Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    Неее, тоа оправдано е и у ред, јер интелектуалци де, учени луѓе.8-| Труд си е труд, ваков или онаков.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    12.549
    Пол:
    Женски
    Жално било општ лекар со ниска плата, ама за да ти препише лек за кои на памет има научено што за што се дава и за ти напише упат за на специјалист, колку треба да зема плата?
    Конкретно мојата матична, цел живот ми е истата, за настинка, супа, чај, суво грло, болка во грло, едни те исти апчиња ми дава или капсули.. Упат ќе ми пише ако треба за на клиника, и толку и е работата..
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    Реално така е. Не знам што толку херои биле матичните, само те препраќаат кај што треба, крвна слика ќе ти дадат да напраиш основна, терапија препишуваат и тоа е тоа, и мојата иста е, а иам сменето неколку, нит прегледува, нит ништо.

    Ама дека им е мала, мала им е платата, треба да се покачи дефинитвно, бар 35-40.000 да е.
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    12.549
    Пол:
    Женски
    Тоа државата треба да си го среди, а они треба да си бараат, ама не поради тоа што им е тешка и напорна работата, туку затоа што треба да имаат пристоен живот и они..
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.929
    Допаѓања:
    179.456
    Е добро, а продавачките не треба да имаат за пристоен живот? Оној шо сади жито или гледа прасиња, за да имаш да јадеш, не треба? Или оној шо ги празни контејнерите?
    Кои сте вие да судите чија работа е тешка и кој за што треба да биде платен?
    Ако не па, напрајте список на непотребни професии, нека ги укинат|(

    Ако матичен лекар, не реагира ко што треба, на обична и најглупа крвна слика, некои последици може да не се баш наивни. А иначе не мора да одите кај досадни доктори шо ви даваат исти апчиња за истите досадни болести што ги имате, парацетамол за температура и оспен за стрептокока. Може комотно да одите во Систини и Жанмитревини, креативно ќе ви најдат апчиња нови, кои веројатно не ви ни требаат, ем со добри провизии за нив, па сите среќни и весели. (fingers)
     
    На Anie93, Bezimenka90, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    Сите треба ама апсолутно сите соодветно да се вреднуваат и никоја професија не е непотребна.

    Матичниот лекар треба да реагира соодветно да ама еве од искуство до сеа не сум видела така да реагира, баш ноншалантно се понашаат и ти треба да ги молиш да те упатат кај специјалист, ти да следиш термини и да им кажеш па дури и за редовната терапија знаеле да не ја препишат, забораиле, на телефон не креваат, треба со потерница да ги бараш, а као биле достапни у било кое време.
    Пак ќе речам, од искуство го пишувам, секако дека битна фигура треба да се они и клучната алка во целата ситуација, ама голем дел не се.
     
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Машки
    После се чудиме оти до ова дереџе ни е државава, па види самите како размислуваме, и општо отвори социјална мрежа и читај коментари, че ти се изрендаат сите мозочни келии и отупиш доттука бидува. :)

    Срам и резил ме јади одвнатре, онака туѓ.
     
    На Waverly Raven, Калатеа, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Успеа Тања и оваа тема да ја покака. Олицетворение е за се што не чини во Македонија. :^)

    Не е поентата на келнерите да им се намали платата пошто немале држење, средношколци биле или не знам ти што, туку на докторите да им се зголеми.

    Поразително е за доктор кој поминал 6 години од животот да аргати по жанмитреви за 25 000 денари каде еден преглед во амбуланта кошта повеќе.

    Доктор е професија - столб во едно општество и треба да биде на врвот финансиски споредено со други профили со високо образование, на пример администрација. Дефицит на доктори значи труло општество кое се распаѓа од внатре.
    И баш тоа ни се случува.

    А тоа колку е мала платата кај нас споредено со условите на живот, 25 000 не се доволни ниту за прехранување.
    Со овој скок на цени треба минимална да е 30 000 за да може колку - толку да се изгура месец.
     
    На Angie1432, Dilajla123, Dentina и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    И еве да не биде дека ова ми се бројки фрлени од ракав.
    Потрошувачката кошничка за 4 члено семејство за Јули изнесува 48 620 денари. Инфлација од 8.2% или 441 ден повеќе споредено со Јуни.
    Значи за Август претпоставуваме дека е веќе 49 000 или приближно 800 евра.

    Значи два општи лекари во државава заработуваат месечно колку да ја прехранат својата фамилија. А каде се овде пари за кирија, одмор итн. итн. ?

    Имаме инфлација преку 50% последниве години, а платите не се покачени ниту 15%.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    Кој ако не Тања, само збрки праи, не потпалува и после ја снемува.^_^
    Коа ќе и ја плеснеш вистината, фаќа кидавела, си знае она многу добро за која вистина, не е една работа само.

    Треба дупло од 25.000 да зимаат, е тоа веќе е прифатливо, бруки и јадови таква „реномирана“ и современа приватна болница да си дозволи, гревови, да не кажеше членката, немаше да знам дека и таму мизерија било во врска со плати. Моево негативно искуство со матичните не значи дека се согласувам дека платите им се ок и не треба да им ги покачат ама си стојам на тоа дека сите не еднакво се трудат и имаат знаење. :)

    Да, здравството е огледало на државата преку кое се рефлектира целата состојба, пропалитет здравство = пропалитет држава.

    За жал, како доаѓа ситуацијава допрва, малце ќе се тие 30к, ќе дојде време коа ни 1000 евра ќе се ништо ама баш ништо, не дека и сеа се некоја пара.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Мене ме интересира дали постои некоја приватна фирма во Македонија која ја покачила платата на вработените поради инфлацијата. Дали воопшто некој доби покачување поради моменталните пазарни цени?
    Ова го прашувам затоа што имам слушнато за неколку фирми на Запад кои им дале покачување на сите вработени па ме интерсира дали воопшто имаме таков пример кај нас.
     
    Последна измена: 9 септември 2023
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.065
    Пол:
    Женски
    Целиот муабет е паушален,зошто податоцитесе неточни.
    Доктор во Жан Митрев не зема 25000 ден.(facepalm) плата.Сестри земаат поголеми плати од оваа.

    Какви келнери какви бакрачи.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    Колку зимаат? Поише значи од келнерите?
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Во ИТ, кај нас во договор има мислам 5% задолжително покачување годишно поради инфлацијата.

    Ама на никој не му е битна оваа ставка затоа што секако има годишна ревизија на плата.

    Ама ете, вметнале и такво нешто во договор за да покажат колку се "грижат" за вработените. Што, споредено со секој друг сектор, и стварно се грижат. Далеку сме од жалење.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    А ти еве, по твое, мислиш дека треба у Ај ти секторот да зимаат поише од докторите, тука негде или помалце? Сеа непристрасен биди, сите сакаме нашето занимање да биде повеќе платено ама прашувам општо само, коа не би бил у оваа бранша.:)

    Темава не е за ова, каша попара ја напраивме ама ај, нели пак се однесува на тоа колку се платени занимањата и споредби на платите помеѓу различни професии па може и не сме ептен оф топик.

    Инаку, браво за ваквиве фирми ко твојава што си ги ценат вработените, браво и за стандардот во тој сектор што секогаш е висок и расте, пример е за сите како треба да функционираат.:)
     
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.172
    Допаѓања:
    39.806
    Пол:
    Машки
    Па обично земаат тука негде. ИТ сектор е широк поим и освен програмерите што имаат 6 цифрени плати, другите професии во ИТ не се толку платени колку што луѓето мислат дека се. Па обично нема некои екстремни разлики од специјалист, хирург и не-програмер во ИТ сектор. Посебно ниски се платите во ИТ ако компанијата е македонска.

    Ама како што реков. Докторите треба, и на запад се повеќе платени и обично имаат исти и повисоки плати од ИТ сектор.
    Кај нас разликата е тоа што нашите програмери работат римоут за странски пазар каде што профитот на компаниите е огромен, а платите, не се исти со колегите кои работат таму. И тие компании овде доаѓаат да вработат ниско платен кадар со висока вредност.
    Па затоа имаш случаи каде што програмери после неколку години искуство одат во странство или работат директно за странска компанија римоут и земаат приближна плата како нивните колеги во матичната држава.
     
    На Biljarkata, Mrs. right и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.097
    Пол:
    Женски
    Ама сепак многу повисоки од другиве сектори кај нас, неспоредливо повисоки.
    Треба, да, сепак многу поголема одговорност имаат пред се, за човечки животи се работи, за здравје.
    Не е океј што и таму има дискриминација, што ако не се нивни програмерите, од нивната земја, не е фер тоа.
    Баш може они да се со најголем потенцијал, креативни и да смислат идејни и иновативни решенија, што и ги има доста такви и треба да ги вреднуваат ама добро убаво викаш искуството е пред се, не може почетник кој допрва учи и некој долгогодишен работник исто да зимаат, коа не се на исто ниво.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.976
    Допаѓања:
    12.681
    Кај нас луѓето многу и лажат, така што можеби треба да се земат со резерва некои цифри. Додека пишувам ми текна дека лани ова време бев во источна Македонија, па таму каде бев сместена, собарка и келнерка беше иста девојка. Седев три дена, па врзавме некој муабет. Кога ми рече дека градот е мртов, ништо не се случува, да не е работата, ќе пукне од досада, само и реков „добро, ама штом си тука со години, барем си заработуваш, ќе имаш регулиран статус, работен стаж, некоја сигурност“, и таа направи кисела фаца, што очигледно укажуваше дека не е така. Веројатно работи на црно. Има и места каде газдите не дозволуваат келнерка да земе бакшиш, тие си го земаат. Сешто има по Македонија.
     
  19. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    2.913

    Фала ти многу што ми одговори!
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.442
    Охоо, дефицитарни специјалности, стоматолози, па чак и пбични доктори ги шијат ит лугето . Освен ако овие не биле со некој старт ап што се продал, па ќариле некое милионче.
    Само во мк се на врвот на пирамидата програмерите, архитектите, проект менаџерите и на Балканот евентуално.. во " нормален" (нот-) свет се знае кој е погоре. Но таму , и том брејди прави повеќе пари од топ хирург ..и бившата му..
    Чуда су свуда...
     
    На Bezimenka90 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.