1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    111
    Дали знаете колку зима обезбедувањето на аеродром ?
     
  2. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој колку плата земаат на шалтер и кредитирање во Халк Банка ? Фала однарпед
     
    На Miss.A. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Да не знаете колку земаат плата Digital Marketing Specialist и Social Media Marketing Specialist? Зборам за мак. фирма :)
    Не знам колку да кажам ако ме прашаат... Нејќам ни да се преценам, ни да се потценам...

    Бев на пракса месец дена, и ова ми е прва работа за ова работно место...
     
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Барај просечна нето плата 24.192,00 денари, ако мрчат нешто, пазари се но, испод 20.000,00 денари не прифаќај, цени си го трудот, оти тие ќе ти го потценат трудот... ;)
     
    На Animali и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  5. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам, толку и сакав да побарам - 24.000... Но, сакав да прашам за второ-трето мислење :)
     
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Размисли подлабоко жити се а доктор нели треба 2 очи отворени да има цело работно време а и уши камионџијата ако згреше нешто ке исправе а докторот? Ти знаеш ли колку е тешко да си доктор ако не го излечеш пациентот цел живот на душа ке го носиш. Камионџија може секој да биде со има положено за камион а и работата е повеке во возење а ти работи доктор мозоко ке треба 100 % да го користеш а пак ако згрешеш мала грешка ке се гледаш по телевизии и ке те плукат сите.
     
  7. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Не зафркавај жити се, како тоа камионџијата ќе згреши и ќе исправи, очигледно не си возач штом велиш "само возење", не можеш ни да замислиш колку концентрација бара тоа возење, поготово на тие релации кои ги возат камионџиите. И тој камионџија ако направи сообраќајка за што некогаш не треба многу, ќе носи некого на душа. Така што мислам дека ти треба малку подлабоко да размислуваш, а не само да се контраш.
    Впрочем, и небитно е, не ми е јасно како можеш така да потценуваш...
     
    На candy.cane, Dust и AngIv им се допаѓа ова.
  8. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Џабе се расправате... И на пазарот на работна сила важат правилата на понуда и побарувачка.
    Колку некоја работа е покомплицирана и помалку луѓе можат да ја работат - толку е поплатена.
    И обратно...
     
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум доктор, а татко ми камионџија. Стоматолог сум, не ми е работата живот или смрт, ама еве со човечко здравје се бавам. Јас работам 40 саата неделно, а он дома спиел само 2 ноќи месечно. Не дека не си ја ценам професијата, ама заслужил да зема 3 пати поголема плата од мојата. И јас да одам на работа ноќе и за викенди и за празници, и да не знам кога ќе се приберам, може и јас ќе земам толку.
     
    На candy.cane, Dust, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  10. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    Ме интересира,колку плата земаат професорите на факултет.
     
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Зависи,од 60 иљади до 100,100 и кусур иљади
     
    На cresa-jagoda и GDE DA IDEM им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.645
    Допаѓања:
    161.628
    Пол:
    Женски
    Докторите специјалисти кога дежураат по 24 ч на секој петти ден, немаат ниту 5 мин пауза. Значи работат цело деноноќие.
    Шоферот вози 8 часа и потоа 4 ч мора да прави пауза . Па имаат задолжителна пауза од 8 и 12 часа.
    Доктор специјалист со 320 изработени часови во еден месец зема плата -60.000 ден.

    Како сакаш рачунај на татко ти платата никогаш нема да ја достигнеш ако работиш во јавно здравство
     
    На tamche995, hellocity, Alita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Колкава плата се зема во осигурителна компанија?
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    Државно и приватно во ниедна професија не се споредува. И кардиолог не зема исто на клиника и во Филип Втори.
    Муабетот ми беше дека колку саати и да работиш на било кое работно место, барем дома ке си дојдеш. Шоферот спие во кабината на камионот. Јас на работа ако имам 4 саата пауза, ќе си дојдам дома, он седи на паркинг до автопат. Конкретно тоа работно место затоа е тешко и затоа е платено.
     
    На wendy2, Dust, pravnicka_2604 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    во Скопје сум била на ургентно неколку пати и дежурните си пијат кафенце или си одмараат или си разговараат каде има попуст додека маж ми ми паѓаше во несвест од клупата во чекална пред нив.
    жив човек немаше ,он ми паѓаше ама моравме да чекаме да си го завршат муабетот.
    Кога имав неподносливи болки во стомак ме пратија на ехо да ме види една докторка, а она се вознемири што ја прекинав во седенката и ми преврте со очите и ми рече е што ти е де? Ова исто така навечер беше,немаше луѓе на тој спрат.

    ретко е тој што не прави ни 5 минути пауза, е тоа е прав доктор и заслужува многу.

    ама на државна немам сретнато таков. може било само коинциденција така да ги начекувам секогаш ама тоа е моето искуство.
     
    На emiliana, candy.cane, Mrs. Lovett и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.645
    Допаѓања:
    161.628
    Пол:
    Женски
    Зборот ми беше дека немаат право на пауза, т.е не смеат да паузираат како ќе им текне. Пауза е да излезеш на пола час од болницата и да седнеш да јадеш како човек.
    Не велам дека не постојат доктори како ти што ги опиша.
    Ама не е тоа темата ,нели:)
     
    На wendy2, candy.cane и LunaGrey им се допаѓа ова.
  17. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    10.420
    Пол:
    Женски
    Зависи од бројот на студенти.
    Редовен професор на шумарски или земјоделски до 600 евра преку сила ако стига.
    На УГД - Штип, доцент 38000, вонреден 44000, редовен професор 50000.
    На Економски во Скопје и до 100 000 стигаат редовните професори.
     
    На cresa-jagoda и GDE DA IDEM им се допаѓа ова.
  18. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    А докторите специјализанти,како оди кај нив платата?
     
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    На клиника еднаш имам видено список со плата бидејки воведуваа некои квоти па јавно пишуваше кој ги исполнил. Околу 35 илјади беа платите. Ама сите земаат плус од тоа како асистенти или професори. Поделени се клиниката и факултетот па посебни 2 плати земаат.
     
  20. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Колку зима сениор ревизор а колку некој што прави анализа на пазарот?