1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот се ангажира околу бебето?

Дискусија во 'Бебе' започната од bambusce, 25 октомври 2014.

  1. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Ако е преселен за постојано не ми е нормално, ако се случува некогаш, ретко, според мене е ок. На мм му се има случено да преспие во дневна, додека уште бев дома. Денот му почнува во 5, па ако бебе не спие цела вечер, сум го праќала во дневна.
    Е сега од кога почнав и јас на работа е друга приказна, ако се буди почесто во ноќта еднаш јас станувам, еднаш тој :)
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    7.952
    Пол:
    Женски
    За стално...не ќе му давал цицка он на бебето. На работа идел он, морал да спие..Ја се шокирав. Си викам море ја злато маж сум имала.
     
    На Pacient srna, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Jas i polosho od ova sum slushnala.
    Mazhot beshe izlezen so drugari, a zhena mu doma. I padna muabet na tema deka zhena mu mora da sedi doma so bebeto. Tipov veli: nema jas da i go gledam bebeto. Jas za moment pomisliv deka stanuva zbor za dete od nejzin prv brak i sl., i go prashav: ti mu si tatko na bebeto?
    Otkako mi potvrdi, pochna raspravija (ti si spermodonor, a ne tatko, toa bea moite zbotovi sho mu gi rekov.) Znachi ima razlika megju tatko i spermodonor. Za spermodonor gi smetam site mazhi sho napravile dete, a pritoa ich ne im e gajle za nego, odnosno site obvrski pagjaat na zhenata.
     
    На warrior, Snowflake92, nena2010 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    :puke::puke::puke:
     
    На Speechless, cresa-jagoda, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  5. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
    Мојов спие периодов во дневна ама пошто почна да хрчи ептен и не будеше и двајцата :D
     
    На Speechless, cresa-jagoda и Tea SK им се допаѓа ова.
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    И ние посебно спиеме јас во спална тој во дневна, многу хрчи од него не можам око да склопам.
    Живи здрави кога ќе се роди бебето сакам заедно да спиеме ама сигурно пак ќе хрчи како ќе биде не знам, не сакам одвоено да спиеме. :(
     
    На Snowflake92, Tea SK и LazaLaza им се допаѓа ова.
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Според мене не е ок.
    Понекогаш се случува да заспие гледајќи тв или да неможам да го разбудам пошто спие цврсто и да се откажам после првиот пат и да го покријам, ама тоа се ретки случаи еднаш во месец-два.
    По примерите да е, ко што и лично познавам еден таков искрено не знам дали би го трпела. Колку е моја обврска детето толку е и негова. Ај да зеам ја да си отидам у др соба па ја нели треба да се наспијам?
     
    На mssuniquee, nevermet18, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    8.756
    Пол:
    Женски
    Кога не здрма 4 ти скок јас буквално го избркав од спална една ноќ. Мм хрчи баш сериозно. Пред бебе јас спиев со антифони. Еден месец додека се стабилизиравме спиеше во дневна и мене ми беше раат. Кај стануваше малава на саат па не ни можев да презаспијам макар 20 минути. Е веќе пред една недела го примив во спална, беше на пат три дена и разнежнат рече сакам да си спијам со вас. Среќа бебе не се буди сега од хрчењето ама друг проблем е што станува рано сабајле и си ја става меѓу нас за да ја гали пошто нема многу време после работа. Ми е страв да не и стане навика па да бара така цело време.
    Ама реално не гледам проблем ако одлучи да спие маж одвоено доколу му е захтевна работата. Јеби ги општеството вели они се провајдери а ние сме кипери. Јасна поделба барем во овој период. После ќе се помешаме:)
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.144
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Во зима спиевме заедно и се е случувало цела ноќ око да не склопам од него, сум вриела од нервоза.
    Немав кај да спијам на друго место во спална ладно беше.
    Многу цврсто спие ништо не го буди. сум го буткала со рака џабе 2-3мин нема да хрчи и пак почнува.
    А порано не хрчеше сега и дење кога заспива бегам од него не можам тоа хрчење да го поднесувам во мозок ми брка.
    Кај да најдам спас од тоа хрчење не знам.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Кога се роди малата спиевме заедно па после кога почнаа скоковите се префрли во дневна зошто се случуваше по цели ноќи да сме будни со плачки. После кога имаше малата околу 9 месеци до година и 5 месеци јас и тој спиевме во дневна а таа во соба сама. Сега се вратив јас во спална зошто не ми беше удобно спиењето во дневна. Мм проба неколку пати да спие со нас ама остана ненаспан.
    Има многу лесен сон, јас да мрднам во креветот ќе се разбуди и после не може со саати да презаспие. Не па со бебе во соба што се буди минимум еднаш. И го сфаќам. Поарно сам да спие него да се клука со лексилиуми. Јас спијам ко труп, и ако се разбудам заради малата, одма си презаспивам. Тој и пред да имаме бебе знаеше да се префрли во дневна ако нешто многу сум претала во спиење. За брзо ја селиме малата во своја соба и ќе спиеме пак заедно.
    И не гледам тука ништо чудно или лошо ако некој пар така решиле. Ниту страста ниту блискоста не ни се намалени само зошто не спиеме во ист кревет.
    Инаку за сите обврски дома сме 50-50. И околу дете и околу одржување дом, е за готвење само не го бива. Нема кај нас јас тоа и тоа направив, на ред си ти. Гледа на пример насобрани чинии зема ги средува не треба ни да му речам.
     
    На Сара Лав, Dust, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    7.952
    Пол:
    Женски
    За неколку пати ок ама да си се пресели во друга соба зашто сака да спие нереално е. Ваљда детето заедничко е, двајцата имаме обврски кон него.
    Ако се буди на саат како што се дешаваше во скоковите, он да си се наспие континуирано 8 саати, а јас ко зомби да бидам со неврзан саат сон, не иде.
    Ние заедно спиеве и на породилно кога бев и сега. Кога бев на породилно можда не идев на работа ама па цел ден за детето се грижев, што секако е захтевно. Он иде на работа, штрака на маус и тастатура, јас одржувам во живот човечко суштество.
    За хрчењето веќе е друг муабет и јас не би сакала да ми хрчи ако хрчи :D
     
    На nevermet18, lilyen и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Изгледа само јас спијам во дневна од жените. :rofl:
    Маж ми исто хрчи ама бебето нема гајле, па си бегам јас во дневна да се одспијам, а они се во спална. И кога беше новороденче, со тоа чудните звуци што ги правеше дур спие, шкрипење, квичење, маж ми не ги регистрира, а јас будна и тогаш бегав во дневна. :$
    Ако е како мене да не може око да склопи, нека спие во дневна искрено не ми иде да го измачувам.
    Бебето си има креветче, ако бебето спие на спална и мајката малтене го избркала маж и е друг муабет.
    И јас познавам мажи кои не се никако инволвирани и да :puke:.
    Маж ми не е таков, да бил веројатно немало ни име да му знам не па да го мажам. Правам повеќе работи од што не знам да се запрам, ама он нема проблем со ништо. Едино ме нервира кога ќе ми рече, 'а срце што ќе правеше ако бев од оние мажи' (ко овие неинволвираниве) или па сака да го потапшкам по рамо и ме прашува, 'ама ти помагам нели'. Е тогаш му одржувам лекција. :D
     
  13. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Има едни прстенчиња во Јумбо што се ставаат на нос за да не хрчи. Незнам дали се ефикасни ама пробајте :) .
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Не ќе да си сама :rofl: Кога ќе заспие беба ја се цементирам пред тв у дневна, се дешава у 5 сабајле да си идам у спална :D
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Па да ама више кренав раце
     
  16. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Сериозна е темава??
    Колку таткото Помага за сопственото дете???
    Помагаааа??
     
    На Speechless, Anaroz1, H.VAGA и 11 други им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    7.280
    Детето е и на двајцата, и треба рамномерно да се делат сите обврски.

    Не е на мајката, па таткото да помага. Може да помага на другар ако сака да му го причува детето... Колку примитивно звучи насловот... Таткото мора и да готви, и да менува пелени, и да успива, и се друго што мајката прави (освен доење секако).
     
    На Tea SK, IRBBB, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    Сериозна е.Ете гледаш колку мажи постојат што тоа го сфаќаат како помош а не обврска.Ние само мислиме дека сме напреднале како цивилизација.Реалноста е поинаква.
     
    На forumce, Angie1432, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Site takvi mazhi se spermodonori, ne tatkovci.
     
    На Tea SK, haruki, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    @RainBow Имам предлог да го промениш насловот, како што го смени на таа другата тема :)