Eeee sram da mu e. Ti veruvam deka e taka posto znam i brat mi dusa dava za maliot ama eve 5 meseci napravi ne mu ima smeneto pelena i ne go presoblaka.. Ama go hrani go banja i igra i slicno. Maz mi ima drugo mislenje, deka preku site raboti se razviva povrzuvanje pomegu tatkoto i sinot/kerkata pa bez problem go presoblaka, mu menuva peleni, go igra banja i slicno.
Za pomaganje mm mi pomaga mnogu i prvoto duri do edna godina samo on go banjashe jas mu asistirav, peleni menuva stanuva nokeska ako place, koga e golemiot bolen malava e uste mala sedi cela vecer go cuva go pazi se trese nad niv. Mnogu vnimatelen si igraat mu pravi na golemiot jadenje ete pred nekok den mrtov umoren golemiot tato sakam pica vednas zamesi testo mu napravi da da mesi pici, pastrmajli.... Taka da e Sega interesen e ili bega od obvrski mu pomina merakot so golemiot pa vika nezgodno mi e na kerka mi da i menivam pampers ama poveke se sali i ododbegnuva inaku golema pomosh mi. Sega za Sega jas sum si doma jas ja hranam ama ako nema koj ili znae da kaze daj mi merka mi e. I smetam deka denesnite mazi ne se kako porano majkata mora se sama ili so babi da banja dete. Segasnive mladi moram da gi pofalam deka bar sto citam i slusam povekete rabotat zaednici i slozno bez delba mashko zenska rabota
Откако сум породена, секое утро тој и менува пелена и ја средува и ми ја подава на доење. Кога почна со дохрана, секое утро и спрема и млеко. Ја преоблекува и заедно ја бањаме, а за храната сум одговорна јас, тој понекогаш ја храни (и тоа со многу зборење пошто трпение има нула, госпоѓицава наша е улавка и вика и збори и хранењето си бара внимание и финти). Сите прегледи на педијатар, ортопед, вакцини сме заедно. Ако не му кажеш на маж што треба да направи, нема да прави и тоа е неверојатно, но точно. Ретки се мажи што се мајчински скроени, да речам. Имам другарка што 3 месеци само го доеше малиот, мажот и правеше се' друго. Од бањање, преоблекување, мачкање со креми... а затоа имам и слушано за татковци што дремат пред телевизор, додека мајката прави се'. Отворено се карам со маж ми кога осеќам дека ескивира. Ако сум мајка, не значи дека само јас треба да се грижам за детето. Зборете им на мажите, не бидете жртви сами на себеси. Нив не им текнува. Освен ако се воспитани од многу жени, вклучително и својата, па да им доаѓа тоа природно. Ѓубре немам фрлено 9 месеци, он е ѓубраџија засекогаш
Темава е грешна во името. Таткото не помага. Тоа се вика родителствување. Се дур викате помага после не ви е крив никој кога сте подценувани како жени. Џабе ви е феминизмот после.
Не ми помага, туку си ја си ја врши работата. Тој е родител колку и јас. Се менуваме, некогаш он го бања, некогаш јас, така е и со пелени, пресоблекување, шетање итн. По договор, кој како е послободен и поодморен.
Мојот нема сменето пелена ниту облека знае да смени, едноставно му е страв, едвај го врти кога му е во раце хаха, мисли ќе се скрши ако го сврти сам и ме вика да му помогнам да го подмести кога го држи во раце хахах, иначе помага ба друг начин, купува храна,пелени,трча по документи, го успива во количка ако сум уморна јас и спијам, го пази и го игра дур јас средувам други ствари, во главно тука е и се наоѓа за многу работи и искрено он дур го соблече детево ова ќе зајде од плачење, јас сум побрза и немам нерви кога он би го соблакал тоа ќе трае вечност
Ова е прашање што ме тера коси да кубам од ко сум породена! Кој и да ме праша, избегавам муабет за да не се расправам. Зошто никој не прашува дали жената му помага на мажот околу бебето? Од кај тоа дека бебето е обврска на мајката? Се што може мајката, може и таткото! Освен нели цицка да му даде
Не ми помага пошто не е само мое, не си го донесов од кај мајка ми. Малце со изразувањето имате проблем. Си врши обврските колку и јас и тоа со задоволство. Пошто како што сум јас мајка така е и он татко. Не е само донор на сперма. Околу тоа дека јас бев на породилно он на работа, му понудив да делиме породилно . Ама не сакаше. Така немам проблем околу тоа. Многу бев јасна на старт кога оформувавме семејство.
Ааа маж ми дели породилно со мене, негови се последниве месеци сам сакаше Очигледно не знаеше на што се нафаќа ама еве, се навикнува се повеќе
60:40 ги делиме обврските. Како сопруг јас и помагам многу повеќе и од колку што може маж да помогне.
Shto podrazbirash pod toa "pomagam mnogu povekje i od kolku shto mozhe mazh da pomogne"? Ti deka si mazh, amnestiran si od obvrski okolu bebeto samo zaradi toa shto si mazh? Ako si mozhel da go napravish, ke mozhesh i da delish obvrski so zhena ti, da uchestvuvash vo grizhata za bebeto isto kolku i zhena ti! Edinstvenata razlika e shto ti ne mozhesh da go doish, ama mozhesh: da pushtish mashina da se isperat bebeshkite alishta, da sterilizirash cucli, shishinja, da go zaspivash, da go hranish ako e so dohrana, da go chuvash, sedish so nego, da go smiruvash koga plache, da stanuvash navecher koga ke se razbudi. Shto od se nabrojanovo ne mozhesh da napravish samo zaradi toa shto imash mashki polov organ??