Шалтерски работник 30 илјади? Уф тешко. Навистина не знам колку зимаат но претпоставувам 15 до 20 илјади максимум за шалтер. Зависи. Адвокатите си зимаат суми по договор, а тој договор често зависи и од името на адвокатот. Адвокат со богато искуство е многу поскап од млад адвокат. Некои адвокати си живеат скромно баш скромно, а некои имаат куќа на Водно, стан во Охрид, викендичка во Маврово, мерцедесче, ауди, деца што им студираат во странство итн. Се зависи колку има работа, колку случаи ќе земе тој месец и се зависи од неговото име кое чини пари. Адвокатот не е платен од друг, туку колку тој ќе си заработи толку ќе има Некои адвокати сами работат, а некои во канцеларии со свои 10тина до 20 вработени помошници.
Колку се платени фармацевтите со факултет кои работат во туѓа аптека? А исто така ме интересира и колку се платени ветеринарите ?
Дипломиран фармацефт кој работи во туѓа аптека - максимум 18000. И тоа не даваат секаде толку. Зборам за Скопје. За внатрешноста може и помалку да им е плата. За ветеринарите не знам
За ветеринарите не може точно да се каже, постојана плата имаат само оние во ветеринарна болница, не ја знам нивната точна. Инаку оние кои одат на терен зимаат дневници, зависи колку пати ќе ги викнат. Ако имаат сопствена амбуланта исто зависи... Мене ме интересира колку зима асистент на приватен факултет, конкретно ФОН?
Текстилни работници - околу 10 000 максимум, ако е шеф на погон т.е. бригадирка 2-3 000 плус Продавач на прехранбени производи - 9000 максимум Доктор специјалист 3-40 000 сигурно
Текстилните работници земаат различни плати во зависност од тоа во кој крај од Македонија работат. Главно платите се движат од 5 000 до 15 000 (ова поретко). Зависи и тоа дали си на норма или на час (како доаѓа ова второто незнам..), ако си на норма земаш плата онолку колку ќе си заработиш, ако си на час зависи дали часот ти е платен 40,50,60,70 денари и колку часа месечно имаш работено
фармацевт во аптека (сигурен извор ) над 20 000 незнам од кај ви се тие мизерни информации дека не даваат 18 000 !!!!!! имам веке некаде спомнато овде порано дека сестра ми е фармацевт и работеше неколку години во аптека сега веке не ама има другарки кои работат и платата не им е ни приближно 18 000 (многу повеке некаде и дупло)е сега ако збориме за некој кој нема лиценца и дипломирал пред 5 дена може да зима 15 000 за тоа што и тоа му е бонус без лиценца не ни смее да работи е сега ако некој не прави разлика мегу ФАРМАЦЕВТ и фармацевтски техничар тоа е друга работа за тоа што техничарите зимаат по толку од 14 до 18 илијади (во скопје)
Да, конкретно за Скопје ме интересираше колкава е платата на фармацевтите. Јас сум од Битола и кај нас фармацевтите во аптека се платени 18-20 илјади, а фармацевтските техничари околу 10 илјади. Е сега, оние што работат во болничката аптека нормално земаат поголема плата, околу 30 илјади.
На ФОН - 36000 ( најдобар другар ми е асс таму и толку зимаат). имам веке некаде спомнато овде порано дека сестра ми е фармацевт и работеше неколку години во аптека сега веке не ама има другарки кои работат и платата не им е ни приближно 18 000 (многу повеке некаде и дупло)е сега ако збориме за некој кој нема лиценца и дипломирал пред 5 дена може да зима 15 000 за тоа што и тоа му е бонус без лиценца не ни смее да работи А за фармацефт да се надополнам. Во Скопје можеме да зборуваме за конкретни аптеки! Најплатени се во Еурофарм каде што почетник магистер фармацефт зима 18 000. Техничарите 15 000. Во Еурофарм во Веро зимаат повеќе но немаат слободен ден. Можеби од тука ти се забуните. Но после 4-5 години работа и зависнот од позицијата, можеби си шеф на аптека или смена расте платата но не од типот wow него за некои 3-4000. А и сами знаете дека како што расте стажот расте и самата плата па тука настануваат забуните. Ако збориме за некој штотуку завршени толку е. Во другите аптеки во Скопје толку е платат од 13 до 16-17 000 на магистри фармацефти. Малку е за трудот што се вложува при студирањето и се случува парадоксот техничар со стаж 20 години да зема многу поголема плата од фармацефтот, но да нема забуни тоа е само поради стажот...Рајна-војвода, само ќе ти кажам - арно ќе беше да земаа ,дури и дупло, но не е така. Не можеш да тврдиш дека газда/рица на аптека ќе дава на фармацефт вработен 36 000 ако неговата работа е само да продава лекови, доколку има некој друга функција во аптеката можеби! Се случува често да газдите се вработени на друго место па им треба фармацефт на чие име ќе се води аптеката, ќе биде директор па соодветно си го плаќа. А и ако е така немаше сите фамацефти да побегнат по Црна Гора и да бараат работа како претставници па на крај ако нема каде во аптека. Пошто факторот магистер фармацефт седи до мене ајде да дискутираме за конкретни аптеки каде што зимаат дупло и каде што работата што ја извршуваат е внес на фактури, издавање на рецепти правење месечни сметки...
vaka...kolku odprilika(a ako znate i tochna cifra) se plateni: DOKTORI/MEDICINSKI SESTRI, ADVOKATI, BANKARI po moznost ako nekoj e od Tetovo da kaze a ako nema neka kaze i nekoj shto e od drug grad mi treba odgovorov za da ne se zafrknam so rabota na kraj za da znam na koj fakultet da odam PISHETE [mod-kirilica:3rc8q5oh][/mod-kirilica:3rc8q5oh]
Се зависи каде се вработени. Во државните болници/амбуланти значи обичен лекар, без специјализација зема плата околу 15.000, а ако има специјализација, па работно искуство е тогаш му се зголемува платата. Се зависи што е. За програмерите ( и јас сум еден од нив) исто зависи во која фирма работиш и што. Ако си во приватна фирма( пак ќе напоменам различно не плаќаат) околу 25000 е минимум, а ако се вработиш во банка на одржување на системи, или кај мобилниве оператори е тогаш од 60.000 нагоре.
Лекари специјалисти се повеќе платени. Специјалист педијатар на Клиника (како што ми се пожали ) порано земал 38 000, па затоа и напуштил. Мед. сестри (повторно, на Клиника, не знам дали има разлика од амбуланти и сл) имаат над 20 000, зависи од стажот. Мед. сестри во Филип Втори беа најплатени, сега не знам како е, откако се отвори Систина (како клиничка болница). Логично, и лекарите во овие институции се меѓу најплатените.
Конкретно во Еурофарм аптеките во Битола фармацевтите земааат 18 000 плата. Толку земаат и во останатите аптеки во Битола, до 20 000 максимум. Во Зегин им е најниска платата, им даваат само 15 000 на фармацевтите , затоа сите бегаат од таму. Ама мене едно не ми е јасно: ако беше вистина што спомна погоре една форумџика дека во Скопје земаат и до 36 000 плата по аптеките, како може во друг град да земаат дупло пониска плата, а се работи за истите аптеки ( пример Еурофарм и Зегин - ги има и во Скопје и во Битола ).
Ме интересира колку месечно заработува дипломиран стоматолог кој работи во туѓа ординација значи не своја?Отприлика...