Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Speak for yourself. Познавам луѓе што работат така и подолго од мене, и успеваат да го менаџираат времето, мислам на работа + фриленсинг.
    Обично тоа се луѓе кои работат во IT или во друга Дигитална област. Некои дури и од дома.

    Заебанција не е, ама кога ќе стигниш до момент каде што ти имаш избор да бираш кој проект да го избереш и на кој да работиш, кога сакаш, и кога имаш слободно време, а од друга страна да не си под стеги да мора да бркаш проекти и клиенти затоа што зависиш од нивни пари, туку тоа ти е бонус, е многу по лесно.
    Секако, до тоа не се стигнува преку ноќ, туку се вештини и градење на искуство со години. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Колку часа дневно може ефикасно да работиш? Професиите што ги спомна не се релаксирачки, туку треба да вклучиш мозок и да испорачаш финален продукт со квалитет одреден. Ако работиш 8 часа, уште колку плус ке можеш да си фриленсер?
    И колку да одмориш, да посветиш време на семејство, пријатели, филм, книга, нешто за опуштање мозок. Животот не е само работа и работа.

    Можам само да заклучам дека те лажеле и ти извадиле памет дека фриленсерство е магија. За жал, не е.
    Не заборавај дека од секоја струка ИТ имаш конкуренција од цел свет. Никој не чека никого.
    Дефинитивно најтешко е да најдеш нешто за да поработуваш. Секој сака работник што ке е достапен пола или цело работно време. А не кога работникот ке посака да работи. Може ке најдеш може не.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.685
    Постот не ми беше за хејт, не ме сфаќајте така. Туку едноставно фриленсерството се продава вака низ муабет дека е флексибилно, дека имаш повеќе време за себе. Вадење пари во Врање мислев, не во Венецуела. Ако ти отиде фирма под стечај, не дај боже, од биро ти следуваат пари по основ на стечај. Тоа не зависи од нивната желба, туку си земаш пари, затоа што законот е таков. Вработените во биро не ти даваат пари од џеб, твои пари се, од придонеси. Јас имам земано пари по основ на стечај. Колку стаж имаш и колку основица, ти исплаќаат пари, се зема просек. Ти даваат пола плата, плус некои 600 денари, така беше кај мене и си земав пари од биро. Таман ти е додека да најдеш следна работа. Можеби и народот не си ги знае правата. Пример на една колешка и оди фирмата во стечај, а мала фирма од неколку луѓе и ја потсетувам да види во биро дали има право на надомест. Си доби жената, година дена си земаше пари затоа што си имаше стаж. После ме честеше кафе што сум и укажала дека ја следува, инаку ќе си седеше со скрстени раце.

    П.С. Кога требаше да поднесувам даночна пријава се јавив во кол центар на УЈП да прашам за надоместокот од биро да не треба да се плати данок, ми рекоа не. Глупаво прашање, ама сигурно си е сигурно.
     
    Последна измена: 10 февруари 2023
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Не ме разбираш. Зборуваме за тотално различно ниво на знаење и искуство.

    Ако добро го менаџираш своето работно време за ефективно да ги извршуваш работите, секогаш може да завршиш проект во дадените рамки кои ти самиот си ги одредил, и доколку тоа му одговара на клиентот, секако.

    Како и во сите струки, а највеќе во ИТ, конкуренцијата е огромна на почетно ниво каде што компанијата треба да инвестира во вработениот да учи, да се развива, да може потоа да и носи профит.

    Оние кои веќе имаат поголемо работно искуство, познавање и конекции, имаат можност да избираат повеќе и да договорат подобри лични услови кои би им одговарале. Конкуренцијата на тоа ниво е далеку помала, па и побарувачката е многу поголема.

    Кога е некој стигнат на тоа ниво каде што клиенти и работодавци го контактираат него за проект, а не тој нив, има можност повеќе да ги диктира условите како што нему му одговараат.

    Некогаш за да постигнеш некоја поголема цел, треба да жртвуваш дел од слободното време.
    Кога ќе стигнеш до одреден степен на лична сатисфакција и целите кои си ги поставил, ти се исполнети, сакаш да имаш повеќе слободно време и да се посветиш на други работи во животот.

    Така да, секој тука може да прави избор колку време сака да работи, што му е клучно и што сака да оствари.
    Некогаш мора да вложиш нешто, за да добиеш нешто.
    Некој вложуваат учење и пари, некоj време, други знаење.
    Се зависи што имаш да понудиш. :)
     
    На Ginger^ и Lella им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Пак не ми одговори, како ке изменаџираш време ако имаш стабилна работа од 40 часа неделно? Ако работиш и за викенд, кога ке ги трошиш парите? Или ако работиш 10+ часа дневно, колку ке си продуктивен кај умствена работа?
    Ова е изводливо само кај самци кои се интеоверти. Просечни луѓе кои сакаат да шетаат, да се дружат, партнер да бараат, семејство што имаат, не можат да поднесат такво темпо.

    Не ми кажувај бајки. Едноставна е математиката: или ке си фриленсер или ке имаш работа класична од 40 часа. Би сакала и јас да се семоќни луѓето, ама не се.
    Тоа чепкање и поработување за кое ти збореле, не постои реално.

    Патем, работам како фриленсер и моментално двата проекти на кои работам се добиени така што ме контактираа. За едната немаше ни креирано џоб пропоусал, прашаа дали можам/сакам и ми креираа договор.
    Точно знам како функционира.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Ако работиш од дома може да изменаџираш двете работи да ги завршиш во тие 8 часа. Може да работиш некогаш и 10+ часа на ден ако треба да се заврши нешто во рок. Некогаш ќе жртвуваш викенд за после да земиш поголем одмор.
    Ако те плаќаат добро да завршиш нешто, ќе одземеш дел од слободното време. Утре тој проект може и да ти донесе подобри бенифиции и кариерен развој.
    Индивидуални одлуки се во прашање.

    Има многу луѓе што работат по две работи во ден одреден период за да успеат да остварат некои цели во животот. Не дека е невозможно или дека сите се самци, интровертни и немаат живот.

    Секој си го менаџира времето како што сака, и може. :)
     
    На Momichka, Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.685
    Врти сучи, треба да вложиш напори и за едното и за другото, за секоја работа. Додека е човек самец, не е лошо да подработува нешто плус, да има пари плус, а со мали деца потоа потешко. Секој успех бара жртва. Мораш да се лишиш од нешто за да добиеш нешто плус. Ќе скратиш од некое излегување за да заработиш пари плус. Знам многу луѓе што работат по две работи. Не дека се затворени, немаат дечко, девојка, маж, жена, деца, туку потребите за живот се големи. Тоа е една ламја која ја јаде платата како ништо и сакаат, неќат, мораат да се снаоѓаат. И за дружење требаат пари. Не мислам дека тие што седат дома со години, оти немаат пари ни за едно кафе, дека нешто имаат „живот“. Напротив. Еве имам пријателка која работи екстремно многу, ама па и шета екстремно многу. Кога ќе земе одмор, си оди по луксузни места, хотели, си плаќа скапи авионски билети, не штеди на ништо. За неа тоа е живот.
     
    Последна измена: 10 февруари 2023
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Тоа не е менаџирање на време, тоа е крадење. Плус што не може да се фокусираш на прекинувач. За обичен муабет не може така да слушаш од две места муабети и да вратиш истовремено. А не пак да кодираш или да тестираш програм. Да не зборам дека ти треба опрема дупла.

    Одмор се знае колку имаш законски. Платен. Неплатено исто се знае. Како и да завртиш математиката ти е лоша.

    Кажуваш како фриленсинг да е исто како келнер што оди на испомош за викенд на журка или на свадба.

    Плус, што кога работиш физички во канцеларија?
    Врати се во реалноста и прифати дека ти направиле јака прича. :sun:
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.685
    Колку повеќе работиш, толку полесна ти станува работата. Како песна. Ако ја работиш работата со љубов, е многу полесно, да не биде дека ја работиш само за пари.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Schmetterling88

    Schmetterling88 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски

    Se izvinuvam sto se nadovrzuvam nepovikana:). Periodov i jas funkcioniram so toa sto balansiram na dve strani. Pred skoro se resiv za prekvalifikacija vo sosem treto pole, taka da prva smena rabotam za edna firma online, i od 4:00-12:00 si ja rabotam mojata rabota(isto remote).

    Sreka mojata redovna rabota e dosta fleksibilna i od napred si go znam rasporedot, i mnogu cesto nemam efektivno 8 saati rabota(primer moze da imam 2 sostanoci od po 1 saat vo tekot na tie 8 saati).

    Na momenti znae da bide naporno, ama dobar del od vremeto e relaksirano. Eden nedostatok e sto retko koga mozam da izlezam vo raboten den, poveke izleguvam vikendi.
     
    На Billy Idol и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    И јас имам таква другарка. Ама е фриленсер. Две умственк работи пралелно не е изводливо да работиш ако планираш да живееш и уживаш.
    Тоа не го менува фактот дека треба умствено да се вложиш во работата, да потрошиш енергија и да вложиш труд. Работа е работа, и со 10 години искуство нема да се заврши сама.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.685
    И јас сум работела редовна работа, плус два хонорарни ангажмани, а некогаш и три. За пари ми било супер. Ќе ти легне плата, ќе ти легне хонорар, итн. Е сега, како што имам пишано, ниту е лесно тоа да се најде, ниту е лесно да се издржи, ниту е лесно да се задржат тие ангажмани.Треба труд за се. Ти си мајка и веројатно детето ти е приоритет и тоа е сосема ок и разбирливо.

    Пред некоја година ми требаше такси. Здогледувам постара жена, ама жена таксист. Се качив со неа да се возам. Жената беше пред пензија. Ми кажа дека работи во државно, во пониски ешалони, значи платата е за преживување, па после работа оди дома, готви, чисти, па попладне со свој автомобил вози 2-3-4 часа, колку може. Има семејство, деца, внуци. Пријатно ме изненади со виталноста и ентузијазмот.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.685
    Туку, за фриленсери, јутубери и слично, кој е најправилниот начин да ги земат парите овде и да биде тоа во склад со закон, да си платат данок? Да не отвораат сметки по соседни земји. Сигурно има начин.
     
  14. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Во Зегин и Еурофарм моментално како се движат платите за со средно? Над минималната нешто даваат? Не е за мене, но важна информација ми е за една блиска особа, сака да смени работа и да се префрли во некоја од овие аптеки.
     
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.446
    Пол:
    Женски
    Јас имам пријавувано и плаќано на Е-пдд страната на ујп.
    За личен доход ова.

    Потем, ако ти е стабилен фриленс за сигурен клиент долготрајно, можеш дооел да регистрираш и да се самовработиш сама на себе да си пушташ плата. Данок на личен доход фирмата нема да има, данок на добивка плаќа ако приходот е над 3 милиони денари годишно и тоа само на сумата која надминува. Себе си може и на минималец да се пријавиш, а повеќе средства од фирма да се префрлаш не по основ плата, туку по други основи (бонус, позјамица и сл.) за да не плаќаш придонеси на останатите пари. Сега и тоа си има свои трошоци, банка, сметководители, одржување девизна за правно лице, провизии итн, ама ако имаш стабилни клиенти се исплаќа.
     
    Последна измена: 16 февруари 2023
    На Lemon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.685
    Не сум во таа бранша, туку прашувам оти убаво е да се знае. Добро, јутуберите како средуваат со подигање на пари, даноци пример? Во Србија за оној бака прасе имаше афера не плаќал данок.
     
  17. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    53.159
    Пол:
    Женски
    Youtube ne znam no poodamna rabotevme so google adsense, koga prasavme vo ujp rekoa sekako treba da se prıjavı 18%, a advokat nı kaza nad 10k evra godısno se prıjavuvalo..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    11.446
    Пол:
    Женски
    Не познавам баш јутубер, а за фриленсери преку апворк знам дека може со Payoneer картичка да се поврзе. Payoneer е нешто слично на пејпал само пејпал нема кај нас. Имаш пејонир сметка каде што ти легнуваат парите, имаш и картичка со која може да ги користиш. Јас не сум ја користела таа опција. Имам коростено wise, но бидејќи transferwise не доставува картички до Македонија ги префрлав парите на овдешна девизна сметка и си пријавував данок во ујп.
     
    На Lemon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Taanjaa

    Taanjaa Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali nekoj znae kako se so plati i uslovi vo M Kesh
     
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Јас работев за странска фирма, платата беше исплаќана преку Payoneer. Немаше потреба од сметки во соседни земји. Кога ја земав платата од банката автоматски ми одземаа данок, ми рекоа дека не треба ништо да се пријавува. Ако земеш картичка, немаш потреба од ова.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.