Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    12.325
    Пол:
    Машки
    Па тие изгледа ме излажале. Оти и на двете места имав аплицирано за работа, а во една од нив и работев. Да бев само јас, ќе речев ме најдоа млад, желен за работа па дај шта даш, ама на сите колеги од моја генерација шо аплициравме и се вработивме на тие места, ни понудија исти услови.
     
    На Biljarkata и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.483
    Пол:
    Женски
    Аплицирам активно за работа, и договорите доцнат, и се кријат информации и се договораш за една плата, стига помалку со различни изговори. Не мораш да веруваш, твое е.
     
    На Mazegin, Anie93, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    13.063
    Сеа испаѓа ти лажеш..:drunk:
    Кажуваш твое лично искуство, а не рекла казала муабети и пак не им се верува.

    Добро, сериозно веруваат дека на овие порталиве, а и на сајтот на болницава еве конкретно Систина, реално е се и без идеализирање на нештата?

    Ете, синоним за Систина, јака плата преку 240.000, и луѓето ќе мислат wow, сите таму се Рокфелер, не знаат како да ја потрошат платата.

    Ама не само у болниците и за други сектори така си мислат луѓето, дека вработените се дават у пари, пара небројана се врти, а како да не знаат кај живеат.
    Е тој момент не можам да го разберам.

    Ах бе луѓе бе, добро така да беше, немаше да бегаат луѓе од тука ако беше идеална ситуацијата.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    Ако зборуваш за Битола, еве ..пред месец и пол, млад колега и ја утна дијагнозата на ќерка ми..која беше pretty straight forward..
    Па моравме да бараме уролог во пензија, да гледа на ехо, па да чита крвна слика, па за да ни речат не треба антибиотик зашто не се покачени леукоцити црп.
    Имаше бубрежна колика од песок...
    Е сега, можеби младиот господин на ургентно не беше специјалист, но ја виде крвната слика , зеде анамнеза и даде тоа што даде...антибиотик.
    Ех видиш, не знам дали волонтира, стажира или што, ниту аналгетик не препиша, а јасна беше локацијата на болката значи не бешика но flank, слабина како и да се вика...
    Си платив приватно.
    Па трчавме по познати, на кои не им платив, нали...
    Не знам што да речам.
    Платата како бројка е апсолутна работа, ама според знаењето, грижата и способностите, не би рекла дека сите треба да се супер платени.
    Се прават грешки, да. Но тогаш умре таму и девојче и бебе и шуш буш, никој кабает. Родителите се можеби криви, што знам(facepalm) Еве како јас за керка ми оти одма не барав врски...туку отидов на ургентен и поштено платив(facepalm)
     
    На drugarka и boomsleng им се допаѓа ова.
  5. rosy25

    rosy25 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Секој што не верува, може да отворе на страницата на државна агенција за вработување и да ги виде огласите за доктори по општа медицина во кои платата е од минимална до макс 40 илјади. Огласите во кои платата е 40 илјади се ретки. Во 90% од огласите, платата за доктори по општа медицина е од минимална до 30 илјади.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    13.063
    Е ова, ова е најбитното од се.

    Тој дали од неискусност или пак можеби и од незнаење згрешил ама знаеме дека такви грешки знаат да коштаат живот.
    А од друга страна има и млади лекари кои се стручни и максимално посветени, а имаш и од постарите, за кои се очекува да имаат искуство и знаење, па пак да напраат некој непромислен потег и да заебат работа.

    Затоа, убаво ќе беше, да се исплаќа платата исклучиво врз основа на квалитетот на работењето, професионалното завршувaње на обврските, стручност и експертиза и професионални вештини, како и професионална етика и одговорност.

    Така мислам најфер би било и нема љутиш после, да бидеме објективни, ако те бива - бива и ќе си напредуваш, ако не, елиминиран си и секогаш има кој да те замени. :)
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    12.325
    Пол:
    Машки
    Абе не дека во Систина и ЖМ не зема некој 240.000 плата, ама тоа се специјалисти со искуство, не штотуку завршени или вработени. Салис Таџер земаше 400.000€ месечно, секако секој со способностите и обврските, но 25.000 па и 30.000 ден. плата ли е, особено во Скопје?
    Се согласувам дека на некој начин, секој треба да си ја заслужи платата. За знаењето и одлуките на колегата не можам да зборам, бидејќи не го знам. Тешко дека бил специјалист, во главно се доктори по општа медицина, а спец. по ургентна медицина се дали 1 или 2, а можи ни толку. Искрено, на ургентно пред се треба да се прави тријажа и воопшто не е погрешно да се побара мислење од дежурен специјалист, ако имаше таков, зашто во Битола има само еден уролог(за сега). За друго не сакам да навлегувам, оти то е скроз друга проблематика, надвор од темата.
     
    На H.VAGA, Dentina и Mrs. right им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.013
    Пол:
    Женски
    Според оваа логика повторно се враќаме на истото, млади лекари да земаат 25000 плата и само постарите специјалисти да земаат океј плати.
     
    На Anie93, Waverly Raven и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    13.063
    Не, платава е мизерна и за младите лекари, како што кажав.
    Оваа плата е мизерна и за професии без високо образование, а не пак за доктори.
    Реков ја, стартна плата и за неискусни доктори убаво би било да е минумум 40.000, зашто сепак сте вложиле голем труд во текот на студирањето и треба да ве ценат.

    А сега да, не може почетници и искусни специјалисти исто да зимаат или слично, тоа го нема никаде.

    Друга работа е тоа, кој колку го бива и знае, ептен е широка и комплексна темава ама не значи дека не е битна и оваа ставка, пребитна е, за експертиза збориме и стручност, ништо не праиме без тоа.
     
    На Cka и Dentina им се допаѓа ова.
  10. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    На темава со келнери/ки да си бидиме искрени едни од најексплоатираните се. Голем дел од нив не се осигурени, голем дел од нив мораат да молат за слободен ден и он топ оф дет, како колеги воопшто не се почитуваат меѓусебе и гадни работи си прават еден на друг. А со гости како Македонциве, треба да си ептен субмисивен за да издржиш. И ако прават 40.000 крваво ги прават оти цел ден се на нозе, тромбози од млади години. Ако е ова за завидување, тогаш не знам...

    И имам кажано, ама пак да се повторам. Ако си од провинција и сакаш да работиш во Скопје, треба добро да бидат финансиски потковани твоите, оти на почеток највисоката плата е 29.000. Ако пресметаш во неа, храна, оброк на работа, превоз, кирија+сметки, оваа платава автоматски ти летна и ти треба допинг од дома. Тие што ги знам, кои останаа во Скопје, а реално малку се, вака туркаа. Ти требаат едно четири години за да се покачи платата. Друго, кога не си студент, контактите се намалуваат и многу е потешко за барање цимери. Тешко е и за стан барање, оти кога ќе им се јавиш станот е автоматски зафатен, иако е на оглас долго време. За се треба дебели врски и конекции, дури и за плаќање. Тања се има докажано и во другите теми, ништо ново.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Тешка е финансиската состојба а со тоа и егзистенцијата на многу млади доктори. Голем дел се невработени (после платен стаж во итна помош) ете тој проект овозможува некое привремено покритие до 6 месеци, но што понатаму? Оние со врски во партија или пари обично завршуваат во локална болница или клиники. Па си исчекуваат некоја специјализација.
    Колеги кои одлучат да бидат матични платени се во ранг од 23000-35000, најголем дел 23-30. Ситуацијата е друга во итна помош таму вработувањето е исто со врски, но платите се далеку повисоки мин 45000 а некој општ просек од 50000. Подобро економски не верувам дека ќе биде за скоро време посебно за колегите кои работат како матични.
     
    На Selena01 и Anie93 им се допаѓа ова.
  12. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Каква срамота за државата и општеството е ова. Не ми се верува дека го читам ова.Докторите заедно со професорите треба да се на врвот во модерното опшетство а не како голтари да живеат. Не ми се верува дека го трпиме ова. Се да ви ебам на тие што ги гласате ВМРО СДС И ДУИ.
     
    На rosy25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    14.218
    Пол:
    Женски
    Баш периодов се мислев да прашам тука на форум колеги што работите како матични доктори низ Скопје, дали се зима плата 40.000?
    Зошто стварно плативе од 30.000 се мизерија, а како што гледам по огласи нудат и пониски....
     
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    14.218
    Пол:
    Женски
    Да не потенцирам за кое од овие две ама платата на општ доктор е 30.000 во приватните болници. На сестри што работат само прва смена е околу 25.000, а на тие со дежурства и ноќни е околу 40.000
     
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    14.218
    Пол:
    Женски
    Во сред ковид почнаа за 25.000 во Систина општи доктори и во Ремедика беше 28.000 плата на огласот лани за општ доктор
     
  16. rosy25

    rosy25 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Платата во итна помош е 34,500 но со додатни часови работа/дежурства се стига до 45 илјади
     
  17. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.013
    Па добро тогаш што учеле за доктори?
    Нека бидат кафекуварици, козметичарки, фризерки.
    Греота било да немало доктор кој учел 6 години да си дозволи основни потреби? У глобала греота е за секој работник кој живее во државава.
    И не споредувајте никогаш доктор со занаетчија.
    Има доктор матичен кој работи најдоцна до 19:00часот, има доктор кој работи у државна со дежурства, има доктор со дежурства у приватна клиника. Со специјализации, без итд итд.
    Од друга страна келнер кој работи прекувремено, од јутра до сутра, завршува во 04:00 наутро, одмор 4 часа, па прва смена од 08:00, со еден слободен ден у неделата, некогаш и без ден ако нема персонал да се покријат, фризерки кои работат и во недела, ударна ден е, свадби прослави, козметичарки кои користат доста скапи материјали и средства за да не ви попаѓаат ноктите по 3 дена од изработката, и да не навлечете хепатит или габична инфекција, треба да земат по 21.000?
    Мудрувајте колку сакате, реалноста е таа, секој си го цени своето, ама во повеќето случаеви се работи само за его, “тој е општ работник, работна маса, тој заслужува минималец и не е за жалење.”
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.013
    Пол:
    Женски
    Ја земаш најдобрата можна теоретска ситуација за доктор и ја споредуваш со најлошата теоретска ситуација за келнер. Малку преувеличено, а?
    Апсолутно треба да се цени трудот и на козметичарката и на кафекуварот и тоа никој не го оспорува. Работа е работа и мора да биде наплатена. Не мора келнерот да работи за 20000.

    Ама најбитното нешто што го заборавате е дека стресот за сите што работат со живи луѓе - доктори, сестри, забари или итна помош, пожарникари итн - е неспоредлив со било што друго.

    Извини ама таа што прави нокти сигурно не го носи товарот од клиентите надвор од работното време, а уште помалку па ризикува да убие некој ако му ја утне декорцијата. Ниту таа што ти го носи кафето мисли дали тоа ќе ти го афектира животот за пет години. Ниту не може да спие од мисла дали добро ти го послужила кафето.

    Така да, може споредбата за некои е за его, ама реалистично и не е баш.
     
    На msh, Anie93, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    Баш ми е криво што наместо работа прекувреме и дежурства да ти донесат плата со која малце можеш да се "разлабавиш", буквално вишок да имаш, уствари со нив стигаш до плата која е рецимо сосема доволна за живот.

    Мизерија ми е ситуацијата со платава за здравствени лица, треба да е многу многу повеќе, 45 000 почетна треба да е за доктор според мене, многу се непочитувани.

    Од друга страна многу субјективно, кога ќе се сетам каква корупција има во здравството во Македонија и малку ми мило доаѓа што не е повеќе... ама субјективно, плата како плата не смее да се рачуна според корупција секако, само кажувам...
     
    На Anie93, Bezimenka90, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.013
    Ниту една од овие професии не е мојава, а е далеку по стресна од професијата на докторот. Треба да земам 3000 плата?
    Таа што прави нокти не треба да закаже термини надвор од работното време и да биде до телефон 24/7?
    Доктор е нормално дека ќе води грижа за човечки животи, исто како што спомнав погоре, од маникир и педикир како што сносува последици ако ти пренеси болест, исто како што келнерот носи одговорност да не ти истури пијачка или жешко кафе у фаца.
    Објективно гледате на работите, помалку грижа и бркање нос за туѓи плати.

    Ти посакувам убав ден и плата колку што заслужуваш. :)