1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.647
    Допаѓања:
    161.673
    Пол:
    Женски
    60.000 ден плата зема кувар во помал град?!
    Браво!!!!!!
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Шеф на кујна да, обичен кувар не баш.
    Толку земаат во големите и ексклузивни ресторани и во помалите градови.
    И кај вас во твојот ресторан:P.
     
    На JuLleE, cresa-jagoda, Shadow7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Во тоа е проблемот, овде се задоволни ако го поминеме месецот, кола да купиш, на одмор да појдеш за многумина е фантазија недостижна. Затоа немој да си толку зелен и при здрави очи да се правиш слеп за тоа какви коли и одмори имаат газдите, ане можеле да го издржат тој товар.
     
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.647
    Допаѓања:
    161.673
    Пол:
    Женски
    Шеф на кујна во 'тој' ресторан Не е кувар:)
    И таков ресторан е еден во нашиот град.
    Куварите по 17.000 ден земаат обично.
    Е во Мрзенци е повисока платата. Таму чинам 22-23 земале.
    За 60.000 не сум слушнала.
    Ама браво ако на пр во Делчево или Дебар имаат такви плати(y)
     
    На bibiiii, cresa-jagoda и duffi им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Kај нас земаат.
    Тој што го прави менито, се готви под негова ингиренција, зима. Така велат де.:D
     
    На JuLleE, Doozy и Bubce38 им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.647
    Допаѓања:
    161.673
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за 'обичен' кувар-готвач.
    Јас така го разбрав дечкото:)
     
    На cresa-jagoda и duffi им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Постот ти е на место, донекаде. Точно, воопшто не е лесно да одржуваш бизнис, да исплаќаш плати, да врти парата, не е се' така црно-бело и далеку од тоа дека и сопствениците немаат главоболки. Имаат, точно.

    Ама постов ти важи ако живееме во свет каде што сите „газди“ (имам одбивност спрема зборот, ајде еве сопственици да речеме) се фер спрема вработените.

    Можеби твојот е 1 во 100 што се фер, ама другите 99 е општо познато какви се.

    Патем, угостителската индустрија, со маржите поставено на целото мени, и те како може да си дозволи да дава убави плати. Ама why would they кога може у џеб да си ги стават? :D

    Но и на тој тренд ќе му дојде крајот како што тргнало со масовниот егзодус.

    Кога сме на темава, во мојот град (голем град), веќе нема искусен таксист/шофер што се нафаќа да вози за плата помала од 400-500 евра. Не ми се веруваше кога ми кажуваа, пошто до пред 5 години возеа и за 10-12 илјади за да преранат фамилии, сега сите отидоа да возат камиони низ Европа. Дел од другите услови се климатизирани коли/автобуси, цела плата на сметка (значи, не дел на рака) или поголем процент (ако се договорени со такси-компаниите да возат на процент).

    Мене како муштерија тоа не ми одговара, многу нормално дека тоа значи покачување за мене, ама како поборник за работнички права, алал нека им е.

    Можеби нема одма, ама со ова темпо, истото ќе се случи и во сите други сфери. Не се веќе луѓето затуцани и неуки до толку па да останат да ги т'чат за 12 илјади горенаведените „газди“. Ако сака добар работник, ќе си плати.

    Па ќе им дојде паметот и на „газдите“. Валјда. :D
     
    На JuLleE, tina2018, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И да се надополнам, газдите што ги браниш погоре бараат од работниците да работат и во сабота некои и во недела, годишен одмор нема, регрес ( К-15 ) нема, осигурани кој се кој не се, бркаат работнички ако останат трудни, он зел ги брани, ај отвори очи да видиш кај живееш
     
    На tamche995, tina2018, Asparagus и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Колку се платени во парфимерииве Анабела, Космо и таа другата?
     
  10. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Незнам какво е твоето работно искуство до сега и какви ти биле газдите. Но неможеме сите газди да ги ставаме во исти кош како и сите работници во исти кош. Незнам ни дали си пробалада отвориш свој бизнис па да се мислиш како ке извадиш плата за вработените ако нема доволно работа како што е секој ден кај нас во државава, а веќе си вложила се што имаш.
    Да се разбериме не ги бранам газдите како што не ги бранам работниците "ластовици" кои секој месец менуваат работно место и ги уценуваат на газдите дека ке си одат бидејки имаат подобра понуда.
    Аако веќе маваме по газдите тогаш тоа би биле овие наши странски инвестиции кои отворија фабрики низ државава работат за извоз и им плаќаат по 12 000 на работниците.
     
  11. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    не спомнав дали шеф или помошник затоа кажав од 350 до 1000 евра плата :)
     
    На duffi и Bubce38 им се допаѓа ова.
  12. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Да не бидам погрешно разбран дека ги бранам или сакам газдите или сопствениците :) ама неможе сите у исти кош.
    Јас и знам и дека има сопственици кои се иживуваат на работниците и тоа го осудувам.
     
    На MarigoldA, Mantub и Bubce38 им се допаѓа ова.
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.425
    Пол:
    Женски
    Немам некое ептен негативно искуство, ама пак не ми се за жалење. Сум имала увид претходно колку профит прави фирмата и само се кенкаше дека е малце и дека немало пари.
    Сум имала и искуство со скратено к-15 пошто наводно фирмата "не можела" да си дозволи цело.

    Па кој не би постапил така на нивно место? Секој си гледа за себе. Си нашол работникот подобра прилика, нема да остане на пониско платена работа од сожалување према газдата на тековната работа. Се свестува народов, никој веќе не работи за 200 еур.

    За ова се согласувам.
    Од странски инвестиции, имам роднина што работи во фабрика и зема 26000, ама и тоа е малку, со оглед колку пари прават тие. За странски пазар работат, најниско платениот работник таму треба барем 30000 да зема.
     
  14. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Ајде подетално за ова за бидам свате што сакам да кажам за ластовичките.
    во нашиот град има некаде 5 - 6 хотели, 7-8 ресторани, и незнам колку кафанчиња.
    Е сега, живееме во период кога имаме недостаток на работна сила.
    Сопствениците како на берза почнаа да се наддаваат по 500 ден кој повеќе ќе понуди од другиот за да му го земе вработениот.
    Е сега за ова барам мислење дали е во ред
    Работникот фино лепо си се договорил со газдата за Х плата дека ке работи под Х услови за една година.
    Доаѓа шпиц се започнува со работа сите трчаат, и доаѓа Х вработен му вика на газдата извини јас имам 500 денари подобра понуда, ке ми ја покачиш и ти платата или да си одам? Уценува !
    во сред сезона ејјјј. тука него остава во кал само газдата туку и колегитекои ке треба да си ја превземат неговата работа бидејки тешко е да се најде веднаш замена.
    Заборавил дека 10 месеци спиел на работа пошто немало работа а земал плата и сега за 2 месеци ке уценуваме.
    е овие ЛАСТОВИЦИ неможам да ги поднесам.
    И јас имав подобри понуди, и јас му кажував на газдата за истите но никогаш не го уценив туку почекав да заврши сезона , го информирав со време и си сменив работа.не оставив во кал нити газди нит вработени нити колеги.
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Во ред е. Сега ќе сочувствувам јас со газдите нема грешка. Љубов си е љубов бизнис си е бизнис. Што ми е мене гајле дали е сезона или не? Ако не ми одговара си одам. Како ќе најде он друг работник не ме боли ич.
     
    На Feminka192 и Annora им се допаѓа ова.
  16. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Во ред ли е кога за нешто ке се договориш, сопственикот тоа ке ти го удоволи ке го испочитува па после ти текнало пу пу неважи сега сакам друго,
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Што се договараш бе? Потпишуваш договор дека ќе платиш казна ако си одиш? Сите пријавени на определено на 2 месеци ти ми кажуваш си се договорил. Кога ќе ми измине договорот на определено ќе си одам кога сакам. Ако сум на неопределено исто ќе си одам кога сакам. Мојот живот јас нема да го ротирам околу бизнисот на газдата. Плачат газдите за вакви робови ко тебе
     
    На eliesaab, Mell11, Asparagus и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    очигледно сме на различна фрекфенција:) не се нервирај:) јас го споделувам моето искуство ти твоето. Ти посакувам да имаш свој бизнис па да видиш како е.
    Секоја фирма потпишува различни договори (мислам на времетраењето ) јас каде што сум вработен се на 1 година, па неможе на кој му текне, кога ке му текне да си оди (ако се се почитува според договорот) како што неможе ни работодавецот да отпужта и казнува без причина.
    гледај малку објективно
     
  19. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Испушташ една логика,т.е правило во економијата,ако на сите им се покачат платите,луѓето повеќе ќе трошат а со тоа по дифолт го креваат прометот,дали во вашиот ресторан,по бутици и слично,магичен круг е тоа ама пусти газди од лакомија слабо кликерот. А и да,не жалам никого,ако не може да биде газда,нека биде нечив работник simple as that.
     
  20. Shadow7

    Shadow7 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Во право си за логиката но намерно ја испуштив бидејки прво живееме во Македонија а тука не е ништо логично :) а второ секако газдите имаат синдром на лакомост :)