...Што се замислувате па да кажувате 200€ биле супер, земи работи штом е супер.
    И самата кажа зошто сме учеле факултет за да работиме во Бургер кинг, а сме учеле ли за да не цеди некој за 12 000. Тие пари треба да ги земаат првите неколку месеци и тоа е тоа. А не со години ке работам за ич што се вика, а газдата ке плива во пари.
    Па барем во Бургер кинг ке работам, ама знам ке имам и по ке сум ценета него тука.
    Како го почна муабетот мислев 400 давате почетна, оно 200 било, а они нашле па зашле си идат, срам да им е...Ке си идат, камо среќа сите млади да имаат свест па да ги бојкотираат таквите газди.

    Друго како очекуваш некој да работи, ако не му покажеш како треба? Во сите нормални земји месец дена те обучуваат па после работиш, без разлика од каде си дошол и со какво знаење, зборувам за почетници. Само кај нас искомплексирани шефови се лечат на почетници посебно. Друга причина не гледам зошто надредениот да не ти покаже што и како треба. Ти демек научена седна прв пат да работиш...
    Единствено, ако произведуваш нуклеарни реактори те разбирам и се извинувам :D.
     
    На marta993, YoungandBeautiful, sparklie и 15 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знам еве...
    Никогаш не би останала на работа ако знам дека тоа е максимумот што можам тамуд а го добијам. Колкава сака нека биде платата, ако знам дека колку и да работам никогаш нема да мрднам напред, не би имала желба ни да работам. Потребен е стимул, посебно затоа што сум млада и независна. Сега ми е моментот и да соберам искуство, ама и да ја градам кариерата. Каква кариера ќа градам на 40 години?
    "Млади сте, да не сакате 500 евра" никако не е оправдување. Сум била и јас на обуки, сум работела за помала плата (макар да ни тоа не било 200 евра, ама ајде), ама сум знаела и знам дека не е тоа плата за која ќе работам ни 6 месеци, а најмалку година-две-три па отом потом...
    Парите стануваат се помалку вредни, животниот стандард расне, не можете да очекувате пред 10 години и сега да давате иста почетна плата на вработените.
     
    На marta993, sparklie, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Абе и @Lavica2016 ја сфаќам со муабетот дека фирмите си имаат мака да најдат салам вработени, а факултетиве се станати жив виц. Мислам, кога ќе се сетам на дел од моите колеги од група и кога ќе помислам каков квалитет нудат тие на пазар, срамота стварно. Убедена сум дека се среќавате со све и свашта на работа, ама не си ти крива за тоа, целиот систем смрди.

    Само знаеш...... муабетот дека 500 евра плата за наши услови не е лошо, а и тоа дека на млад човек му се ете, доста, 400-450 евричи, не ти е океј.

    Можда биле доволно во некое минато свршено време, денес не знам, според мојава математика ни 200, ни 250, ни 400 евра не ти стасуваат за да живееш лагодно како што живеат на Запад. Чувај Боже некој непредвиден трошок да испадне. Можда порано тоа било јака плата, според мене, денес тоа треба да биде нормална плата. Повеќе на темата овде - shrinkflation

    Со тие пари не правиш ништо, ни можеш да се осамостоиш, ни да вложиш во нешто, ни да направиш нешто, можеш само да живееш дома со твоите и да тргаш по некој денар настрана. Ете јас кога земав толку пари, со таа плата толку успевав, можда па јас не знам да се организирам. :)

    А да си купи млад човек сам убава кола, стан, куќа, да прошета низ светот и слични други сосема НОРМАЛНИ работи без притоа да штеди на све и свашта, не идат у предвид со таа плата, па не знам каква математика сакаш направи.

    Е од такви муабети си патиме во државава и тапкаме во место 27 години - ај бе доста е, тоа е тоа. Во старт нечија амбиција се кине заради тоа што знае дека ќе стаса до некое ниво каде што нема повеќе нагоре овде.

    Па нормално ќе отиде народ во странство, ќе поработи малце, па ќе си дојде назад, ќе поработи тука и ќе рече - па чекај, ја будала ли сум? Е тоа е таа разлика на милениумците и малку постарите генерации од нас.

    И да, ме вадат од такт фирми и фирми4ки што вртат не десетици илјади, туку милиони евриЌи, ама пак ги плаќаат вработените по 15, 20, 25 илјади (во најдобар случај) и очекуваат да им се клањаат.

    Океј е, не мора сите да бидат магистри и доктори на науки за да земаат пристојна плата и да имаат пристоен живот. Ако може без да бројат денарчиња на каса во Кам и да јадат макарони од 16 денари.

    Не научија и не научија дека среќен вработен е еднакво со добро платен вработен. А среќниот вработен ќе се труди и ќе работи петпати повеќе од несреќниот, има нешто што се вика work engagement и што за жал, кај нас не е на нула, него во минус. Е тоа кога ќе се крене, тогаш нема да ти идат луѓе изгубени во свемирот на работа. Ама љубов спрема работата и човечки ресурси се уште една сајанс фикшн тема во државава, обично постојат само за да наоѓаат дупки у закон и да гледаат како да ќарат повеќе фирмите на грб на вработени. :)

    Иначе, ништо лично спрема тебе е дискусијава, само те искористивме сите како „канвас“ да си го кажеме мислењето за платите. :)

    И да не бидам офтопик по 20-ти пат, земам толку колку што ќе си изработам. ;)
     
    На cresa-jagoda, marta993, Alex.T и 15 други им се допаѓа ова.