Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    39.787
    Пол:
    Машки
    Она што е најлошо овде се мизерните плати во приватните болници кои се претставуваат како ексклузива, луксуз, услуга на ниво, и секако експертиза.

    За еден обичен преглед се фрлаат по неколку стотици евра, не затоа што луѓето сакаат, туку од зорт што нема термини на државно, или од тоа што биле изгорени лично, или од блиски.

    И во едни такви болници каде што едвај чекаат да ти ги соберат парите за се и сешто, доктор, кој посветил 6 години минимум од својот живот во учење, му даваат мизерна, плата под државниот просек.

    Ај што се богатат на грбот и маката на луѓето, туку и користат знаење и експертиза на млади луѓе кои немаат друг избор, заглавувајќи ги со обврзувачки договори на 5, 10 години ако сакаат некаков напредок.

    Ако е труло државното здравство, приватното е бетер, само нашминкано.
     
    На Tinaaa, Anie93, franca и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    Не знам, можеби работиш во нуклеарна централа,,@Mazegin таман што ако колегата згреши, заедно ќе бидете озрачени,или на берзата во Њујорк.
    Иначе дека друго е постресно, постојат испитувања , се знае кои професии се во врвот по стрес.
    Контрола на летање , или пилот, исто носи стрес, но скопски аеродром е далеку од најголемите ..
    Фудбалер или голфер, можеби и највеќе заработуваат..но тоа не е мерка за одговорност. Едноставно талент, тренинг и среќа..знаење секако, но никој нема да умре ако ја утне сезонава..
    Да се споредува лекар на ургентно со келнер е...малку нон сенс.
    Погорното се однесува за неколку постови поназад.
     
    На felisitas, Anie93, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.013
    Пол:
    Женски
    Да бе сигурно одговорноста да не истуриш кафе е исто стресна со одговорноста да не утнеш дијагноза што ќе кошта живот. Мислам не знам дали се читаш или за инат збориш колку да се пише нешто.
    Еве нека не биде доктор, нека биде контрола на летање, исто ко да кажеш дека тој таму што е одговорен за стотици луѓе во воздух го осеќа истиот притисок како продавачка кога куца сметка. Едноставно не. Ете ти објективност.
     
    На msh, fairy88, GirlLove и 6 други им се допаѓа ова.
  4. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    1.659
    Пол:
    Женски
    Здраво. Колку е платата во Teleperfomance??
     
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не знам дали се слушаш што збориш и дали сама си веруваш во истово…
    Одговорноста во раце да имаш човечки живот, и кафе кое треба да пазиш да не го истуриш е иста?
    6 години ОСНОВНОТО образование(а кај е специјализација уште толку, која притоа сама си ја плаќаш соленко), исто ли е со средно завршено на 18 и веќе услови за работа?
    Мислам дај малце да бидеме објективни.
    Никаде не реков дека келнер треба да работи за 20.000, туку дека ако на келнер платата е 50.000, доктор треба да зема 150.000.
    Лично знам случаи што им е скапо 800 денари за пломба на заб што им гние и смрди, а за нокти од 1500 месечно ноу проблем.
    Затоа, за 10-20 години, со вакво “мотивирање и ценење” на лекарите и докторската професија, кога ќе си отидат веќе постоечките доктори, ќе си бидеме со нокти излакирани и кафе испиено, а ќе испоцркаме од болести.
     
    На Anaroz1, Anie93, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  6. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Читам коментари и стварно не ми се верува какви глупости читам. Споредувате доктори со келнери,шанкери,хигиеничарки итн. Секој заслужува пристоен живот да се разбереме ама споредбата е небо и земја. Сум работел во ресторан како келнер и можам книга да напишам за случките таму. Шефот на кујната беше ноторен алкос,пијаница,доаѓаше на работа и мораше стуб да се направи за да функционира. Дур не испиеше 2-3 ракии не можеше да работи,рацете му се тресеа. 4 пати е женет и неплоден,он освен што знае добро да готви,тотално е бескорисен за опшетството. Другите во кујна што беа,немам зборови да ги опишам тотално неписмени,само за миење садови и спремање зеленчук се добри. Менаџерот на ресторанот неопеана будала,од 15 години работи во угостителство,не знае меил да прати на интернет,ворд и ексел да не збориме. А пати од комплекси човекот,цело време збори како професијата е исто битна како и другите...
    За во локалниве кафичи што да кажам. Пола од машките келнери и шанкери се функционално неписмени (знаат да читаат и пишуваат,ама да разберат суштината на напишаното не верувам дека можат). Покрај ова се и страшни наркомани,едвај чекаат да им заврши смена и да издуваат еден џоинт,викенд чекаат за да можат малце белце и амфас да удрат. Пиво од пластика да пијат е единствената цел во животот во слободно време. Има и такви што на работа идат пијани,надувани и нашмркани. Не се сита вакви не ме сфаќајте погрешно,ама добар дел се вакви. Од искуство го зборувам ова. Сите што тука пишувате кога би поработиле во кафич/ресторан ќе ви се згади идењето таму кога ќе видите какви луѓе работат и какви муабети прават,колку не се води грижа за хигиената поготово. Не ми се верува какви будали има во државава што споредуваат келнери со доктори. Може и го заслужуваме ова што ни се случува!!!!
     
    На FitGirlK, Tinaaa, Inaa Ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.473
    Се сложувам.
    Не секој може да биде директор или доктор, секакви луѓе постојат а пониските позиции мора некој да ги работи, нели?
    Но, тоа не значи дека треба да се катран платени. Секој човек треба да биде добро платен за да си води нормален живот.
     
    На Zavisnaodblago му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    14.218
    Пол:
    Женски
    И дома имаш ризик од тоа, чајот да не ти падне врз лице. Многу одговорно:rofl:
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    12.497
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што се нафаќате за минималец и ја спуштате цената за другите. Колку и да сте почетник, да се цените. И ако нешто ви значи, ако навистина сте желни за работа нема да сте никогаш без пари. Дури и кога имате супер работа, шетајте на интервјуа и однесувајте се како да сте без работа за да сте мотивирани да барате уште подобро. Кој нуди повеќе - таму да си одите. Удрете слободно клоца, зашто реално на работодавецот никогаш не му е гајле за вас. И помалку зборувајте за себе и за ваши проблеми (стално сум го гледала ова), и затоа ви кратат, зашто знаат дека сте зависни. Престанете со муабети од типот "благодарен/на сум што имам работа" и гледајте малку од вашите искусни колеги. Барајте совети од таму каде треба, за да знаете како. Дури и ништо да не добиете, дури и никаков совет отварајте очи и набљудувајте.

    Белите мантили, моментално се на најубава позиција. Да не зборам за она останато од пред години, да носиш чоколадо/виски/стави тука било што чисто за благодарност, дека за здравје нели. Луѓе, тоа им е работа. Платени се за тоа.

    На келнери обавезно бакшиш, посебно на млади и вредни дечки. Ги има доста, се трудат и газдите ич не ги ценат. А паралелно работат и учат. Ок, не се ценат, ама ќе научат и тие полека.
     
    На felisitas, SlimReaper и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.013
    Да да.
    Мала плата и ти имаш а? :rofl:
     
  11. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Е ова е проблемот,кога ќе кажам на некој малце е 20.000-24.000 да те плаќаат одма добивам повратен одговор,А ШТО САКАШ ТИ? Или некој ќе ми каже ,,добро ќе ти даде некој 30.000 и после 2 години за иста плата ќе работиш,нема да сакаат да ти покачат,а јас на пример сега работам за 20.000 па за година ипол две ќе зимам исто 30.000,, логика 0,дури престанав да се расправам со вакви луѓе.
    Дечки не се цениме, Sparkasse ме примија и ми понудија плата 20.800,ги одбив. Grant Thorton ме приминија ми понудија 20.000 плата и да не бидам пријавен 3-6 месеци и ова го одбив. 2 недели после ова Halkbank ме примија ми понудија 28.500,прифатив. Да не излезеше ова со Halk бев спремен во кафич да работам,ако сум завршил факултет,нема да ми биде прв пат во угостителство да сум. Ќе поработев малце таму дур не најдев нешто подобро,ама не се продадов за минималец како што вика eliesaab.Според мене срамота е вакви фирми со огромни профити минималци да даваат.
     
    На Feminka22, Mrs. right, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    12.497
    Пол:
    Женски
    @SlimReaper и јас еве на другарка ми од пред недели ѝ кажувам, ама ајде она е доста помала од мене. Работи како коњ, уште се чука во гради и стално ми потенцира колку работи, колку не ја фаќа место од што е желна за работа. Стварно не ја сфаќам што сака да постигне, ама гарантирам дека нема да заврши добро.

    Секогаш се бара покачување во моментот кога работодавецот ти ги менува условите, и кога за релативно краток период ќе покажеш резултати. Од сам старт исто се искажува незадоволство од платата. Вака 10 да им дојдат, нема да најдат работник за минималец. И ќе мора да вработат било кој, ама по повисока плата. Значи условите се веќе сменети и за тоа издејствувало револтот од претходните што биле на интервју. Веќе е нешто постигнато. Вака во секоја професија.

    За HR ќе додадам колку се неспособни. Страв им е да поддржат потенцијален кандидат за вработување што бара повеќе на интервју. До сега само една асална видов, баш си застана позади мене. Ако овие не знаат да издејствуваат во една фирма за повисоки плати, според мене за џабе ги имаат. За оглас секој може да напише, бар тоа е просто нешто. А тие, само тоа и го работат.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    И јас имам една другарка што работи во ревизорска фирма за бедна плата и ми ги прави муабетите што ги напишав погоре. Ај што работи за бедна плата ама работи и многу прекувремено дури и за викенди,а прекувременото не го плаќаат ревизорските фирми. Често се дешава да работи до 22.00 вечер,да отиде дома да легне,да стане во 7 сабајле и на работа да иде,а за ова не добива никаков надомест. И зборам од срце ќе умреш,вика сега за сега океј ми е на работа,порано многу полошо ми беше. Порано ако и било полошо стварно не знам што се случувало во фирмата. Кога сме кај HR,види они за газдата работат,така да главна цел им е интересот на газдата да го зачуваат. Познавам многу од HR што се гомна и лажговци,ветуваат се и сешто и кога ќе се вработиш ништо од тоа не важи,али главната кривица е кај нас луѓето што го трпиме ова. Само еден 20-30% од вработените да не отидат на работа одма утре-дента ќе добијат сите покачување,вака и на протест сите да излеземе да го блокираме цел град со коли по улици одма ќе почнат политичатире да слушаат,али скептичен сум дека би се случило вакво сценарио.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    12.497
    Пол:
    Женски
    @SlimReaper а до кога мислиш ќе стојат на страната на газдата? Еве викаат кандидати, никој не прифаќа да ти работи за минималец. Ќе му дадат предлог да се покачи платата.

    Со овој народ ништо и не се прави, толку поделени што со задоволство ќе одат и ќе работат ако треба и неплатено прекувремено, само и само да не останат без работа. Значи толкава самопочит и имаат, ништо посебно. Си жртвуваат слободно време, а некои дури и фамилија си запоставуваат. А газди ко газди, око не им трепнува.
     
  15. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Тука има еден момент,менаџерите што повеќе заштедуваат на трошоци,добиваат бонуси. Заштедувањето на трошоци во многу случаи значи помали плати за работници,он уствари неговиот интерес си го штити со малите плати. Ова не би траело на долг рок ако не прифаќаат луѓе минималец,а друг проблем е што и некој е толку сиромашен и очаен што без око да му трепне би работел за минималец и би бил благодарен.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    12.497
    Пол:
    Женски
    @SlimReaper се' во ред, ама ќе пукне ова со плативе и ќе биде друго. И тие што работат за без пари, ќе видиш како ќе се намачат и како ќе почнат да се ценат. Ваквите само треба да ги тапкаш по рамо и да им велиш, браво, браво, работи повеќе. Оти нели, умот не им доаѓа поинаку.
     
  17. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека ќе пукне. Зошто мене ме фаќа страв да не станеме како западот,азијци да почнат да доаѓаат кај нас и за уште победни плати да работат. Хрватска има голем проблем моментално со ова,две сезони имам таму работено,многу луѓе доаѓаат таму од Непал,Филипини итн. и работата за ниски плати,ама за нивно услови 700-800 евра е богатство. Кај нас во источниот дел од државата читав по медиуми во некоја фарма вработиле азијци,во никој случај не е добро наши луѓе да си заминуваат на запад а овие од исток кај нас да доаѓаат.
     
    На msh и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    12.497
    Пол:
    Женски
    @SlimReaper мислам дека предалеку гледаш, и место да се грижиш подобро е да се фокусираш на моменталната ситуација. Ќе биде добро, чим не спаѓаш во тие што ги зборувавме.
     
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    14.218
    Пол:
    Женски
    Па околу 1000 евра месечно, за мк океј е:)
     
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.997
    Допаѓања:
    14.218
    Пол:
    Женски
    Па и на келнерот му е работа да те служи. Зашто да се дава бакшиш?
    Многу ме нервира и во хотели и секаде ако не оставиш бакшиш добиваш 20%од услугата штоо треба да е 100%
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.