Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се платени различните професии во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од nemir, 23 мај 2010.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.580
    Допаѓања:
    21.593
    Ама обично тие што се ПЗУ отвораат свои ординации.:?:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Од 25000-40000 зависи. На почетници обично 25000, 30000. Мизерии, да ти е срам да кажеш, а си завршил медицина, затоа веќе ни матични нема да има а богами и доктори спец. Никој не е будала 6 год на учи факултет и плус уште 5-6 год специјализација сам да си ја финансира затоа што знаеме како се доделуваат државни специјализации во нашава држава. Не вреди едноставно и после некој дедо ќе ти дојде на преглед со два реда школо и тоа дали го има, и ќе ти рече млада си ти незнаеш :D.
     
    На eliesaab, wendy2, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.930
    Пол:
    Машки
    Пред 1 месец, (редок) оглас за општ лекар во ПЗУ во Скопје, со над 5г. искуство, плата 40000.

    Ееееј, со искуство едвај 40000 даваат. Резил.

    Па некој ќе ми речи, не е се до парите, најважно е да си ја сакаш професијата. Оди преживеј од љубовта кон професијата да те видам. :nod:

    Не мора да значи. При поголем број на пациенти, се формираат нови тимови(втор, трет итн). Така што сопственикот на ординацијата ја добива капитацијата од пациентите и од тие пари тој распределува за плати и др трошоци.
    Исто така, неретко, сопственици се трети лица, кои не се лекари, а вработуваат лекари и др персонал, да им работат во ординациите.

    Неодамна, беше донесена одлука, руралните амбуланти да имаат можност, привремено да работат без сестра, само доктор. Пред сѐ, поради помалиот број пациенти, а со тоа и помали приходи, да не треба да даваат и плата за сестра.
    Гледај како се решаваат работите… :|
     
    Последна измена: 23 јануари 2025
    На Angie1432, eliesaab, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    11.678
    Со искуство едвај 40к :( жално бе, порано било престиж да си доктор, сега едвај за скромен живот. Па ни просечна плата нема, и таа се искачи на 43к. Не може сите да се специјалисти, и вработени во приватните болници или клиника, не се сите од Скопје, зар општите доктори не заслужуваат да им се вреднува одговорноста.
    Срамота сме. Мора некако државата да ги услови ,,газдите" на ПЗУ со ранг на плата во зависност од искуството на вработениот доктор и бројот на пациенти, па и да се зголеми капитацијата.
    Вака испаѓа газдите си се богатат, вработените доктори работат за минималец, мизерно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.930
    Пол:
    Машки
    За жал, таа е реалноста.

    Покачување на плата е непознат поим за многумина. Со иста плата си тераш со години, еве и од лично искуство.

    Најпоразително е шо се прифаќаат минималци, дури и како “почетна” плата, иако голема е веројатноста да остани иста. Исто така, неплатена обука од 3-4 месеци, па како ќе преживее некој за тие месеци?

    Ќе си го тупиш мозокот, 6-7 години, за на крај едвај да најдиш работа, без врски, и да земаш минималец.

    или

    Да се запишиш на приватна специјализација, да ги задолжиш твоите 10-15к € и пак да земаш минималец.

    P.S. Ене ги, докторите работодавци, сеир играат во групите за општи лекари, на пост за платите. “Зошто анонимно бил постиран?”. Тоа, сѐ кажува…
     
    На Angie1432, Selena01, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    11.678
    btw, знаеш колку чинат специјализациите приватно од семестар? За секој смер е различно?
     
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.930
    Пол:
    Машки
    IMG_3398.jpeg
     
    На wendy2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.181
    Допаѓања:
    12.933
    Навистина постојат лекари на кои со години не им покачуваат плати? Инаку, доста луѓе околу мене земаа К-15 под минималец или вратија во кеш. Да пријават ем не смеат, ем нема да има ефект, единствено ако си најдат подобра работа.
     
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    12.930
    Пол:
    Машки
    Еве, јас две години работам на “почетната плата”. Уште неколку колеги, со кои разговарав на темава, а работат во ПЗУ, исто толку време колку и јас, немаат покачување. Еве, за да биди пореалистично, нека се изјаснат и др колеги на форумов…

    Лани, К-15 не зедов, оваа година, едвај по триста молења и закани за пријавување. Секако, под минималецот.

    Како да ти кажам, многумина од работодавците couldn’t care less. Малкумина се останати совесни, добронамерни и коректни.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.781
    Пол:
    Женски
    Не можат сите да отворат свои ординации туку така.
     
    На eliesaab и Selena01 им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.181
    Допаѓања:
    12.933
    Oчајна состојба. Целата држава е јадна. Затоа тие газди што даваат покачувања, бонуси, ваучери си ликуваат и кажуваат „таму и таму, доцнат со плати, таму и таму не даваат К-15“, што секако е вистина. И како ќе купи еден млад човек свој дом кога квадрат во помалите места отиде во 1.500 евра, за Скопје да не зборуваме. Откако знам за себе, работа и редовна плата се смета за „ќути добро е“.
     
    На st-el, eliesaab и Selena01 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.181
    Допаѓања:
    12.933
    И да, не можат сите да отворат ординации, тоа е сериозен предизвик, отворање на било каква фирма е терет. Неодамна ми се јавува една другарка и тоа сосема случајно, наместо на пациент со исто име како моето, на мене, а се немаме чуено откако се омажи и се пресели во друг град. Мубаетот беше дека имаат простор, дека со мажот ќе отворат ординација, па дека ќе се селат во Германија, и кога ми се јави, практично испадна дека уште е тука и пак работи во туѓа ординација. Имам познаничка која напиша и книга како дошле од странство, се вратиле во татковината, отвориле бизнис, по 2-3 месеци пропаднале, западнале во долгови и девојката потоа паѓа во депресија.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    40.160
    Пол:
    Машки
    Месечната кошничка отиде над 60 000 денари уште летото лани. Тоа е официјално. Неофицијално којзнае колку e.
    И минимална плата да е 30 000 денари е премалку кај нас.

    Тажно е некој што потрошил 6 години од својот живот на факултет, кој работи во еден од најбитните сектори во една држава, здравството, да треба 3 месеци да работи за да има пари за минималната кошничка од 1 месец.

    Инфлацијата толку рапидно се зголемува што платите се топат на неколку месеци и стануваат безвредни. Тешко е основните потреби да се задоволат во месецот.

    Ни треба еден голем системски ресет на светско ниво, оти ова вака не може да оди до небеса.
     
    На Антигон Досон, Tanjamm, see.emily.play и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.181
    Допаѓања:
    12.933
    Кога гледам минимална кошничка, се мислам една просечна колку ли е? Што правиме што некој има дете студент во друг град, 500 евра само за детето не го крпат. Исто да се спреми прваче за школо, и облеката за деца ти е скоро како за возрасен.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    1.669
    Пол:
    Женски
    Не е до толку за да не даваат плата и за сестра колку што нема мед.сестри и браќа (си имаат заминато повеќето за раб. во Хр. Сл. и Ге.)

    Има раб. за ваков кадар е сега колкави се платите зависи од обемот на работа, од искуството и во кој град или во која институција е вработувањето.
     
  16. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Дали имате инфо за почетник во Нет-Цетера колку се движи почетна плата? Може да е над 40к?
     
  17. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Колку се стигнати сестрите со плата во ЖМЦ?
     
  18. Smart.Girl

    Smart.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво женски, дали некој има информации во врска со отварање на нова ординација по општа медицина дали е потребна специјализација по семејна медицина. Знам дека имаше предлог закон пред некоја година но не можам да најдамконкретна информација. Ви благодарам.