Обично рано си станувам ... 8-9 али у последно време до 11-11 ипол... изглеа дека ми е убаво ладничко и јорганчето меко ... мераци
Спиење... што е тоа? Без разлика, колку и да спијам мене ми е малку. Аку спијам неколку часа (4, 5 или 6) умирам за спиење и не можам да станам. Аку спијам околу 8 часа, пак не можам да станам, ми се спие. А аку спијам повеќе од 10 часа, ела стани ме од кревет. Мишн импосибл.
Потребни ми се минимум 6 часа за да можам да функционирам нормално, секако со помош на мала доза кофеин. Така ми е навикнат организмот, си имам стекнато рутина да легнувам околу полноќ, а да станувам во 6. Некогаш ако сум стварно преморена легнувам уште во 9. За време на викенди и слободни денови знам да си поспијам малку повеќе, па така пред некој ден спиев цели 14 саати. Ама со оправдана причина - претходниот ден бев во хаос, цел ден бев со обврски и кога се вратив дома вечерта не знаев кај се наоѓам
Некогаш многу,некогаш малку... Никако да најдам средина,а во последно враме за спиење и бебињата мислам дека ми се љубоморни.
Пааа може да се каже од 10 до 12 часа во просек а некогаш ако не ми се доволни после спиење легнувам да оморам уште некојјј сааттт
Порано повеќе спиев, сега некако го расцепкав спиењето, кога се враќам од работа знам да си поспијам и три-четири часа а навечер еве како синојка заспав во три се разбудив 10 до 6, сон од нецели три часа и сега сум како гроги ниту кафе не ме спасува, само секс може да помогне во случајов сега и веднаш и одма
И јас спијам во просек 12 часа ама најубаво ми е кога ке си се наспијам да си се одморам и после цел ден и покрај сите обврски сум си релаксирана
12-15 саати Не се глупирај дете, не е здраво да сппиеш толку саати, ем тоа денот во спиење го поминуваш! не денот животот намали по итно барем на 10. За здрав живот и организам доволно е 8 саати спиење, некои научници препорачуваат 6, но мене тоа ми е премалку! Јас имав навикада спијам 10, но со факултетов нема време за се друго па морав да се навикнам на 8, а некогаш и помалку! Мене не ми стигаат 24 часа во денот, па уште да трошам 14 на спиење! NO WAY!
Сум забележала дека кога спијам 8 саати, секогаш ама секогаш сум уморна и неспособна цел ден.Подобро функционирам со 6 отколку 8 саати спиење, а зашто не знам. Инаку кога треба рано да станам се фаќаат околу 6-7, ама попладне обавезно спијам.Инаку и докај 10-11 знам да си затерам
Јас мислам дека се е навика! Искрено и мене ми ми се има случено тоа порано кога спојам докај 6 не ми се спие толку, ама на 7-8 секогаш се будам кога ми е најслаткото Пробај секој ден да стануваш и легнуваш во исто време, мене ми користеше ова, и се навикнав и сега 8 ми се тамн. Али во секој случај подобро 6-7 отколку 14 Шок ме удри кога прочитав мислења од некои феминки кои спијат по 14 саати!
За спиењето нема правило, тоа е исто како да кажеш сите утре да јадат иста храна во иста количина. Секој организам си е посебен, а научниците многу работи викаат па не држи се вода. Јас спиев по 8-9 саати и бев прилично ок, сега спијам по 5-6 и почнав да пропаѓам. Под итно морам да си се вратам на стар режим затоа што осеќам дека не сум баш во најдобра форма. Лека ноќ!