1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    4.148
    Пол:
    Женски
    Редовен професор на факултет зема 32 000 ден плата од министерство + додаток од сопствени средства (различен за различни универзитети). Се заедно, од 35 000 до 60 000 (може некои и повеќе).
     
    На eliesaab, cresa-jagoda и vaterpro им се допаѓа ова.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Колку земаат плата медицинските сестри во Систина?
     
  3. Izabelcee

    Izabelcee Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Мее интересира женскиве дистрибутерки пример еве во сара фешан колку се платени и какво им е работното време?
     
    На DanceT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој колку се платите во Марбет обложувалници и дали се редовни со плата, какви услови нудат во однс на слободни денови? Поздрав
     
  5. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Повеќето се осигурани во фирма во Бугарија. На мој братучед му беше итно и се правеше операција во Шведска и тоа плати отпосле кога му стигна сметката во Бугарија. Не знам колку, ама со негов камион зема 3000 евра плата и сигурно нема да работи 5 години за да плати лекување.

    За друго се сложувам дека не е убава оваа работа за јадење и спиење со месеци, најдобро е пресели се таму каде што возиш и барем ќе си спиеш дома.
    Не е лошо за оние што имаат поблиски тури и се враќаат на една недела, после една недела дома и така.
     
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам за одговор кој знае - плата во хотел во Ск? На рецепција. Фала
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Редовните универзитетски професори земаат од 30.000 ден. до 40.000 ден. во зависност од титулата доцент или доктор на науки.
    За банкарските работници не знам.
     
    На vaterpro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Зависи за во која Систина прашуваш. Систина Офталмологија се слаби со плати, почнуваш од 12 па работиш години и години за да дојдеш до 19,20 и нешо.
    Аџибадем Систина имаат повисоки плати, 24,5 одприлика, можеби и повеќе. Ако грешам, нека ме исправи некој.
     
  9. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Во зависност од банката, земаат од 20 000 па нагоре.
    Најплатени се мислам НЛБ (околу 30 000 земаат)
     
    На eliesaab и vaterpro им се допаѓа ова.
  10. Boy Mkd

    Boy Mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Машки
    Од тоа што иам слушнато не зимаат баш многу максимум 14.500 , слободен ден имаш еден и тоа од пон до пет како и во сите останати кладилници, бидејки Марбет ти е послаба од Моцарт, Копачка и Спорт Лајф .. ти препорачувам Моцарт или Спорт Лајф бидејки повеќе даваат.
    Иначе јас работам во Моцарт , ако те интересира плата пиши ..
     
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Исто и во систина нефроплус се многу слаби со плати, стартна 12.000ден
    Покачување после една година, што не мора и да значи
     
  12. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Ах, до пред некое време кога вака ќе прочитав за медицинските сестри и доктори дека зимаат толку мали плати немаше да верувам. Но од прва рака - 12000 денари за доктор стоматолог во приватна ординација во Скопје, исто толку правник со правосуден во адвокатска канцеларија во скопје, другарка и другар.
     
    На Spidy и Miss666 им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.856
    Зависи и на кој факултет се професори, колку часови имаат, колку студенти, колку трудови пишуваат. Има професори на економски во Скопје што се со над 1000 евра плата.
     
    На eliesaab, Mimmi39 и poenta им се допаѓа ова.
  14. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Зависи колку искуство имаат.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    5-6 години и двајцата. Платата е срамота и за 3 месеца да се.
     
    На eliesaab, tina2018 и Miss666 им се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Точно е за правниците, за стоматолозите незнам вистина како е, јас пред да започнам самостојно да работам исто бев на повеќе интервјуа за работа како правник со положен правосуден испит, и се' беше ок, до моментот кога ме прашуваа колку сметам дека треба да бидам платен?
    Им одговарав од прва 24000 ден. тие само се насмевнаа и ми рекоа: ,,Се' додека имаш колеги кои ќе прифатат да работат за 12000 ден. ние тебе нема да те вработиме, затоа што за 24000 ден. ќе вработиме 2ца правници со положен правосуден испит."
    Така што додека самите ние прифаќаме да работиме за 12000 ден. повисока плата ќе дочекаме на кукуво лето.
    Јас не прифатив туку веднаш започнав самостојно да работам иако знаејќи дека на почеток ќе заработувам многу помалку од тие 12000 ден. плата, но тогаш ќе работев лично за себе, а не здравје да оставам некому за 200 евра, и на крај да излезеше дека за џабе да ми беше тоа што сум учел факултет, и за џабе потрошени пари за образование, џабе вложен труд, и нерви, за да работодавачот да ми дава плата неполни 200 евра.
    Затоа одбрав приватно - самостојно, и тоа ми е до сега најдобрата одлука што сум ја донел во живот. :)
     
    На elimkd, Stark, Amelia и 9 други им се допаѓа ова.
  17. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Дали некој е запознаен како се движат платите во Рамстор во администрација :)
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Доставувач во ДелКо?
    Услови, плата...
    На ниво Ск е огласот
     
  19. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Колку изнесува плата на матичен лекар?
     
  20. bb8

    bb8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    а дали знаеш колку ги плакаат тие што им се ко референти со средно образование во адвокатскиве канцеларии?