го водам материјалното и финансовото..во банки не одам, бидејки имаат сметка само во една банка и газдата го прави уплатите, но јас му спремам налози..а колку мислите вие дека би требало да сум платена??...ваше мислење со оглед на сознанијата што ги имате во другите фирми... позззз....
Околу 200 евра ,само има некој што се на фиксна плата + процент мислам ама тоа не е во сите кал центри .
толку земат сметководителите кај сакаш оди максимумот е 16 илјади денари и ова е реткост има работата и за 6000 и за 8000 оваа професија толку е платена освен ако имаш свое сметководствено биро магистратурата незнам дали воопшто ќе ти послужи во оваа професија знам луѓе кој со средно економско го работата добро ова има луѓе со факултет па појма немаат од сметководство така да тоа не е баш мерило во оваа професија добро упатена сум во ова бидејќи одам на курс за сметководство и се имам распрашано околу плати шанси да се вработиш и.т.н...
Ја прочешлав малку темава и не забележав конкретно тоа што мене ме интеесираше.. Дали знае некоја колку се движат платите на медицинските сестри овде, во Мкд и во странство?
Било кое средно да имаш завршено, ако има кој да ти покаже околу сметководството, лесно ќе го научиш. Ќе влезиш во шема. Знам за луѓе кои не се газди, но им ја вршат скоро целата работа на сметководителите-газди (додека газдата шета и не се појавува в канцеларија) и тие земаат по 30 000ден. Сите останати се прави потрчковци, ќе трчаш по фирми, банки, ујп, ќе работиш в канцеларија, се` како амал за 6000-7000ден., а превземаш голема одговорност над сите тие бројки! За таа работа и тие пари, подобро в продавница да работиш. Така барем мислам јас...
На Клиника земаат над 20 000 (20-25) зависи од стаж, дежурства и сл. Ама може на Клиника и да имаат малку поголеми плати отколку другите, сепак тоа е Државен Клинички центар . Во Филип Втори имаат поголеми плати и од тоа, главна сестра мислам дека беше платена 35 000. Сестрите веројатно нешто помалку, ама пак солидно. И во Систина се добро платени, не знам точно колку, ама мед. сестра со искуство од Клиника отиде таму и рече дека и понудиле поголема плата.
Девојки дали знаете колку плата земаат вработените на шалтер во банка ? И дали мора да имаш завршено факултет, или има и вработени со средно ?
Многу зависи во која банка се. Сите банки различно плаќаат. Јас оние што ги знам што работат во банка сите се со факултет (иако не се сите со економски, има и со математика на пр, дури еден знам и со социологија), е сега, не знам дали тоа е правило...
Наставниците во основно земаат околу 18 000, плус хранарина и превоз, му иди повеќе од 20 000, барем јас така мислам.. Па така веројатно и тие по Англиски толку земаат, или можеби они 15 000. Ама от прилика тоа е платата..
Сите наставници во основно имаат иста плата, без разлика на предметот кој го предаваат. Значи и физичко и англиски и физика-исто. Разликата е само во стажот. Евентуално и во бројот на часови (дали има полн фонд часови или нема). Платата на предметните наставници во основно е околу 22-23 000.
ВАО Сите наставници по 18 000 а тие по англиски 15 000 Ни учителките не земаат 15 000 не пак тие...една обична учителка со педагошки факултет зема 16 000+ Англиски наставниците околу 21 000 ден.
Имам слушнато за медицински претставник дека почетна плата е од 15 .000 па нагоре.Точно е? Има некоја искуство,секако нели зависи за која фирма си претставник.....
Да, толку им е платата ама на оние кој работат во поликлиники или амбуланти, додека на вработени сестри во клинички центар платата им е некаде 23000 се разбира сосе дежурстав.