^^ Јас мислев на државен дека им се околу 30 000, ама по се изгледа помалце од тоа, чим на приватен се 36 000. Најверојатно околу 25 000, ама зависи до душа, ако учествуваат во проекти и остало, ваљда им се доплаќа, што знам
на државен имам другар асистент, зема околу 23-24 000ден. Дали некој знае колку земаат сметководителите (не газдите, туку вработените во сметководственото биро) Јас слушнав дека во СК земале по 40 000, во помалите градови, искусните земале по 20 000-30 000, а ново вработените по 5 000 - 6 000 ден. (ама платите многу варирале, од град до град, од газдата, број на фирми кои ги опслужува итн.)
За докторите и лекарите не знам, ама во Скопје: Негувател во детска градинка: 13.500 денари Воспитувач во детска градинка: 18.500 денари
ДА, 40 000ден зема газдата на сметководствено биро во зависност од тоа колку фирми води. Искусните земаат од 18 000-25 000ден. Платата е варијабилна во зависност од обемот на работата - колку фирми работиш. 3 000-6 000еур, зависи од Клиника, место. Во Ирак е 4 500 долари
Сите асистенти си имаат посебна плата, не е фиксна, зборам за приватниве. Имаш асистент на 1 предмет, имаш асистент на 3-4 предмети, воедно и предметите од магистерските студии се поплатени. Плус проекти, плус вклученост во активности на факултетот. Некои зимаат и околу 20 илјади тврдам. А некои и над 40 илјади.
Од 6000 до кај 10000 максимум... понекогаш плус процент од сработеното, а некогаш и само процент од сработеното, без фиксна плата. Ретки се оние што земаат од 15000 нагоре, додуша, не сум слушнала некој да зема повеќе. А земаат толку малку поради тоа што се (најголем број) осигурани како стоматолошки сестри, а сестрите се обично помалку платени од лекарите. И затоа сите бараат стоматолог што има завршено средно медицинско училиште, бидејќи во спротивно не може да биде осигуран како стоматолошка сестра
Правник во државна/приватна фирма Лекар специјалист Асистент на државен/приватен универзитет Архитект во државна/приватна фирма Нотар Некој да знае? Исчитав цела тема и за лекар и асистент нешто најдов, ама па 3 различни одговори...
Сестра на моја другарка земаше 40 000 и плус од некои посебни проекти. Само не знам во која амбасада, ама многу кратко работеше таму, за жал. Али имаше и премногу работа