Ќе се надоврзам на твојот пост. Не сум програмер, ама исто работам за странска фирма ( нешто у стил на планирање на човечки ресурси) и можам да кажам дека сум презадоволна( од платата, од работата не баш). Најбитно ми е дека се цени мојот труд. Дека секое прекувремено се плаќа, службениот пат ми се води како 2 дневници итн итн. Основна плата ми е 20 000, плус на рака уште 15 000(како и секоја друга фирма) со тоа што има доста често службени патувања(до главното претставништво на фирмата) и секој ден се останува пркувремено најмалку 2 часа, ми доаѓа околу 55 000(груба математика) Претходоно работев за една фирма наша како бренд менаџер Маста ми ја извадија, работев од јутра до сутра, па имав работа и за дома, секоај сабота се работеше а земав 20 000 денари Не се ценеше мојот труд и како расипана лента-Ама ова е за добро на фирмата, кога ќе се пробиеме на пазарот, ќе се зголеми платата
за козметичари и шминкери не знам да ти кажам ама за во школо се добри мајками работи како наставничка и зема скоро 24.000
Може некој знае колку земаат асистентиве што се на факултет, баш ме интересира со една другарка се контравме па сакам да знам кој е во право.
на секој факултет различно, зависи од статус ...помлад ассистент постар пред докторат бла бла...плус зимаат пари од проекти од страна за некои институции што работат ...мноогу е различно
Болдираното исто и за мене се однесува Што се однесува за последниот пасус, за работењето во македонски фирми, изгледа буквално во секој сектор на пазарот на труд е иста ситуацијата, што е како што кажав навистина жално и без врска, па толку ли македонските бизнисмени да немаат осет да ги мотивираат младите, да ги вработуваат, и да не бегаат на страна?? Уф, кога слушам во сабота се работи, косата ми се крева, па тоа ни во Африка го нема.
Баш ме интересира колку се платени лугето кој работат во лаборатории, не оние кој имаат завршено лаборант виша школа, туку факултет биохемија..амо може некој да ми одговори
Тетка ми зема околу 28 000, ама она има магистратура, за другиве со факултет стварно не знам колку се платени, ама мислам дека се околу 20 000. Поздрав.
Да ви кажам, незнам колку се платени во Македонија, но да споредам мислам дека ке паднете во несвест! Имам роднини во странство, ми имаат кажувано за нивниот стандард висок. Како и да е, една обична чистачка зима скоро 30 000 денари, што е како некоја докторска плата! Се шокирав навистина! Иако имаат многу плаќања во странство, животот и заработувачката се многу далеку од нашава напатенка Македониичка
Има пари,ама има и работење. Конкретно за во Чешка ќе ви кажам. Луѓето работат од сабајле до вечер,секој ден,освен недела.Значи од сабајле до вечер, немаат време дома едно јадење да си направат.А, не само во Чешка и во Германија, Англија е така.
Да стандардот ни е повисок во странство, ама и давачките и животот е многу поскап него во Македонија. Јас сум во Ал Алин( Дубаи) и заработувам одлично во споредба со палтата што ја зимав во Ск. Е сега, од мојата палта јас 40 % треба да платам за кирија, после за комуналии, давачки кон државата и на крај за мене и мојата фамилија ми остануваат некои 30 % . И се би било супер кога една кифла не би била 2, 3, па и 5 евра , а да не зборувам за др работи. Се си има свои предности и мани. да работам таму, а да трошам во Ск би било одлично, ама неможе
неша јас знам луѓе кои работат во Дуаби со платен смештај храна све преку агенцииве и заработуваат одлично во хотелите ти незнам како си отидена таму инаку сите се воодушевени од Дубаи но сепак стандардот е висок и се штедат на мн.работи за овде да донесат пари
а ти мислиш дека 30 000ден се висока плата за во странство? на запад минималната дозоволена плата е 900 евра, јас кога студирав и работев платата ми беше од 500-700 евра продавачка во продавница ама едвај сврзував крај со крај, кирија. кумуналии, транспорт храна... убаво кажа неса затоа не паѓајте во несвест кога роднините ќе ви кажат колку плата зимаат во споредба со македонските. нивните трошоци се далеку поголеми од вашите така да 500 евра за чистачка во германија или франција е мизерно јас незнам како живвеат со таа плата.
Значи јас во Дубаи не отидов преку никаква агенција, работам како асистент на Универзитет и работното место го најдов со тоа што пратив СВ мое и после едно три години добив одговор лани и отидов. Затоа сама си ја плаќам ќиријата за куќата во којашто живееме .Сите што се дојдени преку агенции им е платено сместувањето, затоашто во принцип работат по хотели, кадешто и спијат. Јас таму не отидов да штедам пари и да донесам ваму, туку отидов да живеам и да уживам.
500 евра плата за во странство е малце помалце од нашиве 5000 тука !!лугеее е е етоа се многу малку пари за во странство!!!! другарка ми у германија е фризерка зима 2500евра плата
Колку се платени административните асистенти дали знае некој? Или техничките секретарки? Фала на одговорите.