Јас дефинитивно имам "спавача болест"! Ете на пример вчера, денот ми се погоди ептен:станав во 12 поручек, бев на гости, се вратив и во 2 пак си легнав. После фино лепо си станав во 6 саатот, и така низ дома нешто мрзоволно. Потоа во 8 пак си легнав, станав во 11. И веќе во 3 ипол сабајле си легнав па станав денес во 16 и нешто. Нормално ли е ова бе?
Од понеделник до петок спијам по 9 саати, во сабота по 10, а во недела 11, како аларм сум секогаш станувам и легнувам во исто време!
Недоволно. Навечер не можам да заспијам, наутро не можам да се разбудам. Од понеделник до петок легнувам околу 3, а станувам пред 8, а за викенди легнувам уште подоцна, станувам...уф, кога ќе ме разбудат. Хаосен ми е распоредов (можам ли да го наречам распоред воопшто?), но се трудам да се средам, и ќе се средам!
Во просек околу 9 часа. Имало денови кога сум спиела само неколку часа т.е. 4/5, а има некои кога спијам 12 часа. Тоа е.