Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    13.089
    Добро, не се разбираме.
    Јас едно, вие друго океј е.
    Испаѓа дека ми се допаѓа да зимале ниска плата, така сфаќате, ваше си е, треба да ви нацртам изглеа.

    Доста беше, се одјавувам.
     
  2. Coolll

    Coolll Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Леле ај доста си ја бркаш мувата од капата. Нема тебе да те направи помала курва тоа што кажуваш дека келнерките се курви.
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Не можам да ја разберам споредбава меѓу ИТ и медицина бидејќи дали не размислувате како уствари имаме толку современи дијагностички апарати и технологија што открива болести во ран стадиум, минимално инвазивни процедури, дигитални апарати, системи како мојтермин и сл.,користење AI, надежи за излекување дури и парализирани пациенти? Кој е одговорен за нивно создавање, функционирање и унапредување? Технологијата е основа на модерната медицина и овие професии кои го овозможуваат тоа не може да бидат класифицирани "под" лекарите, туку се на исто рамниште.

    Мене тоа што ми е несфатливо е како некој што трча по топка или рекламира бренд ќе заработи 5 пати повеќе од горенаведените професии иако нема никаква одговорност и суштинско значење, или па како некој зема плата за работа која не ја посетува само затоа што е од одреден етникум.
     
    На Annath, Bezimenka90, Camille84 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    Да ама нив сигурно не ги измислува 25 годишниот Стефан од Карпош 4 за да бара 1000 евра од старт.
    Од страна ги преземаат.
    Оти јас за во мк зборев дека се преценети ајти.

    Запознаена сум со такви системи вклучени во дијагностика до некаде (оти со такви и во иднина ќе работам) и да, ти кажувам од страна ги преземаат.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Општо зборам, за ит, инжењери и сродни професии. Не мора Стефан од Карпош4 да измисли топла вода, ама може да работи на битен проект и утре кога ќе отидеш на лекар да не паѓа системот и да не можат ни да ти внесат податоци.
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    Све тоа океј ама ако се на исто рамниште, нека се на исто рамниште.
    А не се
    А еве видовме дека системот на ФЗО не можеа месец дена да го оправат па истите таму лапаат пари.

    Мене друго ми е проблем.
    Приметуваш ли општо во дискусии како ИТ се гледа како златен стандард за заработка?
    Се пожали некој дека платата не му стига и одма се наоѓа тој Стефан што ќе се избаци со - па брат бе, фати нешто работи програмирање ово оно и ќе видиш како ќе имаш пари. Или немало сиромашни, имало само луѓе што неќеле да научат ИТ.
    Е тоа ме нервира, превише. Испаѓа толку е лесно, само мрзи сме зашто други пасии имаме место ИТ.

    Бтв и ѓубреџии се пребитни за општеството оти иначе ќе се давиме во ѓубре и болести, па не гледам дека зимаат големи плати.
    Видовме што се деси коа им текна да штрајкуваат

    Муабетов е дека да, ИТ се битни ама не НАЈбитни за да зимаат НАЈголеми плати.
     
    На Mrs. right, Tanjamm, Космонаут и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.926
    Допаѓања:
    179.405
    Не споредувате овде јаболка и круши, споредувате јаболка и јајца.
    Луѓето што работат АјТи, за приватни фирми:!:, најчесто работат за богатиот запад и го работат тоа, оти и најскапи во мк се ЕФТИНИ. Да работеше општ доктор за богатиот запад, исто ќе беше МиљардА платен за мк стандарди и пак ќе беше ефтин. Арно ама, има тука 2 проблеми.
    И баба ти од Катлановско, и детето од Сисак, имаат потреба од матичен доктор. И од лабораториска анализа. Видовме ,,телемедицина,, како работи, со дијагнози и лечење преку телефон, за време на короната. Мислам, некои работи се решаваат преку телефон, ама многу работи не. И така.
    Второ- фан факт. Доволно сум преживеала и научила од историјата, за да знам дека тоа што е најплатено денес, утре може да не постои. И Били ви го кажува истото. Единственото нешто што е сигурно е дека се се менува.
     
    На eliesaab, Annath, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    За мк стандарди и најбитно, потрошувачката кошница, ит баш и не се слабо платени, тоа збориме.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.926
    Допаѓања:
    179.405
    Не, зборите дека општ доктор е потпросечно платен. Постот со кој е отворена темава е од 2010 и вели плата на општ доктор била 15.000. Тоа е испод просечна плата за таа година, а богами знам оти живеев таму тоа време, дека тие пари беа цркавица. Исто ко што се сега 25.000. А проблемот е, ем што се приватни (значи дооел) ем што зависат од ФЗО. Значи нив, и вас како пациенти, дирекно ги дупи државата.
    ИТ рачунај дека се наемна работна сила, сега се топ, до кога, ќе видиме. И тие шо работеа за кфорови, унпрофори и сл.беа топ пред 20 години (појаки од ИТ), сега веќе не постојат. Којзнае што ќе биде топ по 20 години.
     
    На Mrs. right, Tanjamm, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.167
    Допаѓања:
    39.800
    Пол:
    Машки
    Не само во медицина. ИТ е во се. Од пос терминали во банки, онлајн плаќање, до земјоделие.
    Да ги нема IOT решенијата земјоделието ќе биде преполовено, ќе нема со што да се прехраниме.
    Сите машини за сериско производство од роботика до обична CAD/CAM машина, до преса, до 3D принтер, се е засновано на софтвер изработен од програмери. Авионите, возовите...
    Интернетот, мобилните и компјутерите кои ги користиме овде за комуникација, се е тоа ИТ.
    Едноставно денес светот не може да функционира без ИТ. Ќе се вратиме во доба од 2 светска војна.

    Не секој што работи ИТ е Стефан од Карпош на кој работата му е денес да направи button.
    Ама затоа е и Стефан платен 1000 евра, што е на рамниште на Мекдоналдс плата.

    Но, и покрај тоа што ИТ е застапено во сите сфери на денешното постоење, без експертизата од стручњаци и научници не се може.

    Цел ИТ софтвер, сите АИ-ња на светот не може да го заменат специјалистот и неговото искуство во детектирање на болест и реагирање.

    Може ќе го заменат во иднина, но денес може да му послужат како алатки за подобро и поефикасно да си ја работи работата.

    Затоа докторите, повторно, треба да се на врвот во општеството. И се на запад како што кажа @Dentina , многу повисоко платени.
    Овде ИТ имаат високи плати, затоа што, повторно, работат за странски компании и платите треба да им се споредуваат со тие држави таму, а не со нашите.

    Се повеќе почнуваат и теле-доктори позиции да отвораат. Иако не е многу ефикасно како што нагласи Билјарката. Ама ете, во иднина, во некој таков римоут теле-центар за матични доктори што ќе го дијагностицираат Џон, платите ќе бидат по неколку илјади евра.
     
    На Annath, Mrs. right, Hygge-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    И ИТ се надпросечно и доктори подпросечно.
    Разликата е огромна, не минимална
    Знаеме дека ит се присутни сегде.
    Што пак не го оправдува фактот зашто да се скоро единствени што со 4 годишно образование зимаат достоинствени плати.

    А да за 10 или 20 години може сешто да се смени.
    Ама ја нема да чекам толку да се смени нешто.
    Гледам како сега се движи светот. Нема да седи некој сигурно 20 години невработен за да види што ќе се смени па да се вработи тогаш.

    Едит
    Сличен беше муабетот за наводниот скандал со платата на Софијанова. Беше демек па доктор заслужува и повеќе од 5000 евра да зима.
    Да заслужува, фала богу. Ама друг е проблемот. Зашто сите доктори не зимаат толку во државава? Зашто и сестри да не зимаат големи плати тогаш?
    Оти ако она има голема плата, треба сите да имаат.
    Не може само еден сектор или само еден човек да се истакнува оти е битен, а за останатите трошки.
    Баланс/хиерархија мора да има.
     
    Последна измена: 10 септември 2023
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.167
    Допаѓања:
    39.800
    Пол:
    Машки
    Кои 20 години? Веќе се менува. Пукна меурот во ИТ.
    Еве отвори огласи и види колку се бараат почетници и јуниори. На рака се бројат.
    Ако до лани се примаа 3 јуниори да ја работат таа работа, сега еден мид со помош на copilot и chatgpt ја сработува.

    Ќе почне страшна селекција да се прави и ќе може да влези само оној што стварно има знаење. Брзите академии и дипломички што ги нудат го презаситија пазарот. Денес да влезеш на работа во ИТ треба да знаеш 3 пати повеќе од пред 3 години.

    И кризата си го направи своето и комодитетот што го имаа ИТ да се расфрлаат со пари и да превработуваат заврши.
     
    На crimson, Mrs. right, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.926
    Допаѓања:
    179.405
    Па нормално нема да седи невработен, ама единствено што може да направи е да работи тоа што знае/сака/може за најдобрите пари што може да ги заработи. И притоа постојано да се усовршува и да ги следи промените што се случуваат. Тоа е единствено што може да направиме, сите да трчаме да бидеме ИТ денес, шофери утре или пилоти задутре, ниту е изводливо, ниту е добро.
    А ти лично, по 10 години нема да бидеш почетник, и нема да имаш почетничка плата, струката ти е прекрасна, гради искуство и експертиза.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    А што ти е поентата уствари? Државата да ограничи колку смеат странски компании да ги плаќаат своите вработени и вишокот да го дава на доктори? :D Не оди тоа така. Генерално секој што работи во странска компанија од овде има натпросечна плата и повеќе од одлични работни услови за наши стандарди. И тоа е нормално. Треба да се стремиме нашиот страндард да го покачиме за докторите, a и тие од другите сектори да се заслужно платени. Не да мрчиме зошто ИТ повеќе имале. Не е ко да земаат од она што им следува на другите.
     
    На Mazegin, Bezimenka90, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.380
    Допаѓања:
    20.542
    ИТ да се симнат од облаци дека се најбитни во општеството :) кога на почетник му нудат пониска плата.
    Не мора да прифати ако не одговара. Ама преку леб погача не се бара. Научи прво, биди експерт, па барај повисоко. А од 100 души, не може 99 да се експерти и сите со високи плати.
    Тоа ми е.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.442
    Стварта е што и даноците за ај ти ( ај , ај ти:D) фриленсерите не и се платени на мк, се заобиколуваат на сите можни начини..
    Матични доктори и стоматолози во мк со по 5-6 илјади пациенти заработуваат многу повеќе од 2 илјади евра...
    Отприлика по 2 евра по пациент за дете на пример педијатрите , не ме земајте за збор , не сум во тек..трошоци освен кирија и асистент...хммм зиро. Диши , диши. Ампуларната терапијљ се плаќа.
    Не се сите доктори за греота.
    Некогаш општ зема МНОООГУ повеќе и од специјалист.
    Се се претвора во бизнис...
    Оние ит луге што работат во администрација ич не се богзнае како платени, а као тие се одговорни за софтверот на ...еве на пример разни фондови, катастари..
    Се дури си ставаме "сопки " едни на други , разни камчево-заевци- тинексо- гад ноуз ху- жанмитреви и други инсекти ќе го ебаваат работникот во мозок.
    Понуда и побарувачка.
    Ако не ми чини таму, ќе барам кај ми чини и таму ќе одам...
    Маж ми е ај ти, јас еве пандан на докторче, па знам која беше разликата во мк, а која е овде каде сме сега...
    За оној што е способен , пари ќе има. Можеби не милиони, за тоа треба предузимаштво, нели, бизнис сенс, а во мк : моќ, корупција, поткуп, криминал, партија.
    Останете ми со здравје, се размудрив јас во странција, оти овде ако ринташ, никој не те д и во церебелум.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    12.333
    Пол:
    Машки
    Да, вработени на неопределено ги земаат овие плати, но не и млади општи лекари и други вработени со договор на дело!

    Во државава, дали на државно, дали на приватно се врши страшна експлоатација на млад труд, барем во областа на здравството.

    Во ЖМ и во Систина прво те вработуваат со договор на дело, значи немаш ни здравствено осигуривање, ни стаж ти течи. Траењето на тој договор е барем една година, а најчесто и повеќе. Во таа мин. година дена ти рмбаш, за 25000ден, а во некои случаи и минималец, ДА МИНИМАЛЕЦ! Исто така, имаш дежурства, во некои денови си на повик и ништо од тоа не ти е дополнително платено!
    Во Неуромедика, за општи лекари, се нешто повисоки околу 30-40000 ден, НО цело време си под притисок од надредените да издаваш шо е можно повеќе интерни упати за крвни слики, РТГ, МР, КТ и шо уште не, без разлика дали тие биле потребни или не. Неопходен е обрт на пари! Буквално работиш како на процент, а во случај на неисполнување на бр на издадени интерни упати, или доколку не си постапил надредените како шо сакале, иако не се во право, страшно се крати на плата и стигаш со износ како горенаведените.

    Во ординациите по општа медицина платите за млади лекари вообичаено се од минималец до макс. 30-35000.

    Во државните институции(општи и клинички болници, здравствени домови) ситуацијата е најужасна. Дел од младите општи лекари, ВОЛОНТИРААТ без никаков паричен надоместок за евентуално да БИ биле вработени со договор на дело и тоа ни за денар повеќе од минималец. Ете за пример ќе ја земам битолската болница, колеги таму волонтираа една година за сега да бидат примени со договор на дело. Инаку, само во ургентното одделение и итната помош има 10тина колеги кои веќе се 3та година на договор на дело за минималец. И сето ова се прави со надеж дека ќе го пуштат тој историски оглас за вработување во болницата.
    Најголем дел од медицинските сестри кои се вработени во ЈЗУ, се вработени како со средно медицинско, иако добар дел имаат и висока медицинска школа, бидејќи на тој начин платата им е барем за 6000ден пониска. Имало ситуации каде, медицинска сестра завршила средно медицинско, но не полагала државен испит, па завршила висока медицинска школа и полагала испит, од државна институција да и речат полагај го стручниот испит за средно образование, со другиот не те примаме.

    Е драги мои, во главно таа е ситуацијата со здравството и здравствениот персонал кај нас, сакајте верувајте или не. Се надевам дека ниту еден колега не би останал овде, се додека е ваква ситуацијата.
     
    На Anie93, Billy Idol, Mrs. right и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.484
    Пол:
    Женски
    Баш поради истово не сакав да коментирам повеќе погоре. Сите нападнаа дека во приватните болници не можело 25.000
    Да може
    Таа утопија што ја кажуваат на тв е продавање муда за бубрези.
    Ова е реалноста, а е и уште полошо. Кој сака нека верува, кој не нека заврши медицински и ќе поверува
     
    На Anie93, Billy Idol, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.055
    Пол:
    Женски
    Договор на дело една год.во Систина за доктор и 25 000 ?
    Од каде ви се информацииве?
    Па нема таква плата во Систина,па ни во Ж.М.
    Сите се над 30 000.од пулт ,сестри итн…
    Некој дебело ве излажал.
    Доктор што се плаќа 25000 нема.
    Еве во Промедика сестра на неопределено,плата 30 000 ден.
    https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/437039/Medicinska-sestra/
    Систина
    Најниска плата со средно медицинско
    28.000
    https://acibademsistina.mk/strong-a...ka-prosechna-plata-vo-makedonija-nbsp-strong/
     
    Последна измена: 10 септември 2023
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Бидејќи синоним за приватна болница им се специјалисти што работат со години. Или општо, хирурзи за медицина. Младите општи лекари се тотално заборавени во математиката. Башка што добар дел од луѓето стварно немаат претстава дека прво се завршува медицина, се бараат врски па се специјализира ако имаш среќа за брзо да добиеш државна специјализација, што почесто не е така, и не, не стануваш специјалист што работи за 2000 евра плата после трета година од додипломски.
     
    На Anie93, Biljarkata, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.