Колку земаат инспекторите во здравството? А инспекторите што одат по продавници и гледаат дали правилно си ја вршат работота дали даваат фискални итн? Spoiler не знам дали имаат некое посебно име
Колку земаат девојките во бутиците низ центар? (Рамстор, Гтц, Теранова и сл.) А, колку оние кои работаат во продавниците на Најк, Адидас..итн...?
Инспекторите од УЈП (управа за јавни приходи) за фискалните, ко што знам јас, земаат барем 34 000 плата, но им зависи најмногу од дневниците (дали се негде на пат, во друг град) значи и да не се 34, 30 000 би требало да земаат за сигурно (ако одат на контроли по другите градови)
Полн фонд на часови е 20 неделно ( може и 2-3 повеќе де) значи тазе вработен, со 20 часа, зема 20 000 денари плата, а и да има плус часови, ретко на кој се платени. Професорите со поголем стаж, земаат поголема плата, сум чула највеќе 24 000, но жената беше 2 месеца пред пензија (ама мислам дека беше и класна раководителка) Тие што се класни раководители, земаат околу 1500 денари плус И да... наставник во основно и професор во средно училиште земаат иста плата, значи 20 000+
Да, да класните раководители земаат нешто повеќе ... и да и тоа е точно, иста плата имаат во основно и средно Spoiler се извинувам за грешката погоре што сум утнала една буква кај заВиси
Феминки не знам колку сте запознаени,но пред некој ден УЈП јавно ги кажа највисоките плати во Македонија. Па така бизнисмен од Струга прикажал годишна заработка од фантастични 2 и пол МИЛИОНИ евра, а фармацефт има прикажано месечна плата од 45 ИЛЈАДИ ЕВРА. кОЈ ВЕЛИ ДЕКА мАКЕДОНИЈА Е СИРОМАШНА ЗЕМЈА,И ДЕКА ВО НЕА НЕ СЕ ЗАРАБОТУВА....... Какви професори,какви инспектори.....Менаџерите,бизнисмените се во мода...
Тоа што 2-3 се богати не значи дека сите сме. И дека Мк е богата земја. верувај ми и за да отвориш бизнис ти треба пари, а и за да бидеш менаџер ти треба врски. Ги има мн без работа. (извинете за оф-топик)
KICKY сето ова го кажав на ироничен начин. Се сложувам потполно со тебе.Многу се невработени,а и тие што работрат се вработени со врски .За една обична продавачка во колонијал потребни се врски да се вработи,а не пак менаџери и сл.....
од сигурни извори знам дека обичните работници во ВИТАМИНКА земаат од 12-15 000 ден. а менаџерите 60-80 000 ден. А работниците се третирани престрого како роботи и покрај тоа што обавезно треба да носат униформа (што е нормално) не треба да носат никаков накит и обавезно маска на лицето до очите и носот покриен (што не е нормално). Па стварно заслужуваат барем 20 000 ден.
Ќе бидам оф-топик... ама како не е нормално да носат маска до очите? Па работат во фабрика за производство на храна - има ригорозни правила кои мора да се почитуваат. Посебно во производството на храна. За платите не коментирам.
би сакала колкуземаат плата сметководителите вработени во производствени фирми..во внатрешноста на државава...јас почнав да работам во таква фирма,и сама сум сметководител, т.е. имало порано сметководствено биро кое го водело сметководството, но сега доагаат само кога имам нештонејасно..а дипломиран економист сум, скоро и магистар, го пишувам трудот (ама ај тоа не го земам во предвид) и ми даваат плата 12000..нели е некако малце? ме интересира што мислите вие и ако имате некоја информација за други слични фирми би сакала да ми кажете..
Водиш и материјално и финансово книговодство, завршна сметка, одиш по банки пушташ налози, плаќања... се сама работиш? Ако се ова сама го работиш тогаш малку е
Знам за тие кои го работаат само материјално и трчаат по банки земаат 12 000., ама ако го водиш и финансовото или имаш плус обврски, би требало многу повеќе да земаш.