Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.295
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Ако лажат и треба со резерва да се зема све, еве членката што имаше сигурна информација дека не е така и зимале многу поголеми плати, зашто не одговори, да не просветли и да ја демантира другата членка? :?:
    Баш сакам да е точно и да зимаат дупло од платата која беше наведена.

    Вака, ќе пуштите водичка колку да се истакнете и да издрамите и нигде ве нема после.
    Штом се удирате толку у гради, дајте стојте си на ставот и изнесете го правилно, со факти, кога нели веќе тврдите дека ги знаете тие факти

    Тања, стварно више аман со маубетиве ко на селска чешма, оваа кажала ова, онаа кажала она, си прераскажуваш само кој што рекол, кажуваш многу, а всушност ништо, се празни муабети и идеме оф топик. Освен да прераскажуваш друго нешто знаеш? :)
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.438
    Допаѓања:
    20.865
    АјТи што не знаат да направат бекап на лични податоци, што ко од шала им хакираат системи и сајтови, што еден сајт за регистрација паѓа ако замисли дури 10 души наеднаш му се уклучат...да земаат толкави плати?
    Абе ај.
    Кај нас зборам ова.

    А кога сме кај неопходни професии...
    Земјоделците секоја година ги ебаваат со цени а да не се они, ќе немаме што да јадеме. Али океј.

    Другарка ми вика не била мојата струка битна, програмерите биле најбитни, затоа со право биле платите ниски за мој сектор.
    Жено без мојата струка и сличните на неа, тебе доктор не може дијагноза да ти постави.(fingers)
    Битно прави она крвни анализи секој месец зашто тоа било битно, сигурно мисли докторот ги прави лично.

    И да, жално е за доктори да земаат мали плати.
    Ама жално е и такви доктори без две чисти да земаат воопшто плата.

    Бтв ако не ви требаат келнери, јадете и пијте кафе дома и само дома.
    ФМП.
     
    Последна измена: 9 септември 2023
    На see.emily.play и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    878
    Пол:
    Женски
    Aj da kazam od sigurni izvori,Remedika i SISTINA sestrite imaat od 35000 do 45000 plata so nokni smeni,doktorite minimum 1500 evra ,uste od poodamana,ne e isto rabota na opst maticen i specijalista vo pogolema bolnica,ili sestra so iskustvo sto asistira vo operaciona sala.Doktor mlad opst maticen sto stazira kaj nekoj e 30000,pocetna,moze i po oglasi da vidite ,pa koga stekne iskustvo i pacienti ide nagore.Nikoj ne bi rabotel vo bolnica privatna za 25000,denari,imaat dezurstva i nokni smeni,ova e izmisleno ,zboruvam za pogolemite.
    Za sporedba IT sektor i medicina ,se znae odgovornost kon covek kolkava e.AMA -GOLEMO AMA,kaj nas nema kazni za DOKTORSKI GRESKI,na edna raka se brojat tie sto im e odzemena licenca ili idat zatvor.
     
    Последна измена: 9 септември 2023
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    280
    Зависи од професија до професија ама мислам дека најмали плати имаат по државните институции посебно ако се со средно.
    Како што се административци во полиција во биро за вработување, во Центар за социјална работа, наставниците кои се со факултет имаат под просекот плати. Исто така медицинските сестри, општински службеници и т.н
    За жал криминалот не дозволува да имаат достоен живот поголемиот дел на граѓани во Македонија
     
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.295
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека рекоа за општ доктор колку зимал у Жан Митрев, ваљда се мислеше на доктор почетник дека зимал 25.000 почетна плата и секако дека не се бројат и дежурства тука но сепак премалце е и за без искуство.

    Добро е ако се 1500€ минимум ама тие сигурно специјалистите, а не општите.

    Тоа е више друга работа што одговорноста им е 0 кај нас и една од најголемите причини зошто губиме доверба во нив, а сепак не се они виновни туку системот.
    Затоа и викам, не сите што се сметаат за професионалци и кои се едуцирани, исто знаење имаат, стручност, познавање, вештини, во било која професија.
    Но е нефер поради ваквите, сите во ист кош да се ставаат и да имаме лошо мислење во глобала за нив како експерти во нивната област.

    Е, да можеше реално и праведно да се вреднуваше трудот, да беше кој колку работи и се труди, толку и да биде платен, а не сите подеднакво.
    За ова богами, нема да кажам дека ќе бидат дискриминирани зашо не е фер едноставно.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    878
    Пол:
    Женски
    Pa opst doktor kako sto kazuvate vo ZAN MITREV, se 1 ili 2,i sugurno ne e 25000 plata,ni vo drugite bolnici ima samo opsti doktori,tie ne se vrzani so fondot bidejki se privatna bolnica.Administrator vo ZAN MITREV,sto prima povici na telefon ,i zakazuva termini e plata za 25000 iljadi,jas konkurirav za toa ,i prakav CV ,imase sega brzo oglas.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    39.947
    Пол:
    Машки
    Па за општ доктор и матичен е муабетот. Со 6 години (5+1 пракса) завршена медицина. Ги има и во Жан Митрев, и во Систина, во амбуланта. Не се сите специјалисти и специјализанти.

    И еве ќе ги оставиме тие клиники на страна, @Selena01 спомна дека истите во помалите градови се на минималец + на рака нешто што им даваат. А за 25.000 кажа дека било пред две години, во меѓувреме може е покачена платата.

    Специјалисти се по 1500 еур, ама ниту може секој да биде специјалист, ниту пак преку ноќ се завршува специјализација.
    Специјализанти на државно се по 30 000. На приватно колку се?

    И во ИТ се почнува со таа плата од 25-30.000, ама за 6 месеци, 50% покачување добиваат. Тоа е разликата.
     
    На Mrs. right и Selena01 им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.438
    Допаѓања:
    20.865
    Еве пред некој ден во сдк прашав дали е мала плата 700 евра почетна плата за тазе дипломиран, за web developer.
    Сакал момакот 1000 евра од старт да зема, иначе понижувачко му било.

    Истава другарка што ја спомнав не успеа да најде пракса као студент јер очекувала 15 000, па и повеќе минимум да ја плаќаат, она без пари ќе работела за некој таму, ја мајката.
    И после кога ќе дипломира ќе очекува и она 1000 евра од старт, иако пракса нема никаква.
     
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.628
    Пол:
    Женски
    Доктор почетник у Жан Митрев не зема 25.000 плата во никој случај. Ако да, нешто гадно го зезнале.
    Почетна плата на сестрите, со и без искуство, беше 25.000. Ова зборам пред четири години. За време на короната убаа платица се земаше таму.
    Зборам од лично искуство.
     
  10. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.886
    Допаѓања:
    7.513
    Пол:
    Женски
    Види јас знам девојче што стварно работеше неколку месеци за 25.000 и немаше ни за кирија. Ова беше пред две години и нема зошто да ме лаже. Е сега искрено не знам веќе како се движат парите во приватните болници. За клиника земаат повеќе пари, точно. Но. Има еден многу значаен факт што се испушта. И да се високи платите во Жан Митрев, Систина, Универзитетските клиники... Колку пати сме виделе отворен оглас за вработување и колку пати имало фер вработување без врски. Бидејќи за сите оние кои немаат како да се пикнат на овие места останува да се надеваат дека некоја амбуланта ќе дава солидна плата.
    Патем збориме за општ доктор.
    За приватни и државни специјализанти нема ни да навлегувам. Доволно ја проширивме темава
     
    На Mrs. right и rosy25 им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    39.947
    Пол:
    Машки
    Може он и 2000 да бара, ама прашање е дали има некој да му плати толку.
    Во ИТ формално образование нема некоја тежина, туку искуство и знаење.
    Те седнуваат и треба да покажеш колку знаеш. Соодветно на знаењето и искуството, толкава ќе ти е и платата.

    Ама годинава не е добра во ИТ. Пукна меурот и има(ше) многу големи отпуштања. А и фирми пропаднаа.
    Огласи скоро па да нема за јуниори и почетници. На една отворена позиција и по 300 кандидати се пријавуваат.
    Се тоа е резултат на мајндсетот дека во ИТ се парите, па многу почнаа да се преквалификуваат преку секакви академии. Мислат дека со 6 месеци основен курс ќе ги чека работа и 700 - 1000 евра плата. Потоа ги удира реалноста.
     
    На Hygge-girl, Mrs. right, Космонаут и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.014
    Допаѓања:
    12.741
    Што си ти толку штосна со таа твоја дрскост? Друго нешто знаеш? Ај закачи се на некој друг член, не ме манијачи само мене. Еве кажи ти ако знаеш кој колку зема. Објасни ни дали доктори или келнери се поплатени. Отвори ДЗС имаш статистика, или спореди плата, па види колкава е висината. Само ако си со некого близок ти кажува колку плата зема, другите многу често лажат и се филмаат. Јас немам 10 години, го знам народов. Јас прераскажувам, ама и за прераскажеш треба да имаш некое животно искуство, да комуницираш со поширок круг на луѓе, знаеш во кој сектор како е, си сменил повеќе фирми итн. Еве кај мене ИТ зема 2.000 евра. И сега прераскажувањево грев е или не е ? Факт е или рекла казала е? И како што гледам и други спомнале искуство на другарки, колешки итн. Така и почна муабетот, од некој земал плата од 25.000 денари, а бил лекар, значи туѓи искуство, а не „јас земав 25.000“.
     
    Последна измена: 9 септември 2023
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.137
    Допаѓања:
    88.267
    Пол:
    Женски
    2019 год.почетна плата на сестра во ЖМ беше 40.000 го има уште огласот на вработување .
    Специјалист др.од 240 000 нагоре.
    Во аптека техничар и администратор почетна 25000 .
    https://www.vrabotuvanje.com.mk/Ves...U-Klinichka-Bolnica-ZhAN-MITREV-vrabotuva/77/
    Ке извадат дезинформација и триста муабети после.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.886
    Допаѓања:
    7.513
    Пол:
    Женски
    Тоа е за специјалисти, а они да земаат многу пари.
    Еве и да ме излажала другарката, да речеме земала и над 40.000
    Поентата беше дека примањата многууу варираат и на прсти се бројат тие кои земаат високи примања. И да глобалната слика е таа дека навистина просекот е околу 30.000 макс што за овој стандард е малку. Да беше 60.000- 240.000 од Германија тука ќе доаѓаа, не обратно
    И стварно е доста од темава и препукувањава
     
    На rosy25, Angie1432, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не знам зошто одредени се најдовте прозвани и “понижени” од констатацијата на @Tanjamm .
    Факт е дека живееме во мизерна држава, факт е и дека стандардот на државата треба да ја одредува платата. Во овој случај мизерна.
    НИКАКО не е нормално доктор да зема помала плата од келнер. Прво- 6 години образование, второ-финансиски влог во образование и доусовршување, трето-поголема одговороност, четврто-поголема важност во општеството.
    Без кафе и келнер ќе преживееш, без доктор-не.
    Никој не вика дека плата од 40.000 е голема за келнер(напротив), туку дека споредено со докторска плата, не е реално и не треба да биде така.
    До утре љутете се, ама така е. И никој не понижува, не секој го бива за учење, не треба секој да е доктор. Требаат и келнери, и чистачи.. ама мора да постои некое разграничување. Зошто келнер ако го истури кафето-никому ништо, ама доктор работи со човечки животи..
     
    На Bezimenka90, H.VAGA, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.295
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Дрскост? :oЛеле Тање успеав конечно да те изнервирам а?:whew:
    Те манијачам бе, јака си ми.:l:

    Пак сеа го тупиш со истото и споредуваш, келнери и доктори, а ти реков дека не треба да се споредуваат, ама треба да се ценат и двете професии соодветно.

    Браво за искуството твое и секоја чест, еве капа ти симињам.:bow: Браво и за дарежливиот газда, тоа ти е газда прав, сите среќни и задоволни сте во твојата фирма, не за џабе го фалиш стално, топ.(y)

    Па не знам дали е факт, неам ја информации колку зимате кај вас, ти кажуваш и наше е дали ќе ти веруваме или не, како викаш ти, преувеличуваат некад луѓето па затоа со резерва морало.

    Не знам ја, да знаев немаше да прашувам нели колку зимаат? А и на тој порталот vrabotuvanje.mk све транспарентно си кажуваат нели, и за плати и за обврски и за све и у реалноста 100% е така и тоа пак спореди плата ама е релевантно и точно секогаш, дај не ме смеј плиз.
    Опааааа,:o сеа гарант им е 300.000 платата ама пак не рече колку точно зима општиот лекар кој тек сеа почиња да работи, бројка ни треба точна, упорно за специјалистите кажувате и тоа сигурно за врвни специјалисти со долгогодишно искуство.
    Леле упорно со компарацииве. Мислам дека ниту еден од тука, не рече дека келнер треба да зима исто со доктор или повеќе кога во ниту еден случај не се за споредување.
    Тања ја напраи целата фрка и после други и се криви.
    Нит се најдов понижена, туку реагирав дека не треба да ги дискриминира другите професии кои не се со високо образование, како што го праи цело време.
    Толку ли е тешко да се сфати?
     
    Последна измена: 9 септември 2023
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.014
    Допаѓања:
    12.741
    @Mrs. right зошто си цинична и се сомневаш дека му даваат плата од 2.000 евра? Зошто цинизам? Имам ќар да ве лажам на анонимен форум, па нешто се зезаш газдата добро ги плаќал, а од друга страна се залагаш за повисоки плати. На форумот не чини ниту една опција, ако пофалиш лажеш, ако кудиш, пак лажеш. Не земам јас 2.000 евра, ИТ си зема толку. Самите верглате муабети како фирмите ќе пропаднеле без работници(повеќето се неквалитетни), па кој е проблемот на квалитетен ИТ да му дадат убава пара. Мојот ИТ инженер, @Billy Idol сигурно го знае, оти Скопје не е толку големо. Јас низ цела Македонија повеќето од моја бранша ги знам.

    @Mrs. right и не знам што е тој сарказам, „браво за твоето искуство“. Да имаш искуство не е болест, фала богу. И без да се видиме, дури и на форум, прво по речникот и правописот, начинот на изразување, ти ќе осетиш дали ти пишува некое размазено дете или некој начитан. Преувеличуваат тие што се фрустрирани, тие што си земаат навистина високи плати, си молчат. Еднаш една женичка што работи во чевларство, ме прашува колкава плата земам, јас бев почетник во фирма бренд, една од најплатените во Македонија, ја кажувам сумата и женава ми враќа „ееххх, за толку ли работиш, јас земам 1.000 денари повеќе од тебе“. Лага. Мојата почетничка плата беше двапати повисока од нејзината, плус имав ред други бенефиции. Фрустрација е тоа, како демек „еве да те потценам“, а таа лаже. А јас бев млада, 21 година имав, па не гледав спорно да одговорам на прашањето. Прашај адвокат колку заработува, нема да ти каже, прашај продавачка во бутик, ќе ти каже двојно повеќе.

    @Directioner005 во време на корона на пример, повеќето минимално излегуваа на кафе, ама сите бараа доктор, некои и по двапати закачија корона. Така што, нека извинат, ама послужување кафе, правење тост, не можам да споредувам со доктор.
     
    Последна измена: 9 септември 2023
    На Directioner005 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.295
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Не се сомневам, уживај, ако ви е добра и јака фирмата со добар газда зашо да се сомневам?
    Ова го спомнав дека ти рече, со резерва да се земале информациите.

    Имаш или немаш ќар, ти си знаеш тоа најубаво, ние другите, само можеме да претпоставуваме, а и да знаеме немаме право да се мешаме, твоја одлука, твое право.

    Сеа и на ИТ му љубоморам ќе испадне дека зимал 2000 евра? :D
    Нека зима и 4000 ако го бива и квалитетен е, алал да му е.
    Па браво викам, ти се дивам, искусна, успешна, начитана млада жена, за пример.:)

    Тие батали ги што преувеличуваат, секогаш ги има таквите, нема што да се замараш за нив, ако се лажат самите, нека се лажат. Фрустрациите се опасна работа и треба да се лечат на соодветно место.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.014
    Допаѓања:
    12.741
    https://kapital.mk/највисоки-плати-во-ит-бизнисот-во-маке/

    Eве ти новинарски текст, просекот е висок, но има и суми над тоа. И не секој ИТ е добар. Еве во претходната фирма, синот на газдите беше ИТ, за својата фирма не се грижеше како што треба, не си ги бркаше обврските, го молеа да работи, а од тоа зависеше. Тој ИТ и овој во сегашнава фирма се небо и земја. Не се будали газдите да испуштат добар кадар, нормално ќе го плаќаат. Не е тоа гратис, не го честат, си ја врши работата и тоа е тоа.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Сите работиме за плата, не од к*р кеиф. Како не е за споредување? Според мене понижување на докторската професија и образование е да има помала плата од келнер. Не дека келнерот како личност е глупав, необразован, неинтелигентен и не заслужува, туку поради позадината и одговорностите на самата работа.
    Имајте на ум дека доктор учи најмалце 6 години, значи во најдобар случај ќе може да почне со работа на 25 години, додека келнер може да заработува на 18.
    25 години веќе е возраст за започнување на градење свое семејство, деца.. со 30.000 тоа не се постигнува. Срамота и греота е за секој што работи, но особено за доктор( со 6 години образование, со најодговорната работа, со најголема жртва) да нема за основни потреби да си задоволи. Зошто ако доктор не може, кај се оние со економски, правен, филозофски…
    Работава испаѓа, келнери, ноктарки и шминкерки најплатени професии.. Мислам дајте малце реално…
    Кога ќе згусне не барате нокти да правите, туку доктор..
    И воопшто не понижувам, напротив, секоја професија е битна и потребна, но ретко кои се неопходни.. а тие што се, треба најмногу да ги цениме. Па 10 места празно.
     
    На Tinaaa, Bezimenka90, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.