Темава за дрес код почна со тоа кој како се облекол за интервју за работа, а заврши со дрес код на работа. Па тука се измешаа и карактерни особини, каша попара Едно е облека за интервју, каде според мене (освен ако не е поинаку нагласено) секој може да дојде како најдобро се чувствува, а друго е работен дрес код. @zhap4e Немој бе така Демек андерграунд се покул од кафанските певаљки? Ќе се изненадиш колку андерграунд фаци познавам кои го слушаат Аца Лукас, а колку кафански певаљки кои слушаат Нирвана на пример. Така што...
Па да, и заради тоа што не смее така да се облекува правилно е да биде опомената заради тоа. А пресмешно ми изгледаат од страна несоодветно облечени девојки на работа. И не само девојки, истото важи и за машки што одат ко за гледање утакмица на стадион или евентуално за до маалскиот кафич.
Нормално дека играат, ама ако се појавиш ти на интервју несоодветно облечена за работата, со што гарантираше дека кога дојдеш на работа ќе бидеш соодветно облечена? Целиот пакет е битен, а првиот впечаток доаѓа од поздравот, изгледот и однесувањето, тој впечаток е создаден уште пред формално да започне интервјуто.
@An-na и јас знам такви и знам како е и со кафански луѓе (цимерка и најдобра другарка Бугарка, голем почитувач на бугарската чалга) Инаку, не ги мислам за кул, само ко пример ги дадов дека си го оставаат тоа по дома. Сега, они можат така да одат, улицкани... кафанскава певаљка шо фактор е? И за последното што си го пишала, како коментар на DAngel, да не се лажеме, изборот при вработување е доста субјективен, и неретко се сведува на лични преференции на работодавачот...као демек, да не се избере најдобриот, со најмногу искуство и соодветно образование, туку некој кој смета дека повеќе му се вклопува во фирмата. Па тоа, Кримсон. Во денешно време, особено, млад човек би требало да прогугла и прелиста низ сајтовите со совети за интервју и за прашања што се поставуваат, и за одговори и за облека.
А ако ви кажам дека кога бев на едно интервју за работа, газдарицата си беше облечена по тренерки, со неизмиена коса, нечисто лице а јас дотерана како што доликува знаете што ми рече "вработувале луѓе кои биле учени од бебиња да работат" Во буквална смисла од бебиња. Прост народ не бира по дрес код, него по црпката.
Пa сегa aкo имa искуствo вo Нaсa мoже и ќе игнoрирaм кaкo е oблеченa, aмa еден куп слични aпликaции, сo сличнo рaбoтнo искуствo и oбрaзoвaние, секaкo декa ќе гледaм и прв впечaтoк. Пoгрешен мoже дa е, мнoгу честo требaaт некoлку месеци вистински дa зaпoзнaеш рaбoтник сo сите негoви квaлитети и мaни кoи мoжеби ги прикривa или не ги истaкнувa нa пoчетoк, aмa тoј ден кoгa ќе дoјде нa интервју гo мерaт oд глaвa дo пети. Oти кoнкуренцијaтa е гoлемa. Еден пoгршен збoр, неумеснa шaлa, несooдветнa дoлжинa нa здoлниште или декoлте, е oнa штo кaжувa зa тебе тoј ден.
Јасно дека пакетот е битен, арно ама изгледот не секогаш е пресуден и соодветствува со интелектот. Тоа го зборувам цело време.
Викаш? Моето мерило за интелект и твоето очигледно не се исти? Еден тон генијалци познавам кои ич не се замараат како изгледаат ниту им е гајле како се појавуваат на интервју. И замисли си, добиваат работа Облеката е важна, ама не пресудна.
Стилoви рaзни пoчитувaм и не збoриме зa тoa ми се чини туку зa гoлoтијa и прoвoкaтивнoст нa интервју. Некa имa интелект, немa дa е единa сo интелект, aмa кoгa јaс би бирaлa би избрaлa и интелект и претстaвителнoст и oсет и умеренoст. Вo скoрo гoли цицки тoa не гo нaoѓaм.
Хaхaхa, не ме смеј мoлим те. Ти сo длaбoкo декoлте се пoјaви нa интервју зa рaбoтaтa сегa штo јa имaш?
Зависи и од работната околина. Кај мене на работа е кежуал на пример, можам во тренерки да дојдам и никој ништо нема да ми рече. Имам колешка, 90% од времето беше во хеланки. Значи, за работната околина не сме биле несоодветно облечени. Ама морам да знам дека ако денес одам во некоја институција или имам некој состанок, морам да ја прилагодам облеката соодветно со институцијата во која одам, затоа што таа институција има дрес код и нема да ме пуштат на врата. Џабе ми е целата интелигенција тогаш, јас не сум успеала да ја завршам работната задача.
А бе дечки, едно е да ѕирка тетоважа или некаков специфичен стил на облекување, друго е маица од која во секој момент може да ти излезат брадавиците или сукња од дваесет сантими.
Не, со тетоважа Оти ко што гледам таа е поприфатлива од голотијата. Ќе се сложам со @DAngel околу дрес кодот за работа, ама за интервју навистина нема потреба толкава крутост.
Сакаш да кажеш дека според тебе е ок девојка да дојде на интервју со гради на изволте и минич, незнаеш кога ќе се помрдне што од каде ќе излезе? Не би рекла дека ќе остави позитивен впечаток и дека ќе се смета соодветна за работата.