Мислам дека нема ваква тема, ако има слободно делит. Па формуџики колку време спиете, колку часа ви се потребни за убаво да се наспиете и одморите? Мене ми се потребни 10-11 часа за убаво да се наспијам и да се одморам, а ако не сум наспана убаво не можам да функционирам цел ден.
Јас има периоди кога многу малку спијам, а некогаш кома сум по цели денови, како овие денови . Од Нова Година, па наваму јас секој ден спијам до 16-17 часот, а легнувам крај 05-06 сабајле. Значи по 10-12 саати спијам. Инаку повеќе сакам да отспивам по 6-8 саати само, ама ќе се одвикнам ајде . Затоа и морам да кажам дека мене некогаш може да ми се доволни 6 саати, а некогаш и 12 ми се малку . И најважно од се, навечер не ми е проблем да седам, ама наутро да станувам
Не повеќе од 8 часа. Ретко, освен ако не сум многу уморна, па спијам некаде до 10-тина часа. Мразам кога се будам доцна и го пропуштам утрото. Не ги сфаќам оние кои спијат до 14h попладне. И само се жалат дека се ненаспани и се влечат по дома мрзеливо. Животот во спиење им поминува.
По 5 или 6 часа. Легнувам во дванаесет или еден, а станувам во 6. Сепак има денови кога ужасно ми се спие, па уште во десет навечер легнувам, ако немам некакви обврски.
И јас како Тренди . И кога сум втора смена во школо , станувам во 8 . Ако станам покасно се мислам дека нешто сум пропуштила Најкасно што сум спиела е до 1 . Повеќе не .
не сум спанка(навикната сум да се будам и во 7 часот, обично се будам кога ја слушам мајка ми кога се спрема да оди на работа) а овие неколку дена празнични си поспивам до кај 10 часот, а за навечер седење не ми е проблем, но понекогаш притисокот го кажува последниот збор-бидејки имам низок притисок и сум во кома по цел ден, ама затоа е тука капучиното да ме разбуди и освежи, а и кога сум поспана немам навика да седам дома, ниту преспивам преку ден.
И јас исто како тебе,од Нова година па наваму си легнувам 5-6 сабајле а станувам во 15-16 часот а инаку доволни ми се 8 саати за убаво да си се наспијам
Спијам колку што ми се спие. 8 саати ми се доволни, не сакам да си скратувам од сонот, џабе сум го фатила денот ако сум цел ден како ненаспан намќор. Во зависност од периодот, обврските и физичката состојба може да спијам саат или два помалку, ама после организмот ми бара да си надокнадам. После исцрпна сесија нормално дека ќе си пуштам некој саат повеќе спиење , кога имам обврски па ќе си скратам. Воглавно 8 саати ми се доволни да функционирам цел ден беспрекорно, и со 7 саати сум добра, ама со помалку од 7 саати сон , некаде околу пладне комирам, станувам фотосензитивна и нервозна.
Доволни ми се 8 часа сон за да функционирам нормално! Па така најчесто и спијам, легнувам отприлика во 2 а станувам во 10 и се чувствувам наспиено и подоготвена сум за секојдневието! Понекогаш (најчесто викенди) знам да си допуштам и повеќе часови за спиење (максимум 10 часа) а повеќе од 10 часа можам да отспијам само во исклучителни ситуации (кога денот ми бил екстра напорен, кога не сум спиела претходните денови и сл)
Па зависи,кога-како. Ако вечерта сум била излезена до касно сабајлето цело го пропуштам.Значи ако легнам во 5 сабајле станувам во 1 и нешто.Ама ова не е секој ден.Нормално станувам 9-10. Мајка ми мрази кога спијам до 1-2 и некогаш знае да ми ги крене ролетните одеднаш а да се разбудам . (спијам веднаш до прозорот)
Потребни ми се 10 - 11 часа за да се наспијам и одморам доволно,во спротивно не функционирам,не дека не ми е проблем и помалку време да спијам,меѓутоа ако не се наспијам доволно,цел ден ми е безвезе.
Вообичаено околу 6 часа, зошто немам многу време за спиење. А после испитна сесија или кога сум на одмор и знам дека немам никакви обврски, знам да спијам и по 12-13 саати. Имам приметено дека баш тогаш кога ќе се утепам од спиење, некако ептен се успивам и не можам да се расонам! Цел ден ми е тапа, па избегнувам да спијам толку. 8 часа, па и 6 ми се доволни за да можам да го поминам цел ден во обврски, а ако ептен ми се спие - мавам едно ness и се претворам во машина!
Леле и јас луѓе Најкасно до 1 и тогаш цел ден ми се чинеше дека сум го изгубила,заспана бев целата Посебно не ги разбирам луѓето што на лето спијат по цел ден..а ни тие на зима пак (многу долги деновите на зима,па ајде ќе ги преспијам цели ) И јас си станувам кај 8 и пол,9 Штом поминат 8 часа јас станата сум.Тоа ми е доволно и немам навика по цел ден да се легачам по кревети.
Не сум голема спанка. Преку недела си легнувам после 1 часот, некогаш и многу покасно и станувам во 7 и 30. За викенд кога не сум на работа си поспивам до кај 11, да го надополнам недостатокот на сон од целата недела. Инаку немам проблем со функционирањето, една јако турско кафе и денот може да започне.
Значи за спиење пропуштам многу работи знам! Ама кога ми се спие бе Спијам најмалку 12 часа....значи до 15 16 часа таман ми се...ама човек бре без работа што да прави ќе спие!! Си легнувам касно а станувам 5 6 попладне.... Еве сега се пореметив малце па почнав да станувам у 12 до 1 максимум...ама пак досадно ми е! Боље да си спијам!!
Не сум по спиењето. Преку недела обично си легнувам 12-1. А станувам 8-9. И јас не ги разбирам оние што спијат до 4-5. Мене до 12 ми е премногу а не па да доручкувам кога сите ручале. Тогаш цел ден ми е изгубен и пропуштен. Кој рано рани, две среќи граби
И повеќе од доволно Спанка сум по природа, меѓутоа за да се наспијам практикувам да си легнам порано да не ми отиде денот Сепак, од спиење нема спомени, нели?!
Хехе, моето мото Кате, од спиење нема спомени Ама нема ни од неспиење, кога си нервозна до даска, па ти иде да искршиш се околу тебе. Затоа златна средина. Од многу спиење мене глава ме боли и денот пак ми пропаѓа.