Јас обично спијам по 9 саати...а сега откако тргнавме нашколо по 6 саати отприлика или 5,и секогаш на часевите паѓам за спиење и дома кога си идам преспивам 2 саата
Јас не можам да спијам! Значи не знам што се случува со мене!!! Секој ден се будам во 7 наутро..и ете сега е веке 12 и 30 мене се уште не ми се спие.. Што да се прави?
Последнава недела сум во очите ко игуана Малку ми се 6 часа спиење, али заради тестовите...да ги ебам инаку по 9 часа најмалку
Може да се каже дека сакам да спијам. Омилена активност после сексот, тоа е нели но.1 Иако некои викаат дека сум спанка, јас мислам дека спијам сосема доволно. Се водам по една моја теорија, според која, неодморен мозок е нефункционален мозок. И до сега се покажало како точно. Со 9 часа спиење можам да функционирам солидно, ама таман ми се 10 часа. Знам и 12 да ги отспијам кога немам обврски. Со помалку од 8 часа спиење сум Луцифер. Не ме дирај и нема да те гризнам.
Од 5 до 9 саати и тоа најчесто преку викенд кога не сум на работа. Збеснат метаболизам. Едноставно е, така функционирам. Навечер пред 01 јас не можам да замислам дека спијам, не ми се спие. Не се сеќавам кога последен пат сум си легнала во пристојно време, а со оглед дека се будам во 07 часот за да се спремам нели со сите салтанати автоматски јас сум што би рекла мајка ми жива ненаспана Ама, навикната сум, таман ми се тие просечни 6-7 часа спиење. Кога ќе се сетам дека во моите тинејџерски денови имав моменти со по 15 часовно спијачко дејство не ми е верно дека тоа сум била јас
Ќе си се цитирам сама себе, и ќе кажам дека можам да функционирам и со помалку од 6 часа спиење. Тоа го открив во оваа колоквиумска, кога останував да учам до 2ипол-3, а станував во 6 и одев на полагање од 8ипол. Станував без проблем, а одма после доручекот пиев јако нес кафе. Не е здраво, знам, некогаш ме маваа тахикардии до раб на несвестица. Ама си ветив дека почнувајќи од викендов, ќе поработам на враќање на мојот биоритам во нормала.
Порано спиев по 10-12 цели часа, и уживав во тоа, но воопшто немав енергија за ништо. Во овој период спијам само по ниаккви 4-5 часа. И 5 кога ке ги спијам, сум среќна за да издржам наредниот ден. Сепак се многу малку, и многу неодморена и неровзна се чувствувам, посебно попладне, зошто не преспивам тогаш ме фаќаат кризите. Секој викенд си викам, ееее сега има да се изнаспијам, и оп во сабота сабалје како некој пензионер уште од 6-7 часот, очите филџани ококорениа сум легнала во 12-1 ноќта. Стресс Стресс...
Дали ќе спијам 2 или 12 сааати мене ми е исто .. коа ке спијам 2 саати после ми се спие..а исто и коа ке спијам 12 саати! цел ден се прозевам и така и така!!! природно си иам подочњаци така да .. .. ама кога и да треба да станам.. колку време и да сум спиела..секогаш си викам ај уште 5 мин.ај уште 5..и на крај глеам поминале 2 саати .. и прво сакам да си се истегнам у кревет..да си се излежавам па на крај ќе станам!! хаахах
Преку работната недела спијам по 3 до 4 часа. Легнувам во 3 а станувам во 6ипол или 7 Хронично ненаспана сум Со душа го чекам викендот со надеж дека ќе спијам повеќе но, и тогаш се наоѓа некој кој ме буди во 9 или 10.. Спиење за мене нема
Најдобро функционирам кога спијам 5 часа, и сметам толку ми се доволно, но ако си дозволам за викенд да спијам повеќе ми пропадна викендот.