Ама на интервју треба да им покажеш дека си спремна за работа, па и да излезеш од својата "comfort zone". Кога сме кај несоодветно облекување кое формално не го прекршило дрес кодот на настанот, имам еден пример: Бевме еднаш на некој настан на кој луѓе од различни фирми, но од иста професија требаше да бидеме предавачи на луѓе чија што работа има соодветен дрес код. Сите предавачи на настанот беа облечени еден степен повеќе од тоа што би дошле на работа (значи од business casual па нагоре), освен еден дечко кој беше предавач и беше облечен според неговиот стил, како што тој секогаш се облекува и како што секогаш оди на работа. Супер, тој дечко го поминал интервјуто, никој нема да му замери и за тој испад, ама ти си облечен smart casual, а сите твои слушатели се облечени најмалку business casual. Не иде, таква бунтовност воопшто не е потребна.
Постои нешто што се вика прв впечаток. Постои и прикладно и пристојно облекување за секаде, па и за интервју. Некои работи се подразбираат и без да се нагласат. Се знае како се иде на работа, на интервју, на училиште, на факултет, во суд, во болница... Идење на интервју во минич под дупе и деколте на изволте не е пристојно нити културно. Во диско и кабаре за кого како. Не ценам никого според она што го носи, ама дека има место и време за секоја гардеробаима.
Со самото тоа што на интервју ќе се појавитe испоразголени ќе му дадете повод на работодавецот.Се знае што за која прилика е, кој не знае нека оди како калаштура.
Повод Не дете, не е муабетот за давање повод. Ако работодавецот вработува на основ сексуален однос, и во ролка и широки панталони да бидеш облечена ќе си ги испорача условите за работното место.
Воопшто не оправдувам непочитување на дрес код во смисла на вулгарна голотија, кич, вулгарност. Ама да се напомене дека ако за нешто е повод ваквото облекување - тоа е создавањето на неубав впечаток и слика за самата себе (пред колегите, муштериите). Она другото... не, у никој контекст тој муабет не би го оправдала. И да, уште повеќе одвратни и за обвинување се газди што не само што едвај чекаат некоја да им се појави непристојно облечена, туку недолично се однесуваат и со оние кои поштено сакаат да влезат и да туркаат на работното место.