1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Во принцип, ретко која приватна фирма ти бара официјален документ, а кога ќе те пријавуваат би морале да те пријават со средно, па кога ќе добиеш диплома ќе се коригира тој податок. Дали тоа ќе влијае на платата? Веројатно да.
     
  2. Doc

    Doc Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Околу 30 000 е почетна , зависи ако имаш некој јак просек може и повеќе , ако се вработиш сега ќе се смета како со средно , па веројатно некој 20 000 ќе ти понудат (ако можеш да најдеш) и кога ќе дипломираш ќе преговараш за поголема
     
  3. TinaPi

    TinaPi Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2022
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Би ви препрачала на младиве доколку не планирате да одите на факултет, времето да го вложите во курсеви и да одите во Семос, и да научите некој програмски јазик.

    Реално нема секој да стане програмер и да зема висока плата, ама доколку се испотите на почетокот, после е многу полесно.

    Јас сум со факултет, и си работам по струка. Споредбено со пријателите кои студираа економски, филозофски и сл.
    платата ми е и до 6 пати поголема, и со тенденција да расте уште повеќе.
     
    На Tanjamm, Lemon, victoria и 2 други им се допаѓа ова.
  4. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој колку е почетна плата за ветеринар во некоја приватна амбиланта vs клиника?
     
  5. Thor1234

    Thor1234 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Знае некој колкава плата земаат машинските инженери во ОДВ Електрик и Костал? И општо колку земаат почетна?
     
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не се сите за програмски јазици. Не е програмирањето единствено платено. Што би се случило со светската економија ако сите учат програмски јазици за да развиваат игрици на пример, дејноста на повеќето фирми кај нас? И ако се испотиш, секоја професија е платена. Прашај ги на пример оние што садат шафран во Источна Македонија колку пари земаат, или пак оние од Централна Србија што одгледуват смиљ. Илјадници евра за килограм.
     
    На dea.18, Oscar Lady, Sabrina444 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    12.194
    Пол:
    Женски
    За 100евра отприлика ама не секаде ја признаваат дипломата, некаде кажуваат дека нема потреба од некој со факс и те плаќаат како со средно
     
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    3.301
    Пол:
    Женски
    Колку е платата во телеком на шалтер?
     
  9. Идемејако

    Идемејако Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2021
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Плата на дефектолог?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Дефектолог или специјален едукатор и рехабилитатор може да работи во државен и приватен сектор. Во училиштата платата е просечната, како и за наставниот кадар со мала разлика во бодување за стручен сорабтник, а колку е платена професијата во приватните центри, не знам.
     
    На Идемејако и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  11. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    905
    Пол:
    Женски
    Дечки, што мислите за неплатени обуки кои траат по недела/две?
    Имам повеќе од 5 години искуство во мојата сфера, а некоја компанија да ми понуди да работам кај нив цела недела и да користам мое време и ресурси за нив е стварно навредливо.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Не прифаќај, нема зашто да се вреѓаш. Неплатена обука која трае толку кратко може само да значи дека фирмата сака да види дали ќе бидете мечмејк, затоа што прекратко е времето реално за да биде злоупотребено како финансиски ресурс во нивна корист. Разбирливо е затоа што луѓето понекогаш знаат стварно да бидат мулиња и да се понашаат кон работното место ко идење на кафе, де сакам де нејќам, од друга страна ако фирмата си има тим кој одлучува за тоа кого ќе примат на работа, тогаш тој тим треба малку поозбилно да си ја сфати работата, особено што популарни стануваат тестирања и интервјуа кои се сѐ понапорни и траат сѐ подолго, значи време за објективна одлука има.
     
    На Isabela23, злоба и Dumbledore им се допаѓа ова.
  13. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    905
    Пол:
    Женски
    Знам. Но мојата сфера е многу специфична и не е воопшто загарантирано дека финалните резултати нема да се злоупотребат, авторските права они си ги задржуваат иако не е платено ништо и може да ги употребат за комерцијални цели во било кое време. Затоа прашувам дали ваквите неплатени обуки се нормални и застапени секаде..
    Секоја мината обука ми била платена, не е важно колку, но сепак била, компаниите биле многу фер.
    Едноставно ме интересираше дали и во Македонија е така.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ако е специфична работа која може да биде злоупотребена, тогаш нема многу место за договор/преговор, барем од она што знам јас, кај нас, а богами и надвор од неа. На пример, преведувачките агенции (делумно мојата струка) барем тие во Европа, задолжително бараат тест превод, кој не е нималку наивен и да, тоа е често злоупотребено, многу е климава работата. Веројатно зависи и од струката, кај некои професии шансите некој да те "прејде" е навистина голем. Ако имаш опција, советувај се можеби со правник кој ќе ти каже дали имаш шанси да си го заштитиш трудот. Ако ти е некоја прилика која е битна и потенцијално добра, јас лично би пробала, па макар и да се изгорам.
     
    На Dumbledore му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    905
    Пол:
    Женски
    Супер идеја! Благодарам многу :)
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Пс. Сега ми текна дека можеш евентуално, но пак со некој кој се разбира од авторски права/закони, да си го објавиш твоето дело под криејтив комонс лиценца пред да почнеш со обуката (ако е дело кое може да биде заштитено) , па ако имаат лоша намера, мислам дека ќе мораат да ти дадат заслуга, во случај да сакаат бесправно да објават нешто твое. Не се разбирам искрено, ама разгледај си ја таа опција, може ти е од корист
     
    На Dumbledore му/ѝ се допаѓа ова.
  17. power2h

    power2h Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    nekoj sto ima iskustvo kako sudija porotnik?
     
  18. Syd

    Syd Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Гледам во дискусијава се споменува Саник... има некој искуство од таму?
     
  19. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Доколку има некој инфо колку се платени докторите по општа медицина во Жан Митрев Клиник?
     
  20. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.727
    Пол:
    Женски
    Дали има разлика во кладилнициве за плати? Некаде да е поплатено или секаде истата сума е?