1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се почитува дрес кодот во Македонија?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од girl.23, 4 декември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Секојдневно се среќаваме со мноштво луѓе кои итаат на своите работни места, разнолико облечени...

    Колку се почитува дрес кодот на работното место?
    Каков би требало според вас да биде?
    На кои работни места (пр. банкари, професори) имате негативни забелешки околу изборот на гардеробата?
    Дали дрес кодот е битен за еден работник и за самата компанија?
    Дали секоја компанија треба да воведе свој дрес код?
    Дали компанијата треба да вложува во дрес кодот (пр. доделување работни униформи, чевли)?
    Дали и колку стандардот влијае на дрес кодот?

    Една анкета -
    во Македонија покажала дека на клиентите во банките им е побитно како изгледаат вработените, отколку брзината на завршувањето на обврската поради која се во банката.
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Од она што јас сум го видела во 90 % ВООПШТО НЕ СЕ ПОЧИТУВА.

    Дрес кодот бар кај нас ретко кај се почитува . И тоа не само на работно место прост пример ми се забавите кај што е јасно прецизирано ДРЕС КОД бело , маскирање ... Арно ама одиш и гледаш 10 % испоштувале останативе заебани не почитуваат . Ако не ти одговара условот не оди бе :!: . И оние кои се осмелиле како малцинство се осеќаат лошо и неудобно . Ваков пример имаше за Халовин, за факултетите (приватните ) не се почитува исто така замислата е добра но реализацијата никаква . За банкар ми е незамисливо а и непрофесионално да ме пречека во тренерки , патики , како од трчање да дошол . Сепак треба да се поведе сметка . НО од друга страна еве пример на факултет сите се носат шаблон горе доле . Има една професорка која си е во рок фазон и алал да му е на тоа иде на предавање со чорапи плетени , патики , елечиња , бушава коса , мартинки ...
    Ај ток абаут Елена Градишки алал да и е на храброста . Сепак и тоа е нешто ти да се избациш ама ептен поинаква , па и да очекуваш секакво реакции ово је Балкан ;) , околу тебе дамици со 15 штикла . Кога е подразмислам па ми се бега од шаблонот некогаш . Едвај чекам да ја видам како е облечена интересна ми е баш затоа што ми е уникатна .
    Ама со граници сепак на пример суд , болница (мислам на докторите кои може да забегаат ) установи кои се високоценети , треба да се биде претставителен . Се разбира доколку компанијата воведе дрес код сум да падне на терет на самата компанија и никако поинаку !
    Делува дрес кодот на луѓето и тоа како ... Се чини се е на едно повиско, попрофесионално ниво .
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Гледам спомнувате банкари, ама јас никогаш досега не сум сретнала вработен во банка да е несоодветно облечен. Додуше не ни смее. Сестра ми е вработена во банка, уште пред да ја вработат убаво и посочија дека нема фармерки, кратки фустани, а ако некој се осуди да дојде таков, ќе си пополни пријава и оп по џебот. Да видиме кога пак ќе дојде во фармерки или тренерки.

    Се додека не се казнува, нема ни да се почитува дрес код.

    И сега знам дека многу ќе ме нападнат, ама за мене е крајно некултурно студенти на факултет да дојдат во тренерки, а ги има многу. Точно е дека има и многу асистенти и професори што не внимаваат, ама баш од таквото размислување демек он не се гледа, па јас ќе мислам, секој се носи како сака, каде стигне.

    Кога јас би се прашувала, облеката треба да е пред се чиста, испеглана, тренерки, патики не, деколтиња и миничи исто, ниту пак премногу китенки кај жените. Најубаво е едноставна бела кошула и црни панталони, сукњи.
     
    На *Amethyst*, Sesil, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Со исклучок на фирмите каде дрес кодот е јасно дефиниран, се останато е на кој како му дошло.

    Значи не мора да постои прецизиран дрес код. Се знае што е за на работа, што е за на сведба, што за ден, што за вечер.

    Она околу мешање на дневна и вечерна гардероба, ми е најсимптоматично. И тоа повеќе кај онаа мојата генерација (средна возраст). Со редукција на вечерните дешавки, и немање каде да си ја прошетаат гардеробата, жениве на работа си носат се што ќе им падне на памет од чипка, сатени, чуда. Или се иде од крајност во крајност. Постојат и такви кои доѓаат буквално како од кревет станати, што е крајно непочитување на средината во која работиш и оние со кои работиш, до такви кои доаѓаат како за на свадба.

    А за соодветноста на гардеробата и професијата да не правам муабет. Замислете социјален работник кој работи на терен, со сиромашни, бездомници, луѓе гладни и жедни, а се накинџурила, накити, упадлива шминка, огромни штикли.

    Моето правило е -прво лична хигиена, уреден изглед, одмереност во облеката - и никогаш нема да згрешите.
     
    На girl.23 и Chocoholic им се допаѓа ова.
  5. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Точно е дека облеката не го прави човекот, но според мене избирањето на соодветна гаредроба за приликата и местото ја отсликува културата на личноста.

    Конкретно ако зборуваме за дрес кодот на работните места, во глобала мислам дека кај нас не се почитува, освен кај поголемите компании и банки, каде се посветува поголемо внимание. Не можеш на работа во банка да одиш по фармерки или со минич и длабоко деколте. Тоа како прво ја отсликува твојата несериозност, а потоа дава лоша слика за работното место. И не мора да е сериозна компанија, и како келнер да работиш мора да си соодветно облечен.

    Нема тоа никаква врска со финансиите, факт е дека нема секој преполн шкаф со најразлична облека, и не мора. Секој има барем неколку парчиња кои може да ги искомбинира во зависност од приликата.

    Од јавниве личности морам да ја спомнам Ивона Талевска, крајно лош впечаток ми има оставено како се појавува на вести...се во некои блузички, некоја обична маичка или џемпер. Се знае како треба да изгледа презентер на главни вести - сако, кошула, средена фризура и шминка..а не како да работи во продавница.
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Да не и` ги заборавиме и прекрасните ѓердани :D
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    - За банкариве, јас сум гледала женски кои одат на лето по кратки сукњи, и речиси провидни фустанчиња и кошули. :!: Зошто ним да им се дозволи да одат облечени така, а фармерките да не се примерни?
    За мене фармерките можат да се носат секаде ако знаеш како да ги искомбинираш.

    - За студентиве, можеби е недолично во тренерки (иако има модерни тренерки), ама долично е во обични хеланки??....Се` зависи како ќе искомбинираш.
    Иначе се согласувам, како таква институција мораш да бидеш среден, со почит кон неа.
    Но, што со асистентките? Мене што ми беа асистентки редовно доаѓаа со големи деколтеа, припиени провидни панталони со видлива танга, сукњи до под г`з, чипкани блузи со прслук...итн... :x (мислам намерно, да се фрцкаат пред професорите :lol: ).

    Еве пример, слики со помодерни комбинации на фармерки:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  8. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Јас мислам дека каде и да си дрес кодот треба да се почитува(иако 90% од луѓрто во МК не ни го почитуваат).На пр.,многу е некултурно одиш во некоја,установа,министерство и гледаш некој облекол мини фустан,отворено деколте...Братучетка ми работеше во некое си министерство,и прв ден на работа дошла суредена-соодветно облечена според дрес код,кога гледа,сите мини сукњици,деколтеа,накинџурени... :^) Па,така да,скоро никој не го почитува дрес кодот.
     
  9. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Според мене не се почитува , можеш да видиш се и сешто, а за тоа дека облеката не го прави човекот се согласувам , но облеката зборува доста за него.
     
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Зборуваме за работни места а мислам дек никој не го спомнал дрес кодот за објектите како театри, МОБ или уметнички галерии. Во уметничките галерии во ред, младите морам да речам дека скоро секогаш се скоцкани. Но, за татрите и за МОБ морам да кажам дека некогаш ситуацијата ме вади од такт. Барем за мене одењето во театар или одењето на опера и балет е свечен настан, кај нас дефинитивно поттценет. Сметам дека колку толку треба да се биде поелегантен и среден а не отиден на кафенце. Беше одамна, бев на Кармина Бурана премиера и јас фала богу скоцкана во фустан со средена коса и шминка а пред мене ми се намести девојка со шеширче. ОК, сфаќам си фура стил ама со кежуал шеширче да одам на премиера во МОБ е не иде бре. Ич не се внимава, ич. Си одат луѓево со фармерчиња, најобични комбинации за на кафе. Не знам, јас тоа не можам да го сфатам стварно. За мене секогаш имало и ќе има посебен дрес код за такви установи кои мора да биде почитуван. И во странство каде и да отидеш сите се дотерани за театар, опера и балет како за филмска премиера а кај нас... :?:
     
    На LetsTalkFashion му/ѝ се допаѓа ова.
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Џабе е кај нас и по џеб да ги мавнат не им доаѓа памет , распашана команда
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Не се почитува. Дури е и срамно колку многу не се почитува.
    Да ти се згади какви се не фуфици работат по шалтери или ми фураат спортски стил по агенции... :fubar: А да не праам муабет за одење во театар, или во школо... се е попара направено :doh:
     
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Дрес кодот во нашава држава не се почитува... Главниот проблем е во тоа што сите поаѓаат од тоа, дека другиот не го почитува, па зошто и јас? Или, пак, оправдување се наводно неудобните униформи, непријатни материјали во кои не можат да дишат. Но, на местата каде непочитувањето на дрес кодот се казнува парично- истиот е почитуван.
    Пример за почитување на дрес- кодот се банките, всушност само на нив и ми текнува во моментот, сето останато нема ниту ред, ниту крај во облекувањето. Почнувајќи од просветно- образовните институции, општините, поштите и се со ред... Да се надоврзам дека и студентите и учениците веќе излегуваат од контрола, како недолично носење на тренерки, тангите на виделина, проѕирни маици и чипкани градници...
    Е што да очекуваме од ваквата младина и оние повозрасните како пример? :^)
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам што мислите за панталоните до глужд дали можат да се носат за работа ?
    Еве конкретно на вакви мислам можеби 2-3 сm подолги значи точно до глужд , соодветно е или ? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,7 KB
      Прегледи:
      175
    На IvannaT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Соодветно е според мене, сепак не ја разголуваш цела нога. Убаво се вклопуваат во модерниот деловен стил. :)
     
    На Hellen и mimiiiii им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.209
    Пол:
    Женски
    Не само на работа, и на други места, и за разни поводи не се почитува дрес кодот. Освен на места кај што се носи униформа на други ретко се почитува.Деловниот дрес код налага на пример носење на темни бои црна, кафена, тегет, со исклучок на посветли нијанси на сива боја и белата боја. Ама не ретко може да се сретни службеник во некое драч кошулче. Исто голи прсти и раменици се незамисливи во институции и кај некои од вработените во одредени компани ама често се среќаваат во летниот период.
    Во театар на пример треба да се оди елегантно облечен, не свечено, ама не и во тренерки итн.
     
    На LollySky, LivingGlam и Dust им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.974
    Пол:
    Женски
    Зависи каде но генерално не се почитува. На сегашното работно место го почитуваат и се облекуваат професионално меѓутоа на претходното не. Иако стануваше збор за голема сериозна компанија, без никаков проблем на работа и покрај куќниот ред во кој беше нагласено што не треба да се носи, сепак доаѓаа во сандали, рамбовки и искинати фармерки. Но колку што се виновни тие кои доаѓаа така облечени, толку беа виновни и тие што им прогледуваа низ прсти. За жал таков народ сме си, ако не не казнат и да не почешаат по џепот, не почитуваме правила, нормално со чесни исклучоци. Паметам и една случка на факултет, влегувам кај еден асистент на консултации а типот си дошол по папучи и згора на тоа ги прекрстил нозете и си ја мавта папучата на кренатата нога. Искрено кога го видов едвај издржав да не се изнасмејам на цел глас. Не би требало интелектуалец вработен во високообразовна институција да си дозволи да дојде така на работното место но што е тоа е. Колку смешно толку и трагично е. Како што реков, казни ќе помогнат. (y);)
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Во пошта шалтерската работничка со отворено деколте, неколку ланчиња, шминка ударна, сако неколку броја потесно, и дадов плико, работничкава, за право љубезна, ми покажуваше каде да се упатам и дирекцијата, ама не мораше да излегува од шалтерското место и како некој мајмун да го прескокне затворениот дел, јас ваква:o башка што имаше претесни светли фармерки(facepalm)

    Дрес кодот ниту во болница не се почитува, не им даваат ниту униформи, сами се задолжени за истите, Треба да имаш натприродни моќи за да погодиш кој е болничар, а кој доктор, исто забрането им е со нокти долги и третирани во дречливи бои, ама ете ги има и такви и тоа многу.

    Воопшто не се почитува дрес кодот, бидејќи сме невоспитан народ, убаво би било компанииите да даваат униформа и да се има меѓусебно разбирање

    @mimiiiii соодветно е панталони до глужд
     
    Последна измена: 11 април 2017
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Зависи каде, но воглавно не се почитува.
    За пример, бидејќи можам лично искуство да изнесам, ќе го посочам здравството.
    Не за џабе постојат сите тие бои на униформи, од зелени, светло плави, темно плави, сиви, розови, итн., за да се знае кој е болничар, кој сестра, кој рендген техничар, кој доктор. Арно ама, наместо да се гледа униформа и боја, кај нас најбитно им е сите да се опнати по бели мантили, и ела снајди се кој кој е. Баш и се има случено на моја блиска личност да брка по ходник еден дотичен во мантил, мислејќи дека тоа е дежурниот лекар на одделот, кога на крај излезе дека е болничарот, на проаѓање бил (facepalm)
    А за тоа како жените се носат, да не стане ни збор. На некои оддели си се професионални и примерни, додека, да не посочувам кои точно, ама има оддели каде што наместо кломпи и широка, удобна, закопчана униформа, носат штикли од 15 см ѓоа ќе игра на шипка, сукњица до под гз толку тесна што малку незгодно да мрдне ќе се расцепи ко лубеница, и деколте кое ако треба да се наведне над пациент, градите комотно ќе и испаднат врз глава на пациентот, чиниш од некој ефтин филм за ворасни излезени, и шлагот на сето тоа - дреч шминка ко за на маскенбал, и нокти од 5 см :fubar: битно таа сестра на клиника е, кој е ко нејзе.
     
    На LollySky, augustd, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny за кломпи,униформи,мантили даваме од свој џеб место они како институција да ни обезбедат.Затоа нека не те чуди ако видиш сестра горе во мантил а долу во фармерки и патики.


    Инаку кај нас здравтсвен дом се во плави униформи ,сестрите,во болница во бели,хирурзите во зелени.Болничарите во друга боја.Секој носи закачена пластична карта на која пишува име презиме и што е по професија.

    Секој одд нема шанси да имаат друга боја униформа :)


    За деколте и дреч шминка се согласувам.Често знае да се претера.
     
    На Aleksandar1212, LollySky и *Amethyst* им се допаѓа ова.