Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. rosy25

    rosy25 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Колку е платата на матичен лекар (доктор по општа медицина)?
     
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.489
    Пол:
    Женски
    Многу зависи каде. Знам такви што работат во туѓи ординации и им плаќаат минималец и плус нешто на рака. А исто има такви што земаат околу 30.000 а и некои кажуваат дека земаат над 40.000 (последново не знам колку е точно, немам наидено на оглас со оваа сума на пари). А за болници, мислам дека на институти ако си општ доктор е околу 35.000. Девојче работеше пред две години во Жан Митрев за околу 25.000 (можеби е зголемено)
    Алкалоид мислам дека плаќа повеќе ама не знам точно
     
    На Anie93, Waverly Raven и rosy25 им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.174
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Тажни се овие плати за општ доктор. Кое експлоатирање на трудот и знааењето од приватните (па и државните) ординации и болници. И после зошто оделе во Германија...
     
    На SlimReaper, Waverly Raven, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.668
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Машки
    Ми се чини базични работи, побарај на интернет basics ... читни нешто би требало да се снајдиш.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Oва навистина општи лекари земаат на рака? Знам за стоматолози во приватни ординации во помалите градови, дека земаат на рака.
     
  6. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.489
    Пол:
    Женски
    А зошто да не може кај доктор а да може кај стоматолог? Тоа е до газдите, сакаат да заштедат а неискусни или тие кои мораат да прехранат себе си/фамилија мораат да трпат
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    За минималец? У Жан Митрев 25.000?:drunk:

    Какви лешинари бре ненаситни, алчни, не можат ќесето да го одврзат и да си ги ценат вработените, а пуни се ко брод, шо е платава за нив, ни џепарац не му е на тој.:x
    Не вреди тука, ни да учиш ни да се трудиш, ништо не вреди.

    Убаво праат луѓето, посебно медицинариве, завршуваат и пакуваат куферите, нема леб тука.
    Вас ви е лесно, сегде признаена е дипломата, па не ни чекајте, не се мачете, ако имате прилика одма идете си.
    Таму вистина, ќе рмбаат ко коњи ама бар се ценети.

    @Tanjamm па добро и што земаат, не треба да земаат? Да, не треба, треба платата да им ја качат, колку што заслужуваат, да им се цени трудот, а не ќе им фрлат некоја илјадарка и дале битно. Бруки.
     
    На Waverly Raven и Selena01 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Навистина демотивирачки, посебно ако споредат дека еден келнер сосе бакшиш ќе земе повеќе од лекар. Жално. Ќе се убијат од учење и на крај да преживуваат. Квалитетот на живот е важен, ако го немаш после толку труд, тоа фрустрира, создава внатрешна тензија.

    @Mrs.Right, помала плата на сметка, пониски придонеси, утре минимална пензија. Не треба да е така. Дека земаат на рака, утре докторката ќе зема 1.000 денари повисока пензија на пример од чистачката. Дали е тоа ок? Оштетени се секако.
     
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Охоо келнери и угостители ги шијат со плата.
    Сеа, вистина, и келнер да си не е лесно, ако не тупел мозок од учење ко доктор ама има стоење на нога, физичка работа е, не е едноставно ич ама секако нема споредба едното со другото.

    Не е ок де, и ја тоа зборам, да им качат платата, а не да им фрлаат парички на рака.

    Иначе, не ги понижувај луѓето во однос на тоа што работат, те иам приметено низ темите, ако работи на пониска позиција или работно место некако ко да не ги цениш, дека биле необразовани или нз што.
    Нема нема споредба меѓу доктор и чистач ама ме фрустрира ова искрено, ваквото размислување.
     
    На Angie1432, Bratot, Stark и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.489
    Пол:
    Женски
    Jbg, zatoa platite na doktorite vo ger se isti kako na sudii na visoki pozicii. Pa sea koj kako si saka
    Inaku ne sum ja tagnata ama rabota vo ugostitelstvo i gradeznishtvo e najteshkata rabota, taka da ...
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    Келнер со се бакшиш, под 40 илјади месечно не е, дали на рака, дали на плата, дали со бакшиш... Ама келнер не е воопшто лесна работа, немојте да мислите дека е.. Кога ги деградирате вака тие што работат занает и не им го цените трудот, малку ви е и 80€ по метар квадратен за бекатон редење да ви земаат.. Као еј, он келнер, зема два три пати повеќе од доктор, или он нема ни средно, реди плочки, под 2000€ месечно не е чиста заработка.. Оди работи келнер, или оди реди плочки ако е лесно, па дојди збори како не им се заслужени после парите.. Тоа што не учеле не менува ништо кога со пот и труд си ја заработуваат чесно платата..
     
    На tanjaaa, ani23, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Не бе, не е тешка. Неуки тие, гревчиња, не знаат шо е мака. Ама ако си у канцеларија и интелектуалец, многу добро знаат како се раѓа лебот. :nod:

    Ептен ме лути коа омаловажуваат занимања, било какви да се, сепак работа е, труд е и треба да се вреднува.
     
    Последна измена: 8 септември 2023
    На tanjaaa и Selena01 им се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    А бе види лекарот може да работи како келнер ама келнерот неможе да биде лекар. Во нашата земја повеќе ќе наидеш на келнер да се сити и да го омаловажува лекарот а не обратното.
     
    На Bezimenka90, cresa-jagoda, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Добро бе лекар е побитен во општеството од келнер. Од лекарот ми зависи животот, а од келнерот што ми зависи? Ако сте забележале, мал број келнери го имаат оној бонтон, па со која рака се послужува јадењето, другата рака зад грб итн. И лекарот ќе стане келнер, а келнерот потешко дека ќе биде лекар. И не му е сеедно на еден доктор кога нема паста за заби да си купи. Еве моја пријателка баш така ми има речено, демек за што учев, да немам една паста да си купам, да чекам од моите. Или да се лечиме кај келнери по кафичи ако не? Лекарот треба да зема повеќе.
     
    На cresa-jagoda, boomsleng и rosy25 им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Точно така. Баш сум видела многу луѓе како навредуваат лекари, професори, не им вредело школото, будали биле, џабе учеле, а тие професии се побитни од келнер на пример. Во внатрешноста има и кафичи каде самите газди си се келнери. Дури не се ни унифицирано облечени, има кафичи каде средношколци и студенти работат, не велат едно "повелете" итн. Абе сега ако гледаме низ призма на пари и некоја што гледа на кафе може ќе фати повеќе пари, па сигурно нема да потценам лекар поради неа, дека ете заработува повеќе.

    Овдека па на форумот, ако некој седел во канцеларија ко смртен грев го сметаат. Во канцеларија како да не се работи.
     
    Последна измена: 8 септември 2023
    На H.VAGA и kolovoz им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    12.561
    Пол:
    Женски
    Тоа е нормално, и очекувано, бидејќи нивото на образование на келнер, плочкар, е пониско, па од нив некако очекувано е да имаат комплекси бидејќи заработуваат повеќе.. Глупо би било доктор да има комплекси бидејќи заработува повеќе, него работата му е да лечи, а не да си ја мери платата со плочкари и водоводџии.. Иначе, како што сите во државава се изборија за повисоки плати, од наставници, до ујп, министерства, итн., нека одат и они на протест, чим ќутат, арно им е.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Мешате сеа работи безвеза.
    Не беше муабетот кој е побитен, реално и тие и тие се битни и треба да ги има.
    Дали можел лекарот да работи ко келнер не е ни битно тоа, а и не може секој, да не се лажеме.
    Ако е пообразован не значи дека и ќе може ваков тип работа да работи.

    Поентата ми беше дека не е во ред да омаловажувате и дискриминирате поедини професии, а не кој што можел и колку бил учен и способен.
    Не бе, таман работа, секако дека се работи и у канцеларија, интелектуалниот замор и те како е замор и бара концентрација, внимание, посветеност максимално.
    Зборев за физичката работа, која е напорна ептен и те исцрпува скроз, па затоа го реков она, дека келнерите кои си работат баш турбо и се премногу ангажирани си знаат многу убаво како се раѓа лебот, градежниците си се на прво место, нема збор тука.
    А сега, да, кој колку учел и како си ја наредил, секој со својата среќа ама секоја планина си има своја тежина. :)
     
    Последна измена: 8 септември 2023
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Арно мала разлика меѓу келнер и општ лекар, над 10.000 денари или дури и повеќе. Тоа е цела рата за станбен кредит на пример. Лекарот ако не може станот да си го загрее со 27.000 или 30.000, не може детето да си го школува, а родителите може кал од под нокти ваделе да го школуваат, секако ќе е фрустриран. Еве минатиот пат една жена од мало гратче ми се жалеше дека ќерка и со два факултети работи во образование со пола фонд на часови, оди во 3 села, за 15.000 денари. За 10 години работа има 5 години стаж. Пола работно време се сметало. И сега како јас да ја нападнам женава, а да ја фалам Трајанка што двапати повторувала во седмо, завршила едвај основно, работи како чистачка и зема повеќе од таа со два факултети во случајов. Кај нас цело општество и систем е пореметен.
     
    На Anie93 и Directioner005 им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Абе човек, кој вика дека поише треба да зимаат тие неквалификуваните што ги викаш или со пониско образование? Реков да не се дискриминираат и да се третираат ко скроз небитни и дека не заслужуваат.
    Секако дека треба да зимаат поише пообразованите, пример општ лекар да зима минимум 40.000 и тоа да биде да речеме најниската плата под тоа да не иде.

    Ама сето тоа зависи и каде работиш, ете, не сите исто ценат за жал, па крај краева газдата ако сака, си може и е дарежлив, нека им дава и 100.000 на келнерите, на докторите нека биде 150.000.
    Само ова кај нас, тешко дури невозможно.
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Тоа е точно но силата да зборува гласно му ја дава платата. Кога келнерот би имал помала плата од градежникот, лекарот, економистот, би бил поскромен и би знаел каде му е местото во општеството. А не обратното. Ама во држава во која не се цени образованието и главна улога ти имаат обезбедувањето на кафичот и келнерот нема што друго и да се очекува.
    А со реченицата: -Ако ќутат арно им е... Искрено ми е преку глава. Така ако гледаш цела држава ќутиме па гледам колку ни е арно.
     
    На Anie93, Directioner005 и Tanjamm им се допаѓа ова.