Колку сопругот ви помага околу домот?

Дискусија во 'Брак' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.867
    незнаев каде точно да ја ставам темава,мислам на точно место е :) па колку ви помага сопругот околу домот,децата,дали ги чува децата за вие да излезете на кафе,на фризер,козметички салон итн.мојов порано повеке ми помагаше дури бев бремена,сега почна на работа,и за жал малку потешко е ;( не можам да постигнам се сама,а помош воопшто немам,живееме само ние тројца.сакам да ги слушнам вашето мислење,да споделиме заедно :)
     
  2. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Од таа страна неможам да се пожалам. Живееме сами,ама со оглед на тоа дека јас морам да учам и да работам,а тој само работи ми помага многу. Не е многу по готвењето,уствари не е ич,ама затоа после јадење си ја поделиме работата,миење садови,метење. Кога правиме генералка без него не почнувам,не дека не можам ама можеби многу ме разгалил,што знам. :$ Уште немаме деца,ама се надевам и кога ќе имаме еден на друг ќе си помагаме...
     
    На elenkata20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    душичка е :angel: ...а и несмасен |(
    но барем се труди , помага секогаш сака да се покаже , за тоа си го сакам најмногу :clap: :clap:
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.148
    Допаѓања:
    13.780
    Пол:
    Женски
    Јас не сум мажена, ама имав прилика да живеам 1 година со дечко ми... Малку е мрзлив за домашни работи, ама знаел да помогне, да не се жалам. Посебно кога готвиме, најмногу сака да се меша. По чистењето баш и не е... :( Најмногу ме нервира кога ќе каже остави ги садовите јас ќе ги измијам, а ги заборава по 2 дена... Е тогаш сме имале кавги :@
    Ама си го бива него за други работи :lol:
     
    На ILoveBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    165
    најслатко беше еднаш кога тој беше кај мене дома и јадевме,пијавме и после требаше да излезиме..и јас заминав да се спремам и кога се вратив ..го гледам вкујна ги измијал чашите и чиниите..и си велам со умов кај начекав ваков дечко во каталог да барав немаше да го најдам - домајќин чоек :lol:
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    177
    Мислам дека домот е заедничка обврска на мажот и жената, т.е. тие треба меѓусебно си помагаат (како што е во нашиот случај). Затоа мислам дека насловот на темата треба да биде Колку си погате со сопругот околу домот? :D
     
    На workaholic91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Тука не смеам да се пожалам, браво за мојот сопруг :rock:
     
    На zelcepapagalce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.148
    Пол:
    Женски
    Помага ... понекогаш знае да ме изненади со некој негов специјалитет во земјена тава, со незнам што се внатре но вкусно , навистина вкусно . :)
    А да и со нередот зад себе после вкусниот ручек ...но простено му е сепак се потрудил нели :)
    Ах бе мажи ...друго е кога ќе си фатиш со своја рака .А и јас сум тешка и избирлива ... сакам педантерија :lol:
    .
     
  9. matejab

    matejab Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    во почетокот кога се зедовме помагаше а сега почна да забегува :D ајде то ама и нередот што го остава зад себе.. :@ кај што стигнал таму нешто оставил
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    Не сум мажена,но со дечко ми седевме заедно 3 години а наскоро треба повторно да живееме заедно.Немам голема помош од него,тој си ги брка неговите работи,ретко со друго да се замара а најмногу ме нервира што наога маани што како е направено.Сака се под конец да е, и јас сакам така да е, но ме нервира тоа што само зборува а ништо не прави.Но понекогаш знае да изненади ајде да не се жалам само ма и некои позитивни страни.
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    617
    Некој можеби ќе ми замери, ќе рече како тој не е родител (многу ни забележуваат), како сум така дозволила, ама 90% од работите околу детето се на мене, 10те % се времето што тој ги минува со детето се кога јас сум на факултет, па тој се погодил дома (не на работа) па треба да го причува... така сме ги наредиле работите уште од раѓање, тоа е негов избор, колку време ќе минува со детето, а јас никако не му бранам, не му го ограничувам времето кое ќе го минува со синот.
    Секојдневните обврски готвење, перење, миење садови итн. се мои, но ми помага кога се прави генералка тогаш знае да заврши работи низ домот кои не се прават секојдневно како откачување на завесите, бришење прозори итн.
     
  12. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.131
    Извини ама јас ќе бидам директна: Дали вие двајца сте во брак? И како тоа не му го ограничуваш времето на сопругот што го поминува со детето? Мене овде во вашава ситуација ништо не ми е јасно.
    Јас сум разведена, имам керка од 4 ипол години и татко и ја гледа кога и да посака. Мислам дека на детето му се потребни двајцата родители, поготово што живеете заедно.
    Толку :x :x :x
     
  13. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    151
    Nesa, и мене нешто ми е чудно тука. Па како тоа има само 10% од времето со детето,и тоа по негов избор, а ти па и згора на тоа не му го ограничуваш времето. Па уште да му го ограничиш.... Rainlover, вас ви треба малку рефреш на односите дома.
     
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    617
    Татко му на детето, е мој сопруг ШТО ЗНАЧИ НИЕ СМЕ ВО БРАК и живееме во сопствен дом... таткото на детето т.е. мојот сопруг работи, јас не работам, одам на факултет одвреме навреме, само многу поредовно од оние што се демек редовни, досега ги имам земано сите испити како да сум редовен студент преку колоквиуми... епа сега ако сопругот допринесува со својата работа се грижи за фамилијата, што треба 50 50 да се грижиме за синот, па ете јас сум дома, ако јас се грижам преку менување пелени, пресоблекување, бањање, хранење, играње со синот, тој се грижи да му обезбеди материјално (пелени, храна и ред др. работи), а кога е слободен да си игра со него. Што треба да седеме и двајцата дома и да го гледаме детето, а сето што ни е потребно од небо ќе падне? Може утре работите ќе бидат спротивни, јас ќе треба да одам на работа, а сопругот дома, тогаш ќе напишам на форумов дека сопругот чисти, прави ручек, си игра со детето, и ќе се нафрлите пак на мене, како така може.
     
  15. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.131
    За мене љубовта е многу поважна од парите. Но вие си знаете, ти си ги поставила тие граници за кои јас лично мислам дека не се во ред. Но сепак ќе кажам вие сте си семејство и така си функционирате.
    поздрав
     
  16. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    617
    Nesa,
    и мене и било кој да прашаш секој ќе и даде приоритет на љубовта во однос на парите... ама САМО од љубов не се живее, не 100% туку милион проценти сум за тоа децата да се растат и воспитуваат со љубов, да се воспитуваат да го ценат духовното, но и материјалното во смисла да не се расипници... ама децата растат и утре кога ќе порасне ќе го/ја фатиш за рака и ќе шетате покрај излозите ќе ти рече еее мамо сакам ова да ми купиш, а ти што ќе одговориш не сине, не може, ќе почне да плаче, зошто? зашто нема пари? И ќе се налути, ќе рече неееее сакам тоа, ти си лоша мајка не сакаш да ми купиш... поентата ми е дека и јас, како што верувам и ти, сакаш се' да му овозможиш на своето дете, да не биде лишено од ништо и од љубов и од играчки и сл. само не можеме цело време да го минуваме со децата и само со децата (може јас дека сега сум дома и скоро 24 часа сум со синот, еден до друг), но утре ако појдам на работа времето што ќе го минам на работа ќе го намалува времето поминато со син ми, ама тоа не значи дека не му пружам љубов, ќе ја добие кога ќе сме заедно, како што сега е случајот со татко му, сопругот. Најважно е, времето кога сме заедно со децата да го користиме квалитетно!
     
  17. micakraf

    micakraf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    saka samo da rastura apomaga samo ako mu kazam edno 5,6 pati napraj ovaa napraj ona ianku sam da se seti nikako...
     
  18. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    1.604
    Немам се уште деца, но ми помага. Знае некогаш да направи вечера(за ручек не бидејќи е на работа) да ми ги измие садовите, да исмука Но тоа се случува ,многу многу ретко, и мисли дека ако исмука, тоа ќе трае 1 месец и најсмешно ми е кога ќе каже јас смукав , е кога бе срце смукаше за велигден :rofl:
     
  19. Nine25

    Nine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Па искрено многу малку ми помага ама и го разбирам затоа што цел ден е на работа и е стварно уморен.И јас одам на работа така да се снаоѓаме некако стварно е малку потешко НО се може. :D
     
  20. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    151
    Помага, ама сепак треба да се помачам да го натерам.