Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Затоа и нема кадар во Македонија, затоа бегаат луѓето, затоа што на местото на хирургот го ставиле ѕидарот да оперира.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Britneyboy

    Britneyboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Па еве на пример плата на вработените во централа или евн билинг?
     
  3. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Обичен камионџија?? Дали ти си свесна тој обичен камионџија за таа плата што се трпи, дури ке кажам и малку и е таа плата. Дали си свесна ддка тој обичен камионџија кој што е 2-3 месеци излезен од дома спие во камион, јаде во камион, основни потреби врши во камион, плус што фамилијата ја гледа 3 пати годишно по една недела. Ако е татко замисли децата не си го гледа. Те молам друг пат пред да го пптцениш тој '' обичен'' камионџија прво размисли. Недај боже да си зависна од обичен камионџија сигурна дум дека нема така да размислуваш.
     
    На mssuniquee, candy.cane, Chanell* и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Никој не вика дека работата на камионџијата не е тешка,далеку од тоа. Секоја работа си има своја тежина.

    Но треба малку да ја гледаш и другата страна. Додека луѓето кои студираат (вложуваат во себе за време на студирањето и притоа не можат ништо да работат,затоа што сето тоа бара максимална посветеност), тие камионџии за тоа време работат, ствараат,живеат ,не си ја тупат главата,немаат стресови дали ќе помине на испит или не, дали ќе му стигне џепарлакот за овој месец и не се зависни од некого.
    Е сеа овие ,,факултетџииве'' сигурно не учат за лепе очи, учат затоа што сакаат подобар живот за себе и подобри примања.Па ваљда не некој се мачи да оди на факултет , да тупи мозок и да биде израмнет со тие што не се образувале. Ваљда би требало да има некоја вредност тој факултет, зошто тогаш би студирале? Или пошто онака сакаме да потрошиме 5-10 години од животот ?

    Само на Балканот камионџијата зема поголема плата од докторот, што е срамно! Поради тоа и сите си заминуват.
     
    На candy.cane, Alex.T и Feminka192 им се допаѓа ова.
  5. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Те читам и не можам да ти се изначудам, стварно. Додека тај шо студира е под стрес дали ке мине испит или не,камионџијата е цело време под стрес, со очи четири отворорени. Нема ни текнува спијам ми текнува шетам со другарки, па после ке учам.Па ке се дотерам викенд ке излезам. Каков живот си тера жити се во камионот седнат цел ден. И овие студентите на медицина тука во Мк се'' утепаа'' од учење(со чесни исклучоци). Незнам дали си имала прилика да гледш како минат испити. Едвај завршил средно после 10 години го гледаш докторирал на медицина. Смешки у боја. Кога студентите на медицина ке учат како што се уче во странство тогаш ке кажете дека се под стрес. Оди заврши медицина во Аустрија, Германија, Швајцарија да видеш што е стрес и како таму се уче. Не тука секој втор на медицина студира,испити мине со 6ки и после тој ке те лече има добри доктори од постарите генерации што го фатиле времето кога така лесно не се завршувало факултет штета што се веке пред пензија. Добрите доктори што завршуваат денес ги бараат во приватните клиники, и тие земаат добра плата ама таму не мине врсботивање со роднински врски и 6ки, 7ци.Оваа денес е хаос се живо и диво мине. У никој случај не ја споредувај платата на докторот со платата на камионџијата, овие две работи си имаат и те како свои тежини. Можеби на докторите и мала и треба да се покаче, ама не можете да кажете дека и камоонџијата не си ка заслужува платата. И акј распрашај се те молам тие камионџии што возат за странски фирми колку плата земсат, еве јас да ти кажам додека нашите што возат за газди македонци зземаат плата околу 2 000 евра, кај странски газди земаат 3000 евра. И не лупам туку така ти кажувам сигурна информација.
     
    На candy.cane, Animali, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Па оди заврши за доктор ако е така лесно како што го претстави ти, што толку се ,,мачиш'' да бидеш камионџија?
     
    На Dream-Girl, buba4e89, Feminka192 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Зашто при обид да ја докажете својата поента и да испаднете у право, не размислите претходно и немате у обзир дека потценувате и омаловажувате некој друг, за да самите испаднете поголеми ? На форумов сигурно има жена која го чека тој некој си таму камионџија да се врати жив и здрав, сигурно има и дете кое чека да си го види татко си и да му каже што пропуштил за 3 месеци., за да двете страни прочитаат од вас, како многу му се парите.

    Факт е, дека и двете позиции се слабо платени и тоа е тоа.
    И кога сакате да правите такви споредби, споредете еднаш со буџелариве, не задевајте луѓе кои здравје оставаат на работното место, какво и да е, за да земат каква таква пара и да издржат семејство.
     
    На Golden, candy.cane, T.e.d.d.y и 16 други им се допаѓа ова.
  8. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Женско сум, ич не се мачам да бидам камоонџија. Да ти кажам пример мојот прв братучед на 20 годинин ја остави женската бремена, со близнаци, и мораше да си тера чааре да ги гледа тие деца нњкако и е камионџија веке 4 годдини. Некогаш околностите не созволуват да продолжиш со студирањето,оти не сите деца се тато носи мама пече. Децата се 4години веке и за овие 4 години ни една нова година не е поминал со нив и жена му, ни еден велигден. И ги гледа на секои 3-4 месеци, ои 7 дена. А додека студентот на медицина е со фамилијата и за него важи секој празник. Без ич учење не велаам дека се мине, ама факултето за медицина не е како што некогаш е бил. Некогаш нашите баби кога студирале медицина било стварно за пофалба, а сега го направија како и секок друг факултет. И ај кажи ми ти каако студент што знае за 5ка колку да мине му ставаат 6ка а со врски и 7ца и 8ца.и како ке се повериш ти на тој доктор еден ден да те лечи. Тие оцени на медицинскиот факултет не ни треба да постојат, сепак еден ден ке му повериш живот на тој човек. Одете завршете медицина во странство па тогаш жалете се, барем да има за што.
     
  9. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Јас погоре убаво си пишав дека секоја работа си има своја тежина, не го оспорувам тоа.
    Да камионџијата не е дома - ама реалноста е таа таква е работата , сакаш тоа работи сакаш нешто друго работи. И јас колку што знам и кај камионџиите е регулирано дека може континуирано да возат 8 саати,па после мора пауза да прават ,иначе ако ги застане полиција следуваат казни(знам од искуство имам камионџија во фамилија) . Не е дека возат колку можат и не можат. И нас работното време ни е 8-9 h.
    Пак ќе повторам не потценувам ниедна работа,сите работат за да створат нешто и да издржуваат фамилија. Ама дека ќе ме убеди некој дека во ред е факултетски образован човек да зема помалку плата од камионџија, тоа не.
    Сепак камионџија може да биде секој. Доктор,инжинер,правник ,економист, не не може. Ти треба диплома.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.553
    Допаѓања:
    97.448
    Не може и камионџија да биде секој. Башка, камионџии по странство што возат земаат поголема плата. Овде, не. Како и сите и тие се со незавидни примања во Мк.
     
    На candy.cane и Animali им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Седни го другпат и онака уз муабет кажи му дека не е ок да зема 'толкава ' плата, јер доктор не зема толку.

    Апсолутно неточно во пракса.
    Пак потценуваш. Постојат преинтелигентни луѓе со или без диплома, кои се принудени да работат работа од низок калибар, според вас, заради егзистенција.
    Можеш да направиш споредба со некој политички дупелижач, не со некој кој живот ризикува дур работи.
    Дипломата... дали да се изнасмејам или да ти се изначудам.
    Секој може да земе диплома во било кој сектор од тие што ги напиша, и земаат. Затоа и имаме такво здравство, судство и општество.
     
    На *Dariceto*, candy.cane, T.e.d.d.y и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Очигледно не правиме споредба за истите луѓе. Да има луѓе што земаат дипломи со пари. Јас зборувам за луѓе кои што си заслужено зеле диплома. Замисли и таквите ги има.
    Тие со купена диплома не може да опстанат во приватниот сектор. Кај приватникот идеш, гледа дека не знаеш да работиш, ти вика чао пријатно.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Нема што да замислувам ,гледам околу себе. И е жално што сме ваква држава каква што сме.
    Али нема потреба гневот од сопственото незадоволство, да се истура врз ни криви ни должни луѓе, да се потценува нечиј труд и пот и фактот што земаат пари колку што им било понудено, ситница од делот што останува за газдата после секоја тура.
    И доста со таа диплома, немаат 2 глави дипломираните наспроти недипломираните.
     
    На Alisa22, x.Daisy.x, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  14. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Прави пауза 8 саати, а дњка? На некој си паркинг. А ти кога ке завршиш со работа си одиш дома нели. Да имаат картички и кога со неа ке ја извозе дозволената саатнина, знаеш што прави газдата,? Пред да тргне од тука шоферот му дава уште една катричка со него да има од друг шофер. И сега замисли шофееот ке си извози 8 саати и по правило треба да паузира ама оти газдите нонстоп брзаат шофееот фино лепо ке ја извади неговата ксртичка и ке ја стави резервната што ја има на име на друг колега, и ке возеш и 18 саати, само и само да стигнеш на времњ пошо ако закасне пратката газдата ке си плате казна.. Информирај се
     
    На candy.cane и Emy867 им се допаѓа ова.
  15. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Не е поради мое незадоволство и не се истурам на никого , правам муабет.
    Никој не рече дека имаат 2 глави, само биле поистрајни во тоа да се здобијат со соодветно образование.
    Информирана сум, не го зборам тоа на памет. Дечкото што го познавам сум го прашала дали може да се направат такви ,,финти'' за да можат да возат повеќе саати, но ми има кажано дека може порано се правеле, но сега е строго и картичката мора да е само твоја , а и полицијата може да те провери и на други начини дали си ги поминал тие саати. Можеби некои ги прават тие работи сеуште.
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.762
    Допаѓања:
    173.018
    Пол:
    Женски
    @Alita оди извози една тура па после потценувај ги камионџиите.
    Не е исто да возиш градско количе и шлепер.. А знаеш ли дека во описот на работното место не им е само возење? Некои помагаат и со утовар и истовар затоа што ако не истовариш (а тие што треба да истоварат се зафатени) ти ќе заглавиш и после цврц...

    Затоа и докторите низ Европа земаат 3 пати повеќе од камионџиите... затоа што имаат диплома. Еве другар мој со жена му отиде да работи во Австрија како гинеколог... секако зема повеќе од камионџија, не смеам да спомнам колку.

    Така да чукни си ја малку главата и размисли....доктор во МК стигнува до 1000 евра до дежурства, а камионџија не стига ни до 500 најчесто...!
     
    На candy.cane, Lifelive и Animali им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    А ти госпожа што мажот и е камионџија дали си свесна колку пари се трошат на студирање и ако си во друг град, гладуваш секој месец ти фрлат по некоја илјадарка за храна од дома? А кај е струја, вода греење а пак за учење да не зборам мозокот си го иступеш и зашо за помала плата како камионџија?
     
    На Alita и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Не го разбирам натегањето, секој со својот избор. Чему то моето е потешко, твоето не е? :D Секој за себе, секој си знае :) Крај краева, сами сме избрале, и за факултет и за каминоџија :D
     
    На candy.cane и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.239
    Не ми е мажот камионџија. Биди среќна твојот еден ден ако не биде. Ке те прашам тогаш каков живот ке имаш ти па после пиши вака. Е добро де и јас студурав во друг град. Брејј само вие студирате само вие тупите мозоци,само вие знаете за трошоци. Чему вакво дрско понашање не си ми јасна
     
    На *Dariceto* и Miss666 им се допаѓа ова.
  20. vectra20

    vectra20 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    108
    Од тие учените зато немаме ни патишта ни доктори ни училишта...
    Сте се запнале фалкутет та фалкутет,дипломи,магистри дрн дрн јарина..Каде е праксата?
    Така се станува доктор одма од книга и оп,одма ќе оперира или ќе дава дијагнози оти завршил фалкутет. Епа во италија,русија,франција швајцарија бараат 5 годишна пракса за да стекниш работен сертификат за да можиш да работиш и не ги ентересира дали си учел или не. Друго е книга друго е пракса.
    Праксата најбитна а книгата е радиреда. Во странство е многу потешко да влези чоек на работа како доктор,инжињер,професор и слично.
    Иначе кога сне кај шоферите,на камионите има бар код со персонален код и од 8 часа несмее да вози и смеј картичката да се извади само еднаш. Мора да прави пауза од 4 часа. Тој уред веќе скоро сите го имаат пошто ако ги фатат надвор од мкд, имаат право да им ја одземат робата и камионот да биде исклучен од сообраќај од неколку часа.
    Иначе занаетот вреди и се вадат добри пари надвор од мкд.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.