1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку се почитува дрес кодот во Македонија?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од girl.23, 4 декември 2011.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Точно, сами си плаќаме, но ајде, на страна институциите дали (не) обезбедуваат униформи, се знае дека треба да се почитува некој основен дрес код, а она кое го набројав, со штикли, сукњици и деколтиња не ми е од памет, туку кажувам нешта кои сум ги видела со свои очи.
    Веќе 7 години сум секојдневно во државна, сум ги поминала сите клиники и оддели, па зборувам од искуство, а не како личност која само еднаш дошла, видела, па си заминала. :)
    Но, џабе се всушност и дискусии. Здравството го зедов само за пример бидејќи можам од лично искуство да изнесам нешто, а фактот останува дека во сите сфери е исто, и за секој еден кој е примерен и почитува дрес код, ќе има и некој кој ќе оди како да е дома, или на вечерно излегување, наместо на работа.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Имам многу пати коментирано за ова конкретно за во образовни институции односно на факултет.
    Значи како идни економисти имаме буквално обуки за тоа каков е дрес кодот во различни институции.
    Не мора да си формално облечен, фармерки патики/чизми океј.

    Ама имам видено студенти облечени по јадранки, бермуди, маички без прерамки, МИНИ суќни, ХЕЛАНКИ, штикли со светки, кроп топс......

    Една влезе на полагање со хеланки црни проѕирни од далеку се гледаше дека танга носи под нив и кроп топ со гол стомак на прерамки пола цицки извадени.
    Јас да сум професор ќе ја избрам од полагање. На факултет идиш девојко, имај почит.
    Не можам да сфатам искрено....

    А за во институции други да не почнувам......... За во факултет сум повеќе изреволтирана бидејќи младите треба повеќе да се едуцирани за значењето и важноста на дрес кодот. Ама... Ете.
     
    На eliesaab, Someonespecial, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Не почитувам. Кога почнав да работам почитував и се облекував она баш деловно, но кога гледам дека на судиите им се може и доаѓаат како сакаат на работа, службениците бетер, па зашто да не ми се може.
    Носам и фармерка често, ми се случило ако немам судење да сум цел ден и во патика, па и јас сум човек. За судење обавезно тога, тоа почитувам.
    Инаку сандала никогаш не сум и не би облекла, исто ни боса нога, обавезно хулахопка,.. кимоно, прерамка или како и да е никогаш...
    Од накит масивен НЕ за работа, само нешто нежно.
     
  4. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Најпрво во училиштата некои наставнички т.е професорки повеќе личат како за во диско да се спремани отколку за во образовна институција за да воспитуваат деца. Чест на исклучоци.
    Скоро сите банкари/ки кај нас во град барем во која и да било банка се соодветно облечени.
    Инаку во здраството се надевам дека сега со бесплатните униформи од министерството ќе се стави ред и ќе се знае кој што е и полесно ќе знааш на кого да се обратиш.

    Шминката и бижутериите не ги коментирам бидејќи на повеќето места се повеќе отколку што треба застапени.
     
    На Someonespecial, LollySky и augustd им се допаѓа ова.
  5. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Банките се униформирани.
     
    На Aleksandar1212 и realGirl им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.094
    Допаѓања:
    37.558
    Пол:
    Женски
    Една на факултет во 7 ипол сабајле дојде со жолта шминка на очите. Кога имаат време бе да се нашминкат во 7 сабајле, во дреч бои, па и за на факултет. Пола и повеќе од колешките доаѓаат на предавање со ноќна шминка, со дреч кармин. За облекување па да не пишувам, штикли како за на излегување, 12 см, кратки панталони со хулахопки и чизми до над колената, чинеш од дискотека иде право на предавање. Немам коментар.
    За службенички во јавни и приватни установи не коментирам, пошто не е имало некоја што ми влегла во очи со непристојна облека, верувам дека има, но едноставно не сум им обранала внимание.
     
    На blueeparadise, CoCoGiiiRL, s1a1n1d1r1a1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    Кај нас има една во банка...прилично возрасна жена е.Ама брате зима лете она е во мини и висока штикла,нокти долги и фул шминка .
     
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    А што, ова лага демек за Неуромедика? Па оддамна познато е.
    Бев на интервју, прво те меркаат од стопала, предница, до задница.
    На интервјуто се прашував што барам таму. Ониe пред МТВ се поприбрано облечени од тие што беа да ги интервјуираат. Со едно девојче се смеевме 20мин. меѓу себе додека чекавме, у смисла "што бараме овде"?!? :shake:
    Стварно не знам што барав да аплицирам па уште и да отидам.
     
    Последна измена: 5 март 2018
    На Artemission, ivi1987, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Pa koj im e kriv shto samite si se etiketiraat na takov nachin??? Samata kazuvash kako bile dojdeni na intervjuto??? Shto znachi so umisla si doagjaat “naivnive” devojchenca.. Site znaeme kako dolikuva da se odi na edno intervju,taka?
     
    На Anon, Mishela, blackwave и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Мн јасно. Јас имав слушнато претходно (не верував), се полетав така на слепо. После кога споделив искуство не се чудеше другарка, затоа што имала слушано муабети. И за дрес код за интервју, не беа само таму што начекав такви, има буквално насекаде.
    Он си е таков, а овие си го бараат со боринче.
     
    На Antebellum и Justicija им се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Јас предлагам на овие што не веруваат , да се собериме една екипа , да влезиме во акционен филм , као детективи , и да го истражиме подетално тој Емил8)
    Да избериме јака феминка со добро цв и убава слика на цв , и да ја фрлиме јадицата со мамката па да видиме што ке се фати ... Што велите женчиња , да тргнеме во акција ?8)
     
    На Feminka22, blackwave, LollySky и 8 други им се допаѓа ова.
  12. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Ова ме е рамно како да напишеш тие што носеле минич со боринче барале да бидат обљубени.
    Прво не се знае дали навистина Емил ова го напишал,но независно дали е тој или друг авторот на пораките секоја има слобден избор да одбие такво недолично однесување на интервју.
     
    На Mishela, LollySky, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    А која нормална така иде на интервју? 8-|
    Или со деколте до папок?
    На чело уште малце да им пишува.
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Изгледот и интелектот немаат врска едно со друго.
    И Ерин Брокович си го имаше изгледот ама и паметот и направи тоа што направи.

    Трејлерот започнува со нејзиното интервју за работа. А да не го опишувам цел филм.
    Не е мое да судам за нечиј изглед ако наметнуваш отварање на таа тема на кој што му пишува од изгледот.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не наметнувам, само има нешто што се вика дрес код, ни тоа не го измислив.
     
    На ilyan и ivi1987 им се допаѓа ова.
  16. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Вртиш вртиш како ''киша око Крагујевца''
    Прво на чело им пишувало. Јас ти велам интелект не се чита од изглед.
    А сега не наметнуваш и не измислуваш ништо,постоело дрес код.
    Постои и слободна волја. И јас не измислувам.
    Ама нека ти биде како велиш дека ако одиме по минич на работа си го бараме.
    Кога самите жени се осудуваме што им останува на мажите.
    Или да не е женска љубомора во прашање маскирана зад правила за дрес код?Хипотетичко прашање.
     
    Последна измена: 6 март 2018
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Слободна волја на работа, не би рекла баш. А дека постои дрес код кој треба да се почитува, треба. И да, минич и длабоко деколте не е за на работа.
     
    На Someonespecial, oblace1, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Јас од прв ден на работа кажав јасно дека здолниште не носам.
    Не заради тоа што мене не ми стои, туку не се чувствувам удобно. Сакам да се оптегнам некогаш на стол де, а карши мене камера. (facepalm) Плус кога така се појавив се соочив со првиот "проблем" од дотичниот манијачен. Ако некому му пријават такви комплименти, нека си шетка така, ќе ја стрефи некој меил дали знае да" пуши цигари" :D.
    Се изборивме со колешка за панталони. Носам здолништа инаку надвор од работа и фустани, повеќе од панталона. Напротив, панталони место ми зафаќаат во плакар.
    Постои слободна воља точно, но знае да ja злоупотребена како во случајов погоре. Никој не ви брани, по бикини одете ако сакате. :)
     
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Се пишува за изглед на интервју.
    Ако аплицираш и те примат во фирма каде што има дрес код твое е да одлучиш дали ако строго се наметнува дрес код ќе прифатиш работа.
    Инаку слободна волја е како се облекуваш и одиш на интервју. А во фирми со строго дефиниран дрес код постои и кежуал фрајдеј. Не измислувам.
    @Petra777 меил таков може и некоја од панталон што не излегува или во бикини што само шета да добие.
    Ставот е тој што не разликува.
    Е секоја не може да е Ерин Брокович во свет пол со Кардашијанки.:D
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Ама тоа откако ќе ја вработат, на интервју не мора да почитува никаков дрес код.
    И дајте ве молам, со муабетиве си го барала, минич и сл. скоро па им давате зелено светло и оправдание на силувачите :^) Немојте толку површно да гледате на работите. Не секогаш изгледот соодветствува со карактерот и интелектот на личноста.
     
    На BoaVista, Someonespecial, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.