Ме изнацитиравте, ѓоа сите со снајпер на нишан ме закачивте! @Noranora точно кажа Пошо кога се расти дете, не се само обврските околу детето. Се помагам нормално, уште да можев да го дојам ке беше ете 50:50. Но има уште мал милион работи за кои што не сум ја оставал женами да се малтретира, околу куќа, хигиена околу куќа, средување околу куќа и што уште не. Ама изгледа навикнати сте да ,,помага околу детето пошо и тој/таа е родител" па за другите секојдневни работи ваѓајте си ја душата.
Изјавава "колку што маж може да помогне " ми е разбирлива и прифатлива само доколку тој маж има ментална или физичка пречка. Се останато за мене не е прифатливо.
Лошо се изјасна зато те нападнаја Дека “помагаш” не требаше да пишеш туку дека се што прави женати правиш и ти како дел од обврските кога си дома
Еве и јас да се уклучам на темава. Не очекував дека мм ќе биде толку ангажиран околу малата, од бањање до нишање и менување пелени се. Низ куќа се што може потфаќа, чисти и средува, ако малата стане навечер а јас бе ја осетам обавезно он станува и ја ниша дур може после нормално мора доење и јас продолжувам. Навистина се изненадив пред тоа ретко кога знаеше да помогне а сега е нон стоп ангажиран дури мислам дека и повеќе од мене работи
Pa nema nishto chudno vo toa mazhot i zhenata da gi delat obvrskite okolu odrzhuvanje na domot i grizha za deteto. I ne, ne pomaga, zatoa sho tie obvrski ne se na zhenata, tuku uchestvuva, zatoa sho toa se obvrski i na zhenata i na mazhot. Ako mazhot ne raboti doma i ne se grizhi okolu deteto, toa e zaradi toa sho od majka mu e taka nauchen: nemoj sine ti, jas ke go napravam ova. I, samo toa deka imaat penis, a ne vagina ne gi amnestira od rabotenje doma i grizha okolu deteto podednakvo kolku i zhenata.
Така е, во право си, сакам да кажам он и друг пат потфаќал низ дома ама повеќето било на мене, а сега некако малава го смени скроз, ја бања ја средува, премногу и е посветен и не само на неа, ако јас ја средувам малата он низ дома и ручек знае да направи и да исчисти се... Сепак колку може помага
E dobro de, ne e nishto chudno i da ischisti i da zgotvi i sl. I, da, mozhe se okolu deteto da pravi i da ja banja, zaspiva, sreduva i sl, osven doenje, normalno. Ne gledam zoshto tolku velichanje na neshto sho e normalno za sekoj chovek bez ogled na polot. Nikoj ne veli: zhena mi mi pomaga se so obvrskite okolu domot, chisti, gotvi, okolu deteto mi pomaga i sl, zatoa sho toa e normalno. Pa i mazhot sosema normalno e da deli obvrski so zhenata.
Маж се прави што правам јас. Ја бања,ја заспива, ја пресоблекува, ја шета,ја храни, ама буквално се. Го мрзи да и готви, ама додека бев на строго мирување и и готвеше, не ги сакаше неговите јадења ,па јас му кажував како да прави и сл. Не ми помага, негово си е детето, не е само мое, го гледаме заедно.
Е добро де, не е величење, си сподели жената ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ. Да не гукне човек ни за арно, ни за лошо
Не, тука треба да дојде некоја да се пожали од сопругот и после да и' проповедаат една недела и да и' викаат разведи се, шо ќе ти е таков
Членката не ја нападна, туку кажа свое мислење. Треба да се работи на подигање на свеста, пред се кај мажите дека они на никого не помагаат, туку тоа се и нивни обврски. Добро посочи членката, ниеден маж нема да каже, жена ми ми помага околу домашните обврски и обврските со детето. Дури знам случај кадешто таткото, вели јас не ќе и ги гледам децата (посочувајќи за своите деца).
Најсоодветна ми се виде темава за да пишам. Денес колега кажува кога се родило првото дете си спиел во дневна, сега второто кога е бебе, си спие со поголемово во соба. И се подзакачивме малце. Жени, нормално ви е ова? Јас искрено би го отепала маж вакво нешто да ми направи. Или јас претерувам?